Дали на Вучиниќ му дадоа црвен картон или го казнија по прегледот на снимката? Се мислам дека беше казнет по тоа а не за време на натпреварот, зашто очигледно судиите не знаат српски.
И смешни ми се фановиве на Јуве, сите видовме дека не е за црвен, овие запнале дека е заслужено и се обидуваат да внесат фора дека сите ги хејтаме Јуве и дека сме љубоморни. Победивте, ете, ама признајте некад очигледни работи коа ви се во корист. Исто како од Барса фановите кои не признаваат дека Бускец и другите глумат фаули...
1. Вучинич мислам дека не доби за таа ситуација. Мислам дека чекав през недела да го средат оти имаше некој интересен меч следното коло ама не доби казна.
2. Дали е за жолт или црвен е прашање шо сака да напрај судијата. Според мене е за санкција и она на Пандев и она на Вучиниќ. Не смеј судијата да му дозволи на ниту еден играч да излези од контрола. Деца гледаат и овие треба за пример да бидат. Мислам дека имало бааги случаи откако ќе направи играчот циркус после да се извинва, дали под притисок на федерација или клуб е небитно.
Како и да е дали гледаат деца или не важно е судијата да држи контрола над утакмицата. Играчите не смејат премногу да приговараат и да се расправаат. Разумна дискусија за да се расчисти нешто прифаќам ама онакво понашање не смее да се толерира оти во следната ситуација нешто пак ќе избега од контрола.
За црвен кај наполи прашање на време беше кога ќе го лапнат. Цел меч беа груби. Како што кажа и самиот маркизио, ако судијата совреме почнеше да дели жолти за сите прекршоци наполитанките малку ќе се смиреја. Ова со Пандев и Зунига беше веќе врв на нивната фрустрација двапати да губат водство.
3. Критичен момент според мене зошто Пандев беше исклучен. (Види го движењето на карлицата, (штета шо доцна го лови камерата) мислам дека пцуењето беше и малку зачинето
)
4. Јасно е како ден дека неколку години наназад ФИГЦ смрди на сите полиња и дека судиите се катастрофа. Ова не е ни прво ни последно небалансирано судење. Да не се враќам наназад колку Јувентус бил оштетуван последните години на ваков начин.
Да скратам.
Мое мислење е: Тотално ја оправдувам одлуката на судијата да го исклучи. (Да исто и Вучинич требаше да е санкциониран за пцуењето)