Македонскиот јазик се разболе во 1944, кога беше изгласана караџицата за официјална азбука, падна во кома 1950 кога Конески напиша правопис, а умре две години подоцна, кога издаде граматика на осакатениот јазик. Со помош на комунистите од Белград, успеа македонскиот јазик да го сведе на неколку дијалекти од крајниот југозапад.
Навистина? А дотогаш беше здрав како дрен? Без стандардизиран правопис? Без граматика? Без легитимитет и официјален статус?
Гледам нешто спомињаш комунизам, Белград, итн. Каква врска има комунизмот со одредувањето на стандардот, граматичкиот опис и азбуката? Те молам елаборирај.
Ајде да зборуваме за глотополитика -- строго од лингвистичка гледна точка. Сега и тука, информирано, со факти, без бабини прикаски. Штом толку лефтерно ја установи дијагнозата за болеста на македонскиот јазик, претпоставувам дека со еднаква леснотија ќе ни го соопштиш и лекот. Кое чаре требало да се бара 1945? Каква граматика ти, како поасален лингвист од Конески, предлагаш? Колку дијалекти се потребни за квалитетен стандард? Кои дијалекти требало според тебе да се земат како база за стандардот и зошто? Која азбука требало да се усвои и зошто? Дали ти имаш претстава кое е значењето на на јазичен стандард, граматички опис, правопис и воопшто, дали ти е јасно што е потребно за целосен јазичен легитимитет?
Конески го осакатил јазикот? Дури и да сакаш да го осакатиш македонскиот (или било кој друг јазик) не можеш. Едноставно таков потфат е невозможен. Можеш само да збогатиш некој јазик, а не да осиромашиш или осакатиш. Кога ти би му бил на Блажета Конески до колена (не по височина, ами по познавање на сопствениот јазик и лингвистиката, воопшто) би бил вреден соговорник на темава.