Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Дали е и ова некоја верзија на Грбот на Александар Македонски? Ја најдов единствено како слика на една хералдичка страница (без никакво објаснување), заедно со Грб на кој е претставен црн орел на жолт штит (а тоа е Грбот на Цезар, а овие два грба ги прикажуваат секогаш заедно):






До него беше овој Грб



Грбовите на Цезар и Александар
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Неспорно е, изгледа, дека грб на Александар Македонски бил лавот, без разлика во каква изведба. Од тие причини го среќаваме на многу прикази каде што е прикажан и Александар, дури и неговиот шлем бил изработен во вид на лавја глава со отворена челуст.
Исто како и денес, грбот (лавот) е сопственост и карактеристика на владетелското семејство, а знамето (сонцето) е ознака на територијата на државата Македонија. Затоа и ковчегот со посмртни останки пронајден во Кутлеш има ногарки во вид на лавји шепи, а врз капакот е 16-токракото сонце. Тоа значи дека на Лавот (владетелот) се крепи сонцето (државата). Всушност : Владетелот е основа на државата.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Неспорно е, изгледа, дека грб на Александар Македонски бил лавот, без разлика во каква изведба. Од тие причини го среќаваме на многу прикази каде што е прикажан и Александар, дури и неговиот шлем бил изработен во вид на лавја глава со отворена челуст.
Исто како и денес, грбот (лавот) е сопственост и карактеристика на владетелското семејство, а знамето (сонцето) е ознака на територијата на државата Македонија. Затоа и ковчегот со посмртни останки пронајден во Кутлеш има ногарки во вид на лавји шепи, а врз капакот е 16-токракото сонце. Тоа значи дека на Лавот (владетелот) се крепи сонцето (државата). Всушност : Владетелот е основа на државата.
Хералдиката е наука која се развива во развиениот среден век, што ќе рече 1500 години после Александар. Очигледно дека претставата за Александар и неговиот Грб е создадена во истиот тој среден век. На овие слики тој е претставен во оклоп карактеристичен за тој временски период, со физички иглед исто така карактеристичен за тој период. Е кога требало да го претстават неговиот Грб, за кој сигурно немале податоци од антиката (можеби бидејќи во тоа време Грбови во денешна смисла на зборот не постоеле), морале да стават нешто што најблиску ќе го претставува него. А тоа е - грбот на неговата земја - Македонија. Секако, малку видоизменет. На лавот од Македонскиот грб му додале копје/сабја и го ставиле на престол - симбол за цар. Значи, ако Грбот на Македонија е златно-жолт лав на црвен штит, Грбот на нејзиот цар би бил златно-жолт лав седнат на престол на црвен штит. Така јас ги разбрав работите.

Патем, еве ја страната на која ги најдов овие два Грбови. Очекувам ова да го истражи некој што е поучен од мене:

http://www.silverdragon.org/HERALDRY/CloistHrld.html
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Иако немало во антиката (не мислам на ракијата:)) грбови онакви како што се претставувани во средниот век, сепак, имало симболи кои што ги карактеризирале владетелите и државите (и одредени еснафи и занаетчии). Сето е задржано до ден-денес во многу малку видоизменета форма. Симболиката во животот е многу застапена. Некогаш, во древноста, при многу неписмени луѓе таа била уште повеќе важна (не можеле фирма да напишат и некој да прочита дека е тоа претседател или крал “тој и тој“, но можеле да го стават неговиот карактеристичен симбол.
Дури и самиот чин на прогласување на царот бил преполн со симболика. На пример, Македонските владетели биле прогласувани со подигање врз штит на кого било претставено (изгравирано) Македонското Сонце (на оние што ги читале стриповите со Астерикс, им е јасно како изгледало тоа). Тоа бил чин преполн со симболика.
Штитот се викал Егида, а градот се викал Еге, исто онака како што денес оној град каде што се наоѓа престолот на владетелот се вика престолнина.
Исто така, со Македонското завладување на скоро целиот познат свет (или барем она што вредело да се владее), лавјиот симбол добива крила од орел (некои прикази се и со орлова глава и канџи) па станува Грифон. Со тоа се сакало да се прикаже апсолутната власт на Македонскиот владетел кој бил господар и на небото и на земјата, исто како што Лавот е господар на земјата, а орелот е господар на небото. Со тоа, тој ги поседува нивната снага и остер орловски вид со кој гледа се и надвладува се... Подоцна, Грифонот станува симбол на Исус Христос со кој се покажува истото нешто : -господар и на небото и на земјата. Затоа, Грифонот го има претставено во повеќе цркви (на пр. го има претставено под потпирките за раце од Владичиниот стол во црквата Св. Кирил и Методи (Параклис) во гр. Прилеп).
Затоа, не би требало априори да се отфрлаат некои симболи, затоа што сите тие биле во одреден период или прилика важни и репрезентативни за Македонскиот народ. Најпознат и најексплоатиран е сепак жолтиот лав на црвен штит, но и покрај тоа треба добро да се осмисли и да се одбере сепак оној симбол кој најдобро ќе ја поврзе и претстави целокупноста на Македонскиот народ, историја и географска целина. Не смее да се одбере симбол кој е карактеристичен само за одреден период од нашата историја (како што е актуелниот). Како најсоодветен симбол е златножолтиот лав (дали ќе биде со крила или не - лавот си е лав, приказот не менува многу, како што не менува многу и промената на знамето од 16 на 8 краци, дури, осмокракото сонце испадна дека е уште постар симбол од 16-кракото сонце). Свесен сум дека и најмалиот знак во грбот значи нешто и распоредувањето на елементите во него си има свои правила, но сепак, главниот елемент треба да биде лавот (или грифонот - со крила или не : лавот си е лав! :wink:)
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Дали е и ова некоја верзија на Грбот на Александар Македонски? Ја најдов единствено како слика на една хералдичка страница (без никакво објаснување), заедно со Грб на кој е претставен црн орел на жолт штит (а тоа е Грбот на Цезар, а овие два грба ги прикажуваат секогаш заедно):






До него беше овој Грб



Грбовите на Цезар и Александар
Се работи за таписерија од јужна Холандија од почеток на 15ти век. Денес мислам дека е во Њујорк, ама тоа и не е баш важо имаки предвид дека грбот со лавот не е на Александар! а на Хектор од Троја.

Оригинално биле 9 грба на деветтемина достојни (имам пишано за ова) но колку шо знам до денес зачувани се само 5. Грбот на Александар не е меѓу нив
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Се работи за таписерија од јужна Холандија од почеток на 15ти век. Денес мислам дека е во Њујорк, ама тоа и не е баш важо имаки предвид дека грбот со лавот не е на Александар! а на Хектор од Троја.

Оригинално биле 9 грба на деветтемина достојни (имам пишано за ова) но колку шо знам до денес зачувани се само 5. Грбот на Александар не е меѓу нив
Сега немам време, но ќе постирам утре... за 9тмината има многу забуна и многу често се смешани грбовите на Хектор-Александар (Лавот на трон со трите круни за Александар) и Артур-Александар (Трите златни круни на сина позадина). Ова го пишува еден автор (не ми текнува сега), ќе постирам веднаш штом можам.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Сега немам време, но ќе постирам утре... за 9тмината има многу забуна и многу често се смешани грбовите на Хектор-Александар (Лавот на трон со трите круни за Александар) и Артур-Александар (Трите златни круни на сина позадина). Ова го пишува еден автор (не ми текнува сега), ќе постирам веднаш штом можам.
Авторот за којшто не ти текнува е Јоновски, јас ко што и имам пишано назад за ова тврдење баш и не се согласувам, поради не малиот број на грбови на Александар со тој мотив.

Колку што знам официјално е прифатено дека конкретниот грб е на Хектор. А за забуна Хектор Александар - грбот на Александар е со воена секира во рака, а на Хектор со меч.

Повели грб на Хектор десно и е со меч
http://documents-mk.blogspot.com/2009/07/16.html

Исто и овде
http://documents-mk.blogspot.com/2009/03/1466-73.html

има и други ама мислам доволно е.

Грбот на Александар колку шо знам секогаш кога е со оружје е со воена секира (не со меч). Исклучок е сликата од Братот на претходната страна од темава, ама за неа мислам дека е нова интерпретација и затоа се смешани секирата и мечот.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
The very last medieval Serbian dynasty, the Brankovics ruled Serbia until the Turks conquered the country.

This representation is taken from Lazar Brankovic's seal from 1457.


BrankovicCoatofArms.jpg
http://www.rodoslovlje.com/medieval_serbia/eng/families-brankovics.htm

Младен од Охрид (татко на Бранко Младеновиќ)
Бранко Младеновиќ (основач на фамилијата Бранковиќ, роден во Охрид)


Branko Mladenović (Serbian: Бранко Младеновић) was a 14th-century Serb feudal lord in the Lake Ohrid border region (Old Serbia) in 1346 between the Serb lands ruled by Stefan Dušan (Branko nominally recognized Uroš suzerainty) and Albanian lands ruled by Matarango. He succeeded his father the deputy of Ohrid Mladen as sebastokrator by the late Serbian Emperor Stefan Dušan and held Ohrid.

http://en.wikipedia.org/wiki/Branko_Mladenović


Секако се забележува македонскиот лав во семејниот грб на Бранковичи.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Интересно откритие.

Although there are some variations two symbols are constant: bull's horns and lion en passant. Most likely they adopted bull's horns from the Lazarevics where they wanted to pint out that they were the legal successors of those rulers.
Лавот има хералдиска (и историска) традиција за Македонија. А објаснувањето што го нудат од сајтот за роговите нездолжително е точно.

Еве грб на Македонија (десно): Тојага меѓу два волоски рога (картата на Винченцо Коронели од 1692 година, откриена од Јоновски)



На многу илустрации на коњот на Александар - Букефал има насликано глава на бик со рогови (па и името му тоа значи), пример




Александар неретко (пр. монети од Лисимах) е прикажан со рог (рог на Амон),

 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Суровицата (“тојага“) е симбол на Херакле, митолошкиот предок на Македонците (најверојатно реална историска личност, или повеќе личности кои го носеле тоа име - името Херакле всушност значи “славен јунак“ : “Херо“ значи Херој, Герој = борец, јунак; а “Кле(о)“ значи : слава, прославен (клицање, прокламација) и слично).
Роговите се симбол на Боговите од соодветната епоха на Бик или Овен, симбол на машката моќ, сила и симбол на предводникот, водачот (водачот на стадото - “алфа“ овен или бик - симболички претставен, пренесен врз водачот на луѓето).
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Да тоа е таписерија која се наогја во Њу Јорк, која требаше да отидам и да ја истражам. Министерството за култура најнапред го одобри проектот, но само со 20% од предложениот буџет да до овој момент не даде ни денар. Овој проект требаше да опфати истражување на уште два непознати грбовници во Европа, но колку пари толку музика. Добор е бар што го има интернетот како поефтина алатка за информирање но не секогаш доволно веродостојно за научно истражување.

Сепак, на 29 Конгрес за хералдички и генеолошки науки во Штудгарт имаше еден приватен издавач на репринти на стари грбовници од приватни колекции (значи недостапни за јавноста уште помалку за интернетот) кои беа по прилично голема цена, што е и разбирливо за малите тиражи на репринтите и сложената технологија за справување со вакви стари ретки и бесценети ракописи. Сепак успеав до да набавам едно дело кое содржи доста информации за грбовите и симболите на Александар, и откако ке ги систематизирам и проучам, ќе бидат објавени и так адостапни за македонската и светска јавност.

--- надополнето ---

Излезе четвртиот број на „Македонски Хералд“ [SIZE=-1]


Излезе новиот број на „Македонски Хералд“ кој ја прекина досегашната традиција на излегување на две години. Се надеваме дека годината што помина од објавувањето на претходниот број ќе се намали уште повеќе.

Електронската верзија достапна на Македонски Хералд бр. 4
[/SIZE]
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Средбата на Александар Велики и Диоген - 17ти век. Денес се чува во Лувр

Поврзано со темава е дека еден од војниците во заднина на штитот има аплицирано лав (исто и на Букефал има лавовска кожа)

 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Поздрав од Америка,

Од незнам кои причини кејблтел од дома не ми дозволува пристап на кајгана, до сега мислев дека тоа е од кајгана.

Во првата недела од Август, во Вашингтон ќе се одржи 24 Меѓународен конгрес по вексилологија, на кој ќе се одржи и генералното собрание на FIAV , Меѓународната федерација на Вексилолошки здруженија, на која и Македонското Хералдичко Здружение ќе стане полноправен член.

По тој повод излегува и 5 број на Македонски Хералд, во кој главна тема е вексилологијата, науката за знамињата. Овој број ексклузивно го донесе и написот на Мирослав Грчев, во кој тој за првпат ќе проговори околу процесот на изнаоѓање на новиот дизајн на државно знаме за Република Македонија во 1995 година. Написот изобилува и со проекти за знаме како и фази на проектот на денешното знаме.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Благодариме за информациите Јоновски, се надевам достојно ќе не претставите на ова собрание.

Се надевам дека 5-от број ќе излезе и во електронска верзија за поголема пристапност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom