Годината кога македонскиот јазик умре

Член од
25 јануари 2012
Мислења
130
Поени од реакции
68
Гледам се повеќе по форумиве се пишува на македонско-англиски.Нешто што ме иритира ептен многу.Па уште кога ќе видам македонски јазик со американски црнечки сленгови.:facepalm:
:rolleyes:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Најновиот хит кој пред некоја недела ме извади од кожа:

СУПОРТИРААТ! - поддржуваат

Супортираат? Мислам стварно? :facepalm:
Треба да се воведе казна за вакво очајно малтретирање на ушите на околните слушатели.

Супортираат бе, супортираат!!!:tapp::tapp::tapp:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Crazy in Love. што те чуди? Кога во секој “кејс“ менуваат по некој „ворд“, тоа е толку “ступидно“ што не вреди човек да се „заморува“.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Crazy in Love. што те чуди? Кога во секој “кејс“ менуваат по некој „ворд“, тоа е толку “ступидно“ што не вреди човек да се „заморува“.
Не можам да не се замарам. Не можам ладнокрвно да седам и да ги слушам тие глупости. Зарем “супортираат“, “интенција“ и “ступидно“ (моите топ 3) се “интелектуални“ зборови? Ми доаѓа да повратам кога ќе го чујам тоа и автоматски престанувам да ја слушам личноста која зборува, затоа што со изговарање на било кој од тие три зборови, кредибилитетот на таа личност паѓа во моите очи. Пак ќе кажам не сум против интернационализми, ама сум против идиотизми.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Го префрлуваме муабетот тука, кајшто му е место. Еве ги примерите за „масакрирање“ на македонскиот јазик посочени од господин Sagan.
Извини ако не сум ја загледал репликата на другата тема (не ми текнуе која била).
Еве тогаш, да кажам нешто колку за вовед.
Азбуката. Иако имаме ептен софистицирана азбука: исфрлањето на старомакедонската азбука користена во црковните дела. Денес пишуваме на српска караџица усвоена 1945 а за темен вокал користиме нешто слично на апостроф. Недозволиво! Каде се буквите јат и есу (Ѣ ѣ, Ѧ ѧ)? Зошто секоја буква нема име?
Старословенската азбука е направена по модел на грчкото писмо и вршела ептен работа за старословенски. Македонскиот јазик од 1945 е бајаги раазличен од старословенскиот. Јатои, матои (кои постоеле во старословенската азбука) се отфрлени. Па што? Зошто секоја буква нема име? А зошто да нема и надимак? Ова се' ти се произволни бладања -- гласовите што јатовите ги изразуваале се заменети со нови букви. Башка, во македонскиот постои фонема „ј“ која се бележи со засебен графемски знак. Во стандардниот македонски сите фонеми имаат соодветен графемски знак. Едноставно и лингвистички елегантно изведено.

Од лингвистичка гледна точка, азбуката која ја предложил Конески е сосем практична и го издржала тестот на времето. Пак, од лингвистичка перспектива, совршена азбука не постои, ниту пак е битна нејзината „оригиналност“ и естетски изглед. Јазикот постојано се менува а азбуката не може ги следи сите морфофонолошки промени. Не може бидејќи тоа би значело постојано апдејтирање на графемскиот систем. Ниеден јазик тоа не го прави.

Недозволиво? Ова е твое субјективно мислење и вкус. Лингвистичка поткрепа не постои. Караџица е топоним -- планина во Македонија. Караџица како азбука не постои.

Какво е тоа “Благодарам“? Бугарско? Каде е нашето македонско “Сполај ти“?
Каде се феминативите во македонскиот јазик? Госпоѓо судија?! Абе ај!
Какво е тоа Добре дојде (Добредојде)? Кој Добре? Камен од Ќустендил е добре.
Кога би имал основни познавања од дијахронија, би ти било јасно дека коренот на „благодарам“ е старословенски. Нит бугарски нит бутур. За другово не ми е јасно што бладаш и што не ти е по кејф. Не само „сполај ти“ е македонски, ами и „фала“ е. Не е српски. Коренот на „фала“ е исто така старословенски. Ама кој колку знае.

Какво е тоа официјално сакатење на насловот на песната на Тоше “Ледена“? Студена? Лудило човече... Водата може да е студена, ама да не е ледена.
Кое сакатење? Поетскиот израз (кој претпоставувам бил еден од целите на текстот) не е ограничен со стандардот. Стандардот не е конечниот дострел на јазичниот израз и естетика. Напротив. Еден поет или писател треба да го владее стандардот но и да биде способен да го надмине. Богатството (не само лексичко ами и структурно) на македонскиот јазик далеку ги надминува рамките на стандардот. „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на пример одлично илустира дел од тоа јазично богатство и мајсторски израз. Замисли колку би бил здодевен тој роман кога би се ограничил само на стандардна лексика и израз. Затоа, „ледена“ си е арен збор во поезија и во разговорен јазик. Или и овде нешо Конески ти „масакрирал“?

Сатанизирање на “даска“ и замена со “штица“ (иако потекнуваат од тотално ист старословенски збор.)
Сатанизирање на “сукња“ и замена со “здолниште“, иако сукното како вид ткаенина е збор присутен кај сите словенски јазици.
Сатанизирање на суфиксот -иња за женски род (Црнкиња / Црнка, Белкиња / Белка (од јајцето на Кајгана)).
Сатанизирање на штиклите и замена со потпетици.
Сатанизирање на “шешир“ и замена со шапка. Какви ли шапки носат каубоите?
Сатанизирање на “ланец“ и замена со синџир.
Сатанизирање на “плин“ и замена со природен гас (плин кај нас си има сосема конкретно значење, иако во други јазици значи “гас“).
Сатани и сатанизација барај во религија и теолошки расправи. Фактот што тебе ти бега е следниот: стандардизацијата на јазикот подразбира селекција и кодификација на фонологијата, морфологијата и синтаксата (на гласовниот систем, зборообразувањето и реченичната структура). Било која кодификација подразбира некој нужен избор, односно селекција на сите овие нивоа. Не може никако ниеден стандард да ги опфати сите дијалектски форми ниту пак да ги задоволи приватните вкусови. Едноставно е невозможно.

Замена на глумец со актер...
Обата збора егзистираат. Актер е малку поформален, а глумец е поразговорен. Но, обата збора се во употреба. Не знам шо пенавиш бадијала.

Листата нема крај. Толку ми текнува сега.
Вакви листи моеш да билдаш до сабајле. Немаат никаква лингвистичка поткрепа.

Ако некој има намера на македонскиот да му го направи тоа што му се случи на хрватскиот, се зафркнал јако!
Тука џабе ламентираш. Во македонскиот никогаш (ниту кај најгласните јазични полицајци, каков што беше покојниот Илија Милчин) не постоеле такви екстремни тенденции за јазичен пуризам, како што е тоа случај со хрватскиот. Во хрватскиот (многу пред осамостојувањето на Хрватска) постоела вековна традиција на лингвистички пуризам: инсистирање на ковање сопствени автохтони зборови за се'. Ваков пуризам постоел и во германскиот и унгарскиот. Ама тоа е башка муеабет.

А сеа биди љубезен, па одговори на прашањата во мојот пост бр. 81 на оваа тема. Понуди некои сугестии и подобрувања. Ама не со ѓутуре примери, ами со системски анализи. Така се разговара аргументирано.
 
S

Sagan

Гостин
Слушај бре свети Петре. Немам намера да дискутирам со тебе додека ми се обраќаш со тоа дека бладам.
сите гласоби што јатовите ги изразуваат се заменети со нови букви.
Да беше само тоа изменето, арно ќе беше. Битно било изменето. По директива на Це-Ка. За да биде што поразлично од бугарското.

Српската варијација на кирилицата, создадена од Вук Караџиќ се нарекува караџица. Ама толку си знаел...

Благодарам:
бугарски: благодарја
српски: хвала
хрватски: hvala
словенечки: hvala
словачки: d'akijem
чешки: děkuji
полски: dziękuję
белоруску: дзјакуј
руски: спасибо
украински: спасибо

За “Ледена“ изгледа не ти е јасно дека официјалниот наслов на песната е некаква си “Студена“. Кобајаги ледена не бил македонски збор!

У врска со сатанизацијата: о да, ако не сите, барем повеќето дијалектски форми можат да се опфатат. Зошто да нема повеќе различни зборови за едно исто нешто??? Така само се збогатува јазикот, како што англискиот има. Овие нашите наместо тоа, избришале се што е блиско до бугарско или српско од страв дека нема да се разликува јазикот од нивните (види ги само норвешкиот, данскиот и шведскиот).
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Слушај бре свети Петре. Немам намера да дискутирам со тебе додека ми се обраќаш со тоа дека бладам.
Да беше само тоа изменето, арно ќе беше. Битно било изменето. По директива на Це-Ка. За да биде што поразлично од бугарското.

Српската варијација на кирилицата, создадена од Вук Караџиќ се нарекува караџица. Ама толку си знаел...

Благодарам:
бугарски: благодарја
српски: хвала
хрватски: hvala
словенечки: hvala
словачки: d'akijem
чешки: děkuji
полски: dziękuję
белоруску: дзјакуј
руски: спасибо
украински: спасибо

За “Ледена“ изгледа не ти е јасно дека официјалниот наслов на песната е некаква си “Студена“. Кобајаги ледена не бил македонски збор!

У врска со сатанизацијата: о да, ако не сите, барем повеќето дијалектски форми можат да се опфатат. Зошто да нема повеќе различни зборови за едно исто нешто??? Така само се збогатува јазикот, како што англискиот има. Овие нашите наместо тоа, избришале се што е блиско до бугарско или српско од страв дека нема да се разликува јазикот од нивните (види ги само норвешкиот, данскиот и шведскиот).
Ама ти ептен се занервира и продужуеш да си бладаш. Оти така бе машко?

По болдот: има и кај нас бе. Се викаат синоними. Разликата е во регистерот и контекстот во кој се употребуваат. А македонскиот стандард предвидува алтернативни лексички варијанти, ама толку ти се јасни работите.

Него, ај малце лингвистика, може? Почни од овие две:

1. Предложи подобра (лингвистички издржана абука) и образложи зошто и како би била подобра од постојната. Не ми дрви за естетики, калиграфии, имиња за букви (ова е тешко бладање)...

2. Предложи подобра зборобразувачка рамка и структурни промени во морфосинтаксата кои ќе ги ревидираат „сатанизациите“ и „масакрот“ кои ги оплакуваш.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Чисто да напишам уште еден англицизам кој го прочитав прееска...

“Многу добар контент има страната...“

Контент, затоа што содржина е премногу обичен збор...:tapp::tapp::tapp::tapp:

КОНТЕНТ бе, КОНТЕНТ, кој зборува вака????
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Чисто да напишам уште еден англицизам кој го прочитав прееска...

“Многу добар контент има страната...“

Контент, затоа што содржина е премногу обичен збор...:tapp::tapp::tapp::tapp:

КОНТЕНТ бе, КОНТЕНТ, кој зборува вака????
Се бара соодветен превод и или толкување на зборов, поради непознавањето и „неажурираниот“ ментален речник. :)))))
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Си видела од кога не е сменет македонскиот речник? Истиот е тој од Блаже Конески!!! Толку децении, исти зборови, исти правила! Срање!
Го испушти речникот на Зозе...
--- надополнето: 18 јули 2012 во 00:44 ---
Гледам дека знаете доста граматика :) дали е возможно некој да ми пише кои се непреодни глаголии ???? со многууу примерииии ????
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 13:44 ---
Луѓе ! Јас сум безнадежна. Утре имам испрашување, ве молам некој ако знае да ми напише кои се непреодни глаголиииии ! И тоа со многу многу примериииии :unsure:
Тркни до http://imj.ukim.edu.mk запиши си ја адресата, појди и побарај им го последниот „Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи” и ќе научиш што е непреоден, преоден директен, преоден индиректен и ред други бисери од македонската граматика.

Преодност : кога дејството на глаголот ПРЕМИНУВА врз некој индиректен или директен предмет (Јас живеам. - непреоден / Јас го живеам својот живот. - преоден)... И ред други работи што ќе ти бидат објаснети во горенаведените референци :)
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Треба да се воведе казна за вакво очајно малтретирање на ушите на околните слушатели.
Хрватите, познати по нивната јазична чистота, имале ваков предлог, негде во виорот на војните од 90-те.

Но, нашите новинари оваа вест, многу јасно, ја пренесоа со потсмев.

http://off.net.mk/bookbox/chist-jazik-polni-zatvori

Ако македонскиот јазик е веќе мртов, тогаш интенетот го потпиша неговиот извод од матичната книга на умрените...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Хрватите, познати по нивната јазична чистота, имале ваков предлог, негде во виорот на војните од 90-те.

Но, нашите новинари оваа вест, многу јасно, ја пренесоа со потсмев.

http://off.net.mk/bookbox/chist-jazik-polni-zatvori

Ако македонскиот јазик е веќе мртов, тогаш интенетот го потпиша неговиот извод од матичната книга на умрените...
Остај ги, глупи новинари, многу знаат тие. Туку, како ти се гледа идејата да се укине интернетот? Скроз да го нема. Верувам дека македонскиот јазик ќе се препороди и ќе живне. Заеби Хрватска, што велиш за воведување јазична полиција како во Франција во 70те? А некој употреби странцуски збор, одма пенал. А ако немаме наша дума, веднага брате да се искове една по табиет на полицијата.
 
Член од
18 септември 2012
Мислења
71
Поени од реакции
6
Супер е оваа тема за дискусија еве и јас да дадам едно кратко мислење во врска со оваа. Македонскиот јазик навистина почна да пропаѓа особено кај младината повеќе користи англиски изрази отколку македонски (знам многу луѓе што неможат нешто да кажат на македонски не им текнува па го кажуваат на англиски ).Како што оди времето за 20-30 години ќе иамем сосема нов јазик (n)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
До вчера му се смеев на татко ми, затоа што во некои зборови не ја користи буквата Њ, а во неговото село и околината всушност и не постои тој глас, дедо ми викаше дека тоа го наметнаа србите и не е наше, да си знаеш. после некое врмее низ муабети увидов дека навистина луѓето шо потекнуват од поткожувските села навистина го немат тој глас Њ.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Навистина? А дотогаш беше здрав како дрен? Без стандардизиран правопис? Без граматика? Без легитимитет и официјален статус?

Гледам нешто спомињаш комунизам, Белград, итн. Каква врска има комунизмот со одредувањето на стандардот, граматичкиот опис и азбуката? Те молам елаборирај.

Ајде да зборуваме за глотополитика -- строго од лингвистичка гледна точка. Сега и тука, информирано, со факти, без бабини прикаски. Штом толку лефтерно ја установи дијагнозата за болеста на македонскиот јазик, претпоставувам дека со еднаква леснотија ќе ни го соопштиш и лекот. Кое чаре требало да се бара 1945? Каква граматика ти, како поасален лингвист од Конески, предлагаш? Колку дијалекти се потребни за квалитетен стандард? Кои дијалекти требало според тебе да се земат како база за стандардот и зошто? Која азбука требало да се усвои и зошто? Дали ти имаш претстава кое е значењето на на јазичен стандард, граматички опис, правопис и воопшто, дали ти е јасно што е потребно за целосен јазичен легитимитет?

Конески го осакатил јазикот? Дури и да сакаш да го осакатиш македонскиот (или било кој друг јазик) не можеш. Едноставно таков потфат е невозможен. Можеш само да збогатиш некој јазик, а не да осиромашиш или осакатиш. Кога ти би му бил на Блажета Конески до колена (не по височина, ами по познавање на сопствениот јазик и лингвистиката, воопшто) би бил вреден соговорник на темава.
И ти сакаш да ни кажеш,дека нема абсолутно никаква врзка? Па молам ти се, тоа и мали деца нема да ти поверуват.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom