Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Таблите со државниот грб на Република Македонија наскоро ќе бидат отстранети од сите државни институции и на нивно место ќе бидат поставени нови без црвената петокрака. До влезот на Македонија во ЕУ на местото на петокраката нема да биде поставен друг симбол.
Ова следува по одлуката на Владата од четвртокот за промена на грбот. Претходно, пратениците во Собранието со двотретинско мнозинство ќе треба да ја поддржат владината одлука. Граѓаните пак нема да имаат обврска веднаш да вадат нови лични документи. Тоа ќе се одвива сукцесивно, односно по истекот на старите лични карти и пасоши, граѓаните ќе добијат нови со државен грб без петокрака.
Сите политички партии во Собранието освен Нова Демократија на Имер Селмани се за смена на државниот грб. Оваа партија смета дека треба да постои мултиетнички грб и дека сега се прават само козметички измени.
Коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сметаат дека на овој начин се раскинуваат сите врски со минатиот режим и дека Македонија е последната држава во Европа која ја нема отстрането ѕвездата петокрака од своите државни симболи.
-На овој начин расчистуваме со претходниот систем кој е во потполна спротивност со вредностите на овој систем и аспирациите за членство во ЕУ. Тоа нема да придонесе за подривање во општеството. Ова е адекватно и разумно решение, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
И Сафет Незири од ДУИ рече дека отстранувањето на петокраката претставува збогување со минатото и комунистичкиот систем. Токму ДУИ пред две години кога беше во опозиција го одби овој предлог. Оваа партија сметаше дека државниот грб треба да ја отсликува етничката структура на Македонија.
-Овој грб е прифатлив бидејќи во него нема доминантни елементи на било која етничка заедница. Не се откажуваме од нашите поранешни идеи. Ќе ги разгледаме сите предлози кои ќе пристигнат, изјави Незири.
Опозициските СДСМ и ЛДП го прифаќаат предлогот за промена на грбот, но не и начинот на кој е донесена одлуката. Социјал-демократите сметаат дека оваа одлука претходно требало да биде ставена на одобрување пред граѓаните.
-За СДСМ нема проблем. Ние ќе го поддржиме предлогот. Проблем е начинот на кој тоа се прави. Ова не е грб на Груевски и Ахмети туку на Република Македонија и на граѓаните. Тие требаше да бидат вклучени, вели Цветанка Иванова од СДСМ.
Државниот грб на Македонија датира од 1946 година. Тој ги претставува пејзажните карактеристики на Македонија, планините, реките, сонцето, полињата. Го дизајнирал Василије Поповиќ-Цицо, заедно со грбовите на другите републики на поранешна Југославија.

Eве колку се паметни нашите политичари. Ќе го менуваат и грбот систематски изгледа, прво петокраката, оти се ослободивме од комунизмот, после афионот оти веќе не се сее, па Вардар кога ќе пресуши, Пирин го заборавив тој е веќе во блгарија, и на крај сонцето кога ќе престане да не грее. Ебатте глупаците , незнам зошто ве гласаме, грб еден не знаете да поставите, па држава ќе водите.
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ма за каква мултиетничка работа и незнам какви други непотребни работи зборувате?

АЛО НА ЛАВОТ ПИШУВА „МАКЕДОНИЈА“ значи земјата. Не пишува Македонци, Албанци, Марсовци, Кенијци... Македонија... значи земјата. Значи тој симбол е симбол на МАКЕДОНИЈА... Сега што ние Македонците си го користиме, сега што да правам... си ја сакаме земјата. :smir:



И мислам дека подобар модернизиран грб од овој неможеме да измислиме

Во право си, на кој и да го покажам секој му се диви. Многу моќно изгледа.
 
S

smart ass

Гостин
јас мислам дека би одговарало шеснаесеткракото сонце наместо звезда а и лавот може да го ставиме...во центарот на фузијата:)

Ма за каква мултиетничка работа и незнам какви други непотребни работи зборувате?

АЛО НА ЛАВОТ ПИШУВА „МАКЕДОНИЈА“ значи земјата. Не пишува Македонци, Албанци, Марсовци, Кенијци... Македонија... значи земјата. Значи тој симбол е симбол на МАКЕДОНИЈА... Сега што ние Македонците си го користиме, сега што да правам... си ја сакаме земјата. :smir:



Во право си, на кој и да го покажам секој му се диви. Многу моќно изгледа.
навистина нема основ за некаков си мултиетнички грб,тоа е апсурдно а и македонија не била мултиетничка секогаш плус нација се ствара со еден симбол,еднен грб и албанец и македонец и србин да се гордеат во земјата во која живеат се разбира ако гледаме од аспект на народ тогаш имаме македонци,албанци...но како нација треба сите да бидеме ЕДНА МАКЕДОНСКА.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Албанците си го користат нивното знаме со орелот во Р. Македонија, тоа е повеќе од доволно! Не верувам дека во други земји е тоа дозволено и ако е , не е во многу тоа сигурно. Ова менување на грбот е смешно, ќе ја отстранат само петокраката, па гледам дека некои жалат дури и за тоа како важен дел од нашата историја :nesvest:... Не сме баш многу нормални нели !
Јас незнам што толку ни ги има оштетено мозоците.
Сепак ова е срам , за владата , за народот на Р. Македонија и за сите партии кои се согласни со ваква „голема“ промена на грбот на Македонија.
А да собереме едно 100.000 потписи низ Македонија за тотално нов грб (мислам на ЛАВОТ) дали ќе биде валидно ?
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Албанците си го користат нивното знаме со орелот во Р. Македонија, тоа е повеќе од доволно! Не верувам дека во други земји е тоа дозволено и ако е , не е во многу тоа сигурно. Ова менување на грбот е смешно, ќе ја отстранат само петокраката, па гледам дека некои жалат дури и за тоа како важен дел од нашата историја :nesvest:... Не сме баш многу нормални нели !
Јас незнам што толку ни ги има оштетено мозоците.
Сепак ова е срам , за владата , за народот на Р. Македонија и за сите партии кои се согласни со ваква „голема“ промена на грбот на Македонија.
А да собереме едно 100.000 потписи низ Македонија за тотално нов грб (мислам на ЛАВОТ) дали ќе биде валидно ?
Ги гледав грбовите на соседните земји и Македонија е последна што ја острани петокраката, дури и Србија ја нема веќе во нивниот, па ако не друго редно време беше не сме комунистичка/социјалистичка земја па имаме петокрака.





А за друга помена самиот дизајн во целост треба да се смени. Јас сум да се земе еден древен македонски штит (овој симбол е за вечност)

http://talimo.com/wp-content/avers/high/01/Macedonian-Shield-Symbol-Eternity.jpg

и врз него да се имплементираат четири мали фигури од кој едната би била сонценцето(http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/8/8a/Vergiasun.svg), лавот(http://en.wikipedia.org/wiki/File:MacedoniaCoA1595.jpg), имаше претходно на форумот еден симбол на православието и албанскиот орел.

Од страна ќе се стават две златни лава како го држат штитот. Над штитот ќе има круната од лавот и над круната како и под штитот ќе ставиме две банери со мото на нив ќе земеме некои попознати мота како слобода или смрт, купувајте македонски производи, раѓајте деца (за последниве две се шалам) ќе се најдат некои погодни изрази особено добро би било од турскиот период и од борците за слободата во тоа време.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498

Ова е една од верзиите на Византискиот (Ромејскиот) двоглав орел кои се наоѓаат на Плаошник.
Македонската верзија има два меча, Византиски крст како штит на градите и кралска круна на главата. Симболот денес скоро да е и заборавен кај нас, го употребува само Македонската Православна Црква.

Орелот пред се е православен симбол. Русите веднаш по падот на Константинопол (29 мај 1453) го земаат за свој симбол кој и ден денес постои на рускиот грб и знаме. Исто така двоглавиот Византиски орел го има и на албанското, српското, романското и на занмињата или грбови на православните земји и на сите останати кои биле под византиско влијание.

"Исправен црвен лав на златно поле,
Знамение на црквата на која и се прави чест
Големиот Турчин ја однел дијадемата од лавот,
изгубив јас секаква чест што толку ја имав".

 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Како изгледа, Македонскиот грб ќе биде пак политички исконструиран, а не земски грб. Според мене, орелот со една или две глави, не би требало ни да се помисли да се стави како симбол затоа што тоа е симбол на сите досегашни непријатели на Македонија (или оние со кои сме имале непријатности : Грци, Срби, Албанци, Турци, Византијци, Римјани, Германци... - освен Бугарите, кои имаат Лав). Некако му доаѓа, исто како во црква да поставиш сатански симболи
.
Најдобро е да се избере Лавот или како резервна варијанта - Грифонот. Сето друго е чамче-муабет...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Последно време проструи и опција многу слична на ЦрноГорската



меѓутоа лавот во средината да биде македонскиот карактеристичен лав од грбовите претходно.

Како фрагментот од следниов приказ, двоглав орел со лавот:



На десната страна е грбот на Александар Македонски, а на левата на Julius Caesar :





Повеќе за книгава:

http://www.slains-online.com/slains armorial/combined acknowledgments intro and observations.pdf




http://www.slains-online.com/slains armorial/nine worthies.pdf


Folios 2&3 JuliusCaesar & Alexander the Great





И повторно ЛАВОТ како Македонски симбол на грбот.

 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Зошто да импровизираме?Лавот е прво и последно решение.Се друго ставете го таму каде што е место.Двоглавиот орел,Грифинот и се друго не биле грбови за Македонија.Тие биле за сите други работи но не грбови за Македонија со императив и важност.Инаку овој сегашниов освен пороци не кажува ништо друго.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
За воља на вистината Македонија никогаш немала грб, ни лав ни никој друг, не за друго туку затоа што не била формирана како држава во периодот на формирање на грбовите, па за да има официјален грб (различен од овој сегашниов што е “село весело“).
Сите варијанти на Македонски грб се пренесени од разни грбовници, каде што е прикажуван можниот земски грб, а не државен грб и тоа е во сите случаеви : лавот! Мислам дека понекогаш и грифонот е прикажан и затоа го наведов и него како како можна варијанта.
Сите што го промовираат орелот како симбол (наводно поради Христијанството) долеваат вода на воденицата од Српските “браќа“ (кои што се во спрега со Грчките “браќа“), и кои пак, со сладуњави излитени фрази за некакво “христијанско братство“ сакаат да го подметнат “својот“ симбол за грб, за потоа да кажат : “ми смо исти народ“, “ви сте Јужносрбијанци“ и слични будалаштини... (истото го прават Бугарите со Лавот). “Својот“ го ставив во наводници, затоа што и орелот оригинално не е Српски симбол.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Само следете А2 моментално дискусијата за грбот која комедија е овој од нова демократија.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Се врати!!! Вака ли ќе го менуваме грбот, иницијатор за земски грб сега е еден од најголемите македонски негатори на својот народ и историја ? Ќе ми одмиле лавот вака ! Не дај Боже .


Љубчо Георгиевски без документи за идентификација вчера ја потпиша иницијативата на ВМРО-Народна за референдум за нов грб на Македонија. Иако неговата партија ја обвинува власта за опструкции, сепак службеничката во подрачната единица на Министерството за правда во Центар, му прогледа низ прсти на екс-премиерот. Кога службеничката по редовната процедура му ја побара личната карта, Георгиевски низ смеа рече дека нема лична карта... Веднаш потоа поранешниот премиер со посериозен тон праша дали може да ја потпише иницијативата, а личната карта ќе ја испрател по некој од своите соработници.

- Личната карта ни е потребна за матичниот број. Имате ли некој друг документ, праша службеничката. Георгиевски повторно низ смеа со поглед кон в.д. лидерот на Народна изјави дека нема никакво документ. Но и покрај тоа, службеничката реши Георгиевски да стави потпис на иницијативата за нов грб.

Иако Георгиевски вели дека оваа иницијатива, Лавот да биде нов грб на Македонија е искрена, без какви било провокации, сепак вчера тој немаше конкретен одговор, зошто додека беше премиер оваа точка никогаш не ја постави на дневен ред.
- Ќе ве потсетам дека оваа инцијативе е од деведесеттите. Неколку пати беше опструирана, а во тој период едноставно имаше други активности и таа не дојде на дневен ред, изјави Георгиевски.

Без одговор остана и прашањето како да се обезбеди неопходното Бадентерово мнозинство.

ВМРО-Народна смета дека лавот е симбол кој во историјата го користеле и Албанците и дека нема никакви пречки аплбанските политички партии да ја поддржат оваа инцијатива.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Имаше некоја статија во весник предлог за лав со крила... :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom