Годината кога македонскиот јазик умре

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во ред, знам дека малку драматично делува насловот, но навистина, нека му е лесна земјата, добар беше добро го снајде.

Прееска го гледав она видеото со Кили, каде тој вели: Нели мислиш дека е малку ступидно...? Ступидно? Од кога е тоа македонски збор?

Или ко што имам слушнато, молот (трговскиот центар), организираа ивент (настан), ме адна (додаде), итн...

Или од толку многу стрипови на 9GaG, почнаа да се користат само некои популарни реченици од таму, дека нели нема на македонски јазик.

Да не почнам со тоа дека пред некое време, видов двајца македонци кои на фејсбук си одговараа на англиски јазик. Инглиш из фешн а?

Нормално е да има интернационализми, не сум против нив, но што побогу правиме со својот јазик?
Го убиваме онака полека, но сигурно.
Не зборам за оние зборови кои секаде се користат или за кои немаме алтернатива, зборувам за зборови кои се директно превземени од англиски јазик, а за кои имаме милион алтернативи како избор.

И доста со тоа дека македонскиот јазик е сиромашен. Ние го осиромашуваме.
Да, има изрази како јазичиња (место табови) кои се глупи т.е несоодветни. Ама ретки се, наспроти силувањето кое го вршиме на својот јазик.

Вие, имате да додадете некој “фенси“, “ин“ збор? Некој англодизам?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Зборувањето на англиски е многу застапено кај гејмерите кои се навикнати таму да зборуваат цело време на англиски и така куцаат и на фејсбук... ама ако ме прашувате мене, мислам дека не е страшно многу тоа и не ме загрижува воопшто, баш сум среќен што бар знаеме англиски :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Морам да додадам една работа што страшно ме вади од кожа, а тоа е: "незнам", "несакам", "неможе" и слично пишани заедно..... Да, не се прифатени интернационализми ама е силување на јазикот. И веројатно ќе бидат внесени во стандардниот јазик, приметувам веќе накај 80% од луѓето ги користат.
 
P

PewDiePie

Гостин
Па кили е наркоманска "џукела"(во негов стил да се изразам)
што знае да зборува србизми,англицизми и македонски ама со српски нагласок. Гаден ми е за слушање тој човек.
Шљонкар би слушал попрво како зборува Македонски отколку него.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Во последниве години се актуелизира употребата на зборови и фрази од англискиот јазик но србизми се користат уште пред појавата на интернетот.Тоа не значи дека јазикот умира.Јазикот е флексибилен и треба да се прилагодува со времето.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Морам да додадам една работа што страшно ме вади од кожа, а тоа е: "незнам", "несакам", "неможе" и слично пишани заедно..... Да, не се прифатени интернационализми ама е силување на јазикот. И веројатно ќе бидат внесени во стандардниот јазик, приметувам веќе накај 80% од луѓето ги користат.
Или :
- по големо,
- по мало,
- по добро,
, наместо :
- поголемо,
- помало,
- подобро.

Многу луѓе последно време ги пишат разделено, а ако добро памтам споено се пишат.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што е со србизмите..? Исто така многу застапени..
И тие, но повеќе можам да ги разберам, со оглед на тоа што некои од нив се дел од дијалект, како директна последица од Југославија.
Општо за се зборев и за србизми и бугаризми, англизми и се останато.

Зборувањето на англиски е многу застапено кај гејмерите кои се навикнати таму да зборуваат цело време на англиски и така куцаат и на фејсбук... ама ако ме прашувате мене, мислам дека не е страшно многу тоа и не ме загрижува воопшто, баш сум среќен што бар знаеме англиски :)
Зошто мислиш дека со осакатување и силување на сопствениот јазик, се докажува некому дека знаеме јазик? Знам многумина кои постојано зборуваат со англицизми, а врска немаат со англиски јазик.
Не е страшно, застрашувачки е!
 
S

Sagan

Гостин
Македонскиот јазик се разболе во 1944, кога беше изгласана караџицата за официјална азбука, падна во кома 1950 кога Конески напиша правопис, а умре две години подоцна, кога издаде граматика на осакатениот јазик. Со помош на комунистите од Белград, успеа македонскиот јазик да го сведе на неколку дијалекти од крајниот југозапад.

За интернационализмите...
Англискиот јазик секојдневно се збогатува со илјадници нови зборчиња. Во услови на секојдневен развој на технологијата, нормално е јазикот да претрпи измени и збогатувања. Друго е прашањето дали сакаме да се прилагодиме на нив и да ги применуваме правилно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За интернационализмите...
Англискиот јазик секојдневно се збогатува со илјадници нови зборчиња. Во услови на секојдневен развој на технологијата, нормално е јазикот да претпрпи измени и збогатувања. Друго е прашањето дали сакаме да се прилагодиме на нив и да ги применуваме правилно.
Јас не велам дека не треба да трпи измени. Се разбира дека ќе трпи. Јас зборувам за зборовите како молот, ивентот, ступидност и сл. Ниту еден од тие зборови немаат ниту значење и не го збогатуваат јазикот, напротив го уништуваат. Реков и првично немам против интернационализми, ама да имаат смисла.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Прифаќање на интернационализми има смисла за новонастанати зборови, а за тие во примериве си имаме тотално прикладни зборови, така да развојот на технологијата баш и нема врска со муабетот.
 
S

Sagan

Гостин
Јас не велам дека не треба да трпи измени. Се разбира дека ќе трпи. Јас зборувам за зборовите како молот, ивентот, ступидност и сл. Ниту еден од тие зборови немаат ниту значење и не го збогатуваат јазикот, напротив го уништуваат. Реков и првично немам против интернационализми, ама да имаат смисла.
Ако е така, географијата треба да стане земјопис, теологијата - богословија, итн, итн...
Мислам дека ако веќе сакаме зборови со македонски (старомакедонски) корени, тогаш треба да смениме сѐ со странско потекло.
И така да се претвориме во втора Хрватска на Балканот...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Самата појава е најнормална. Пред се, секојдневно 80% од сите нас употребуваме фејсбук и тоа најчесто англиската верзија и многу јасно дека ќе стане збор за аднување пријател наспрема додавање и организирање ивент наместо настан. Не гледам на тоа толку трагично, особено затоа што станува збор за жаргонизми. Јас не можам на мајка ми да и кажам "организирам ивент" кога знам дека нема да ме разбере, а жаргонизми отсекогаш постоеле и ќе постојат.

Мене пак напротив ме нервираат бесмислените преводи по секоја цена, како на пример преводите за hard disk, desktop и ним слични поими, наместо нивно општо прифаќање.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако е така, географијата треба да стане земјопис, теологијата - богословија, итн, итн...
Мислам дека ако веќе сакаме зборови со македонски (старомакедонски) корени, тогаш треба да смениме сѐ со странско потекло.
И така да се претвориме во втора Хрватска на Балканот...
Очигледно не се разбираме. Дали за тебе е нормално да зборуваш молот, ивентот? Значи тоа е само земање на англискиот јазик и додавање то/та.... Не ме читаш. Не велам дека сум против интернационализми. И самата ги употребувам, ама оние што имаат смисла и не се англиски зборови со додадени наставки. Имаш трговски центар, ти велиш мол. Па не иде. Се сакати јазикот. Не треба да биде старомакедонски и не дека не треба да трпи измени.

Самата појава е најнормална. Пред се, секојдневно 80% од сите нас употребуваме фејсбук и тоа најчесто англиската верзија и многу јасно дека ќе стане збор за аднување пријател наспрема додавање и организирање ивент наместо настан. Не гледам на тоа толку трагично, особено затоа што станува збор за жаргонизми. Јас не можам на мајка ми да и кажам "организирам ивент" кога знам дека нема да ме разбере, а жаргонизми отсекогаш постоеле и ќе постојат.

Мене пак напротив ме нервираат бесмислените преводи по секоја цена, како на пример преводите за hard disk, desktop и ним слични поими, наместо нивно општо прифаќање.
Па и во воведниот пост реков дека има глупави преводи, замени... како на пример за таб - јазиче. Ама ме болат ушите кога ќе чујам млад човек како отишол во молот за да купи фустан за ивент. Не велам дека јас не ги користам, ама оние што се соодветни.
Исто како што се глупи преводите за хард диск или десктоп, така е глупо и претворањето на англиските зборови во македонски, покрај соодветни замени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom