Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
баш така, плус додавка партизанските движења во трите дела на Македонија (нешто во стилот на знамето на Војводина)^^^Во врска со трите ѕвезди од предлог-грбот би кажал дека и на знамето присутно на основачкото собрание на една голема македонска партија исто така имаше три ѕвездии и тие ги симболизираа трите дела на Македонија.
Поздрав од Америка,
Од незнам кои причини кејблтел од дома не ми дозволува пристап на кајгана, до сега мислев дека тоа е од кајгана.
Во првата недела од Август, во Вашингтон ќе се одржи 24 Меѓународен конгрес по вексилологија, на кој ќе се одржи и генералното собрание на FIAV , Меѓународната федерација на Вексилолошки здруженија, на која и Македонското Хералдичко Здружение ќе стане полноправен член.
По тој повод излегува и 5 број на Македонски Хералд, во кој главна тема е вексилологијата, науката за знамињата. Овој број ексклузивно го донесе и написот на Мирослав Грчев, во кој тој за првпат ќе проговори околу процесот на изнаоѓање на новиот дизајн на државно знаме за Република Македонија во 1995 година. Написот изобилува и со проекти за знаме како и фази на проектот на денешното знаме.
Околу господинот Мирослав Грчев и неговата дејност можам да кажам само едно = Ако написот што ќе го објавиш е во форма на интервју со него, најарен наслов би бил "Отворено со човекот што го уби македонското знаме"
Не сакам ни да споменам што се има тоа човече изнакажано и начкрапано во последниве години...
Поздрав од Америка,
Од незнам кои причини кејблтел од дома не ми дозволува пристап на кајгана, до сега мислев дека тоа е од кајгана.
Во првата недела од Август, во Вашингтон ќе се одржи 24 Меѓународен конгрес по вексилологија, на кој ќе се одржи и генералното собрание на FIAV , Меѓународната федерација на Вексилолошки здруженија, на која и Македонското Хералдичко Здружение ќе стане полноправен член.
По тој повод излегува и 5 број на Македонски Хералд, во кој главна тема е вексилологијата, науката за знамињата. Овој број ексклузивно го донесе и написот на Мирослав Грчев, во кој тој за првпат ќе проговори околу процесот на изнаоѓање на новиот дизајн на државно знаме за Република Македонија во 1995 година. Написот изобилува и со проекти за знаме како и фази на проектот на денешното знаме.
п.с.
Кој е тој симбол на СМК?
Ако е лавот, тогаш можам да кажам дека тоа е најубавото хералдичко решение што го имам видено. Незнам зошто но долувува токму се што треба... естетски, историски, македонски... единствено не ми се допаѓа делот каде што се дели опашката (можело посиметрично) ама како Македонец секогаш ќе наоѓам забелешки.
Поздрав.![]()
jonovski, пак ќе се повторам и ќе ти посакам се најдобро во работата и промоцијата на македонските хералдички вредности, арно ама јас не можам ни под разно да седам и давам некакви си мислења и споделувам впечатоци за тоа кои предлози од перото на мистер Грчев ми се одпаѓаат или не за наши национални симболи, божем е ова пазар па ќе се наддаваме сега кој колку, како, што...Веројатно некои од вас успеа да го видат Македонски хералд. Ме интересира како ви се допаѓаат почетните предлози за грб и знаме, ако може од чисто од естетска и идејна природа, без да преовладува нападот врз Грчев, кој сепак е автор на најдобриот предлог за грб на РМ, кој за малку ќе беше избран, оној што подоцна го зеде СМК, кој потоа го постави и на друг штит Петров како симбол на партијата што ја формира.