Ама ние изгледа пак не се разбираме. Никој не го негира влијанието на англискиот јазик. Особено во полето на техонолгијата. И тоа е во ред. Не е решение да се изолираме од светот. Франција, Италија и Германија не се изолирани. Јас кога бев во сите три, одвај се разбрав со нив, не знаат луѓето таму англиски, ретко. Што не е во ред. Треба да се знае, ама не да се пика на секаде.
На пример:
- Кај си бе?
- Еве на ворк.
-За мојот лук се погрижи тој и тој... (А за кромидот кој се погрижи?)
- Ќе се гради ептен добар мол во Карпош Четири.
Значи едно е ти да имаш интернационализми кои имат смисла и за адаптирани (ете пример) на македонскиот јазик.
Ок си се интернационализмите, ама не да земаш англиски збор, и да му додадеш наставка и оп да го користиш.
Си има правила, не иде тоа како нас ќе ни текне.