Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ганц нов, досега непознат грб на Александар Македонски (следователно на Македонија) од баварски грбовник од 16 век. Текстот е делумен и не се чита убаво чиј е, но последните букви од името Александар си одговараат на зачуваниот текст.

Проценив дека е на Александар поради познатиот блазон на грбот на Александар Македонски (златен лав на трон, со борбена секира во рака на црвен штит) и поради што е во делот кадешто се сместени грбовите на 9те достојни во истиот грбовник


http://documents-mk.blogspot.com/2009/03/1530.html
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Браво Еди, се согласувам со тебе.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Претстава на Александар од книга со поезија од 1541 год.

И на знамето, и на штитот јасно се гледа нешто... што ли? :helou:


 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Супер Ченто, можеш ли нешто повеќе за книгава да ни кажеш?

Автор и каде е публикувана и сл.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Супер Ченто, можеш ли нешто повеќе за книгава да ни кажеш?

Автор и каде е публикувана и сл.
Ова е всушност едно издание на многу познатата поема "Alexandreis, sive Gesta Alexandri Magni" на Walter of Châtillon (познат и како GAUTIER DE LILLE, GUALTERUS DE INSULIS, или GAUTIER DE CHATILLON, GUALTERUS DE CASTILLIONЕ)
Човеков е Францизин и живеел од крајот на ХII до почетокот на XIII век, кога најверојатно умрел од чума.

http://oce.catholic.com/index.php?title=Walter_of_Chatillon

Поемата е напишана за фалење на делата на Александар, и е најверојатно нарачка од страна на Вилијам (Архепископот на Ремс од 1176 до 1201)
Била едно од најпознатите поетски и воопшто пишувани дела на Латински јазик од тој период во западна Европа.
Печатена е во повеќе наврати и има изданија од: 1487(Руен), 1513(Стразбур), 1541(Инголштад) и 1558(Лион)

Еве добар ИЗВОР за неа.

Сликата што ја постирав е од насловната страница на изданието од 1541 год. од Инголштад, се вика: Alexandreidos Galteri Poetae Clarissimi, libri decem и е издание на Alexander Weissenhorn.

Ја има на неколку аукции на ретки книги по нетов и држи добра цена.



Меѓутоа што е важно од целава работа?

Фактот што во времето кога хералдиката и симболите во Европа имаат многу важно значење за потеклото и назнаките на одредени земји, владетели, народи и семејства, Александар Велики Македонски е претставен со лав, којшто во тоа време е јасен показател за Македонија на многу други хералдички збирки и претстави.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Браво за откритието ЧЕНТО. Особно ми е интересно изгрејсонцето во позадина. Мн личи на она од знамето на Илинденското востание, на кумановскиото востаничко знаме, на знамето на македонската колонија во Петроград, па и на сонцето од актуелниот грб на РМ. А и во химната го има тоа ново сонце што се раѓа.

Новооткриен грб на Александар Македонски од грбовник околу 1466-73 година. Јасно пишува Alexander Magnus. Ставен е како дел од деветте достојни те тројцата добри пагански кралеви. (прв од лево)


http://documents-mk.blogspot.com/2009/03/1466-73.html

Еве уште еднаш бројот три. На претходните грбови што ги постирав имаше три звона, три линии со по три забци од секоја страна, и на третиот три лака на самострел. Симболиката околу бројот три не ми личи на нешто случајно. Ако денес го сврзуваме бројот три со Македонија по трите нејзини дела: Вардар, Егеј и Пирин, во минатото можеби ова го сврзувале со империјата на Александар на три континенти.

Од што правев муабет со познавачи на материјата ми кажаа дека трите круни (па оттаму и трите звончиња) се всушност грб на Артур, а на Александар некако бил погрешен и претставен така. Да во многу грбовници грбот на Артур е прикажан на тој начи, но тоа не значи дека Александар е по грешка претставен така, а можно е да значи дека оној на Артур е згрешен. За тоа потаму ќе прикажам уште неколку непознати грбови на Александар со истиот блазон, а воедно можете да ја погледнете грбот на владетелот на Македонија од High almain roll реконструиран од Јоновски кој исто така е со три круни.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Два новооткриени грба на Александар Велики од германски грбовник од првата половина на 16ти век

http://documents-mk.blogspot.com/2009/07/16.html

Повторно (по трет пат) три круни (грбот на средина)



Три звона лево и лав десно (грбот прв од лево)



За лавот сите знеме. А три звона се среќаваат и на овој грб од грбовник од 1530 на кралот Александар Македонски



Грбови на Александар соодветно на Македонија сметам дека има најмалку уште двојно од досега познатите само треба да се истражува по ретките книги на светските библиотеки.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150


Преставата на припишаниот грб на Александар Македонски со три круни може да се најде и надвор од грбовниците. еве еден пример
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.343
Поени од реакции
30.701
Какви грифини, какви орли, какви ѕвончиња! Не е воа Хари Потер!

Треба да стои лавот. Грб на место. Низ цела историја македонскиот народ е поттикнат од храброста и гордоста на лавот за да се бори за слобода.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
И со еднорогот

Знаме на Македонската колонија во Петроград, Русија од 1914 година. Во колонијата бил и македонскиот деец Димитија Чуповски.

Во горниот десен агол на знамето е прикажан црвен еднорог (коњ, а според некои Букефал коњот на Александар Македонски) исправен на задните нозе и свртен кон десно, поставен во бел квадрат.

Во долниот лев агол на знамето има златно (жолто) сонце со повеќе зраци околу кое со златни (жолти) букви е испишан текстот „ЕДИНА НЕЗАВ“ИСИМА МАКЕДОНÏА (Една независна Македонија). Основата на знамето е со цревена боја.
Еве една реконструкција:

http://forum.kajgana.com/attachment.php?attachmentid=29243&d=1274479109

Патем, што мислите за овие два:

Златно-жолт крст на црвен штит, над него Шеснаесеткракото сонце, заштитувано од два златни лава

Шеснаесеткракото сонце вметнато во стилизиран крст на црвен штит

Одамна ми се направени, ама мислам дека негде уште ги чувам во фотошоп формат, така да можат да се изменат или искористат и за нешто друго. Само да ги најдам.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Еве една реконструкција:

http://forum.kajgana.com/attachment.php?attachmentid=29243&d=1274479109

Патем, што мислите за овие два:

Златно-жолт крст на црвен штит, над него Шеснаесеткракото сонце, заштитувано од два златни лава

Шеснаесеткракото сонце вметнато во стилизиран крст на црвен штит

Одамна ми се направени, ама мислам дека негде уште ги чувам во фотошоп формат, така да можат да се изменат или искористат и за нешто друго. Само да ги најдам.

Хм..добра замисла за првиот според мене..само треба повеќе да се поработи на крстот и сонцето оти вака изгледа повеќе на фудбалски амблем,добро би било ако сонцето се наоѓаше внатре во штитот..над крстот..а инаку нели македонските лавови имаа две опашки?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom