Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Почитувани,

Написот во Македонски хералд е даден заедно со името на авторот на истиот.

Што се однесува до датумот (или личноста), ќе стапам во контакт со Грчев за да видам за каква грешка станува збор. Тоа веројатно е мој пропуст бидејќи јас како уредник требаше да реагирам на овој очигледен пропуст пред објавувањето на електронското издание.

Написот има огромно значење поради тоа што за прв пат јавно ги открива случувањата околу процесот околу промената на знамето, особено околу моментот на идејни решенија.Тоа е од огромен интерес за историјата, особено за онаа на македонските симболи.

Прашањето ми беше дали она што сега е избрано за знаме на Република Македонија е најдобро од другите понудени работни решенија, од дизајнерска перспектива.

Мислам дека можеби, сепак, тука е место за оваа тема иако таа е, поточно, вексилилошка.:)
Со сета почит кон тоа што го работите но мислам дека е малку понижувачки да се прашува „кое „зло„ најмногу ви се допаѓа?„ Знамето не е прашање на дизајн туку прашање на историја, идентитет и поистоветување. Во новокомпонованото знаме нема ништо од тоа. Македонија не е држава створена 1995 па да ни измислуват знамиња. Јас никогаш нема да поминам преку тоа дека некој се дрзнал да го промени знамето а уште пак помалку имам желба да размислувам на темата кое од „новокомпонованите„ и насилно иснудени предлози ми се допаѓа. Одговорот секогаш ќе биде НИЕДНО си го сакам она знаме со кое пораснав и кое за мене е единственото знаме на Македонија. Но сепак добро е што некој се обидува да ја дознае вистината за промената на знамето ако не од друг туку од историски аспект.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Во право сте кога велите дека знамето како симбол е прашање на историја, идентитет и поистоветување. Тука токму збруваме за историјата на конкретни знамиња.

Претпоставувам знаете дека знамето на Република Македонија во периодот од 1992-1995 го исцрта, т.е ги оредели пропорциите и го утврди графичкиот стандард токму Грчев по идеја на Тодор Петров. Грчев е автор и на дизајнот на грбот со лав во 1994 г. дизајн кој за малку ќе станеше и државен грб. Веројатно затоа и тој беше избран да направи дизајн на новото знаме.

Сметам дека е престрого Грчев да се смета одговорен за промената на знамето. Знамето го сменија сите оние кои гласаа во парламентот. А предлогот за промена дојде од владата.

Прашањето зошто го сторија тоа е потешко да се одговори. Според мене, има две причини:

Опстанокот на државата, односно перцепцијата за истиот. За градење држава се потребни пари. Кога Македонија се осамостои, во Народна банка имаше пари само за дневно работење а другите пари беа во Белград. Е тие пари што беа тука беа доволни за двомесечни потреби од аспирин. Никој аналитичар не сметаше дека Македонија ќе преживе повеќе од 6 месеци. Ова понатаму продолжуваше со ембаргото од север и југ. Тогашното раководство сметало дека опстанокот на државата надвор од механизмите на ОН и нејзините организации е доведено во прашање.

Социјалистите кои беа на власт никогаш не ги разбирале ниту пак ценеле симболите, па така промената на знамето за влез во ОН било најлесно решение, во споредба со сите други. Со други зборови, за владата и парламентот, идентитетот и поистоветувањето биле на пониско место од опстаноткот на државата.

Кога станува збор за идентитетот и поистоветувањето, мене лично многу ми смета што луѓе не го почитуваат државното знаме. Го исмејуваат, го нарекуваат со погрдни имиња. Под тоа знаме паднаа и жртви на браникот на татковината, првите жртви под Македонско државно знаме. Колку и да звучи морбидно и нецивилизирано, но токму пролеаната крв под едно знаме го прави тоа знаме значајно.

Колкумина паднаа под знамето со ѕвездата од Кутлеш?

Мора да имаме респект кон знамето под кое се роди самостојна Македонија. Сонцето е неразделен дел од историјата на Македонија и засекогаш ќе остане наш симбол. Но не смееме во никој случај да го понижуваме нашето државно знаме. Се чудиме зошто некои не го истакнуваат туку истакнуваат туѓи знамиња, а забораваме дека ние самите не го почитуваме сопственто знаме.

Аргументацијата за пристрасноста и почитување на знамето со сонцето од Верина не смее да биде преку исмејување на знамето сопствената држава.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не се работи за пристрасност туку праведност и верност.

Знамето на Македонија со 16 кракото сонце беше избрано слободно, согласно волјата на народот и тоа е знамето со кое се идентификуваме.

Ова сегашново е присилно наметнато, пропратено со многу нејасни одлуки и настани и секогаш ќе биде потсетник за капитулацијата на тогашниот политички естаблишмент на Македонија, кој не успеа да го зачува знамето на сопствената држава.
Да не заборавиме дека голем дел од Македонците, никогаш не го прифатиле новото знаме.

Државното знаме треба да се почитува, поради својата намена, не треба да се омаловажува и во тоа можам да се согласам. Сепак не е праведно да се форсира заборав на 16-кракото знаме за да може сегашното да го заземе негово место.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
па спрема другите можни верзии вентилаторот е подобар...од дизајнерска перспектива...
и оваа верзија е добра...слична на ѕвездата од Кутлеш
Нешто слично, само преполовено и без централниот круг може да се види на грбот и знамето на општина Ѓорче Петров:
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150

Конечно грбовникот на Коренич Неорич од 1595 година во мои раце. По моето предавање во Загреб за гровите на Македонија, ја имав таа можност да го прегледам овој значаен грбовник со свои очи. И навистина, сите репродукции кои сум ги видел не се ни близу до убавината на оригиналот.
Белградскиот грбовник 2 од 1620 година, најубавиот од сите, се уште не сум го видел. Пред некоја година е објавено фототипно издание во лимитирани 299 нумерирани копии кои чинат ни помалку ни повеќ туку 1000 евра.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Нешто слично, само преполовено и без централниот круг може да се види на грбот и знамето на општина Ѓорче Петров:
Знамето на Општина Илинден, 12те крака ги симболизираат 12те населени места во општината



иначе чисто онака да спомнам, кога ќе влезете во општината ќе се сретнете со ова знаме покрај автопатот...

 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
16 Роденден на Знамето на Република Македонија


На 5.10.1995 година на 27. седницата на Собранието на Република Македонија, со 110 гласови за, еден против и 4 воздржани се усвои Законот за знаме на Република Македонија. На расправата учествуваа само Сали Рамадани, кои бараше Законот да гласи за знамињата на Република Македонија, имајќи ги во предвид и знамињата на националностите во Македонија.

Вториот учесник во расправата беше Томислав Стојановски, кој истапи со сопствен предлог на знаме кој го покажа пред пратениците, на црвена основа три златни зраци, кои ја преставуваат македонската дијаспора во Европа, Америка и Австралија. Двата предлога не беа прифатени.

Целата седница, во која беше прифатена и декларација за осуда на атентатот врз претседателот Киро Глигоров, траеше 40 минути, што значи дека сите пратенички групи претходно имаа постигната согласност за промена на државното знаме.

Членот 2 од законот гласи: „Знамето на Република Македонија е црвено со златно – жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.“

Во прилог е даден и ликовно графички приказ на знамето.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339

На 5.10.1995 година на 27. седницата на Собранието на Република Македонија, со 110 гласови за, еден против и 4 воздржани се усвои Законот за знаме на Република Македонија.
Среќен роденден на знамето, туку ликовно графичкиот приказ е погрешен (да се чита: нецелосно соодветствува со текстот од законот) и тоа не само овде туку и во службениот весник.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Ова ликовно решение е земено токму од службен весник, и како такво е официјално, бидејќи самиот закон не дефинира доста од елементите туку тие се решаваат со графичко- ликовниот приказ.

Текстот во законот дава само две информации, а тоа е дека одност на страните на знамето се 1:2 и дека радиусот на дискот е 1/7 од должината на знамето. Третата понудена информација за вкрстување на зраците по хоризонтала, вертикала и дијагонала, не кажува баш многу.

Начинот на кој се „вкрстуваат “ зраците може да им а мал милион. На ова конкретно ликовно графичко решение зраците се „вкрстуваат“ на помошна кружница, внатре во самиот диск, со дијаметар d/8 од дискот.
тоа се некои остатоци од оригиналниот дизајн на Грчев, освен што најкратките зраци, вертикалните се сечат на помошната кружница пред да минат низ дискот.

одвојувањето на краците од дискот е исто за d/8

Ах, да дискот тука не е токму 1/7 од должината, отстапува малку. ;)
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Јасно и токму во тоа се состои проблемот дека дизајнот е од Службен весник, а не соодветствува со текстот од законот.

Има отстапки и тоа не се микронски, ќе го образложам само ќе треба прво да исцртам.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Ова не е знаме, ова е вентилатор симбол на капитулција. Да го вееш и да се гордееш со овој симбол е исто како да се гордееш со референцата која ни ја наметна ЕУ.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
еве ја (ре)конструкцијата на ова знаме од службен весник.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Дали приказот како знамето да се реконструира (конкретната слика) е од Службен весник (и ако е од која година, број, пошто очигледно не е од 1995та) или е нова неофицијална реконструкција според ликовно-графичкиот приказ на знамето кое е во Службениот весник (1995 год)?

Законот вели:

"...Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала..."

Според ликовно-графичкиот приказ на знамето од Службен весник по хоризонтала се вкрстуваат (мали отстапки се занемарени)

Ама не и по вертикала (се гледа и од шемата што ја имаш дадено)

И по дијагонала не се вкрстуваат.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719

Kajgana Shop

На врв Bottom