Сеуште не сум сигурна дали би го пратила своето дете во градинка, затоа што тргнувајќи од моето лично искуство како и од искуствата на брат ми и некои други деца сметам дека одењето во градинка(во сегашните услови) не е баш добра варијанта.
Прво мислам дека групите од 20-30-ет па и повеќе деца е невозможно ефикасно да ги водат две воспитувачки како што е случај. На децата во таа возраст им е потребно итекако внимание, а во толкави групи, воспитувачките колку и да се трудат, реално не можат да му се посветат на секое дете доволно. Ова особено важи за јаслите, и затоа сметам дека за децата до тригодишна возраст е најдобро да се грижи некој од блиската фамилија, доколку не можат самите родители или пак да се најми добар бебиситер.Потоа тука е и фактот дека има навистина и премногу луѓе вработени во градиниките кои не си ја вршат работата како што треба, а тоа може има прилично негативно влијание врз развојот на детето. А, да не зборам за лошите хигиенски услови кои ги има во повеќето од државните градинки. Тоа е она што најповеќе прави да не сакам да си го пратам своето дете во градинка, затоа што го ставам неговото здравје на ризик. Не дека треба децата да се чуваат во стаклено ѕвоно, но апсолутно ми е неприфатливо да го пратам на место во кое не се запазува неопходното ниво на хигиена.
Но од друга страна пак, градинката е позитивна затоа што помага во социјализацијата на детето и го учи како да се снаоѓа со врсниците и да се избори за своето место во околината. Затоа што ако поминува предолго време во семејното "сигурно" опкружување, најверојатно ќе страда неговата способност за социјализирање.
Така да, за сега како најприфатлливо решение ги сметам приватните градинки, затоа што е факт дека нудат прилично добри услови(што не значи и дека нема државни грдинки кои се сосема задоволителни), но сепак не секој може материјално да си дозволи да го прати своето дете во таква градинка.