- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
Таблите со државниот грб на Република Македонија наскоро ќе бидат отстранети од сите државни институции и на нивно место ќе бидат поставени нови без црвената петокрака. До влезот на Македонија во ЕУ на местото на петокраката нема да биде поставен друг симбол.
Ова следува по одлуката на Владата од четвртокот за промена на грбот. Претходно, пратениците во Собранието со двотретинско мнозинство ќе треба да ја поддржат владината одлука. Граѓаните пак нема да имаат обврска веднаш да вадат нови лични документи. Тоа ќе се одвива сукцесивно, односно по истекот на старите лични карти и пасоши, граѓаните ќе добијат нови со државен грб без петокрака.
Сите политички партии во Собранието освен Нова Демократија на Имер Селмани се за смена на државниот грб. Оваа партија смета дека треба да постои мултиетнички грб и дека сега се прават само козметички измени.
Коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сметаат дека на овој начин се раскинуваат сите врски со минатиот режим и дека Македонија е последната држава во Европа која ја нема отстрането ѕвездата петокрака од своите државни симболи.
-На овој начин расчистуваме со претходниот систем кој е во потполна спротивност со вредностите на овој систем и аспирациите за членство во ЕУ. Тоа нема да придонесе за подривање во општеството. Ова е адекватно и разумно решение, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
И Сафет Незири од ДУИ рече дека отстранувањето на петокраката претставува збогување со минатото и комунистичкиот систем. Токму ДУИ пред две години кога беше во опозиција го одби овој предлог. Оваа партија сметаше дека државниот грб треба да ја отсликува етничката структура на Македонија.
-Овој грб е прифатлив бидејќи во него нема доминантни елементи на било која етничка заедница. Не се откажуваме од нашите поранешни идеи. Ќе ги разгледаме сите предлози кои ќе пристигнат, изјави Незири.
Опозициските СДСМ и ЛДП го прифаќаат предлогот за промена на грбот, но не и начинот на кој е донесена одлуката. Социјал-демократите сметаат дека оваа одлука претходно требало да биде ставена на одобрување пред граѓаните.
-За СДСМ нема проблем. Ние ќе го поддржиме предлогот. Проблем е начинот на кој тоа се прави. Ова не е грб на Груевски и Ахмети туку на Република Македонија и на граѓаните. Тие требаше да бидат вклучени, вели Цветанка Иванова од СДСМ.
Државниот грб на Македонија датира од 1946 година. Тој ги претставува пејзажните карактеристики на Македонија, планините, реките, сонцето, полињата. Го дизајнирал Василије Поповиќ-Цицо, заедно со грбовите на другите републики на поранешна Југославија.
Eве колку се паметни нашите политичари. Ќе го менуваат и грбот систематски изгледа, прво петокраката, оти се ослободивме од комунизмот, после афионот оти веќе не се сее, па Вардар кога ќе пресуши, Пирин го заборавив тој е веќе во блгарија, и на крај сонцето кога ќе престане да не грее. Ебатте глупаците , незнам зошто ве гласаме, грб еден не знаете да поставите, па држава ќе водите.