Генерален штрајк на СОНК

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.104
Поени од реакции
34.899
Една наставничка во основно образование, оди на работа во 8, дома е во 12 часот.
Не се согласувам со ова. Напротив - работат и по повеќе од 8 часа на ден! Да, можеби на работа се од 7 до 12 и пол, но дома треба да направат дневни подготовки за наредниот ден (од тоа што сум гледал обично ги прават еден ден, најчесто недела, за цела недела, ама треба да седне саглам на компјутер неколку часа), да се пополни електронски дневник (не се тука само наставни содржини, има еден куп глупости во дневникот кои мора да се пополнат), да се направат наставни ливчиња за некои од наставните содржини за следниот ден, да се прегледаат тестови, да се пополнат, направат и внесат во е-дневник евидентни листови (4 пати годишно, за секое дете посебно), па имало учество на дел од учениците во некакви обуки, семинари или специјални програми за кои треба да се подготват посебни извештаи и уште мал милион работи на кои не ми текнува сега, а ги има. Тврдам дека на ниту еден наставник кој е поборник за квалитетна настава не му се доволни 8 часа на ден за наставата и се останато околу нејзе. Јас што работам во приватен сектор работам помалку часови од наставник во основно образование, верувај. ;)

Да не зборам какви се не ситуации им се случуваат. Не е веќе она: наставникот е виша сила, од наше време. Сега родителите се виша сила, а наставниците потчинети, какви само не стресови доживуваат. Не знам се степале 2 деца на пат кон тоалет, наставникот бил крив, некое се гребнало - како не видел наставникот. Потоа: има деца кои живеат во секакви семејства, со секакви можни ситуации, семејни проблеми, агресивни, со депресии, клинички случаи, од разведени родители... Наставникот мора да биде запознаен и да балансира умешно зашто што и да се случи, тој ќе биде крив, во било која ситуација. Еве еден пример: замисли ти си наставничка, на предавање ти доаѓа татко на дете од твоето одделение кој има судска забрана за приближување кон детето, и така фино лепо ти го зема од сред час и си заминува. Детето го нема после. Буквално киднапирано. Ова се ситуации што се случуваат, верувај, и да не претерам, може не секојдневно, ама се случуваат многу често - секоја недела мора да има барем една глупост. Затоа е многу површно мислењето дека да се биде наставник е лесно и дека одат и пијат кафиња само. Не викам не, има и такви кои не се замараат и буквално клатат врата и земаат плата, ама кај нема такви? Во приватен сектор нема?
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
875
Поени од реакции
3.494
И покрај тоа што потполно се согласувам со мислењата за џаболебарската нефункционална администрација сепак го подржувам протестот, подржувам секаков протест против власта, и посакувам да ескалира и заврши со палење на влада и собрание и тепање и ебење на се живо внатре.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.269
Поени од реакции
35.798
Власта сама си направи замка. Ја качи минималната, а според колективни договори, за одредени раб места минималната се множи со коефициент. Затоа и се дојдени до тие 40 и 45000 денари, а не дека се реални за државава.
...искрено, ако подобро размислам, власта намерно така направи има тука некој советник финтаџија!
зошто?
...се уште се мислам, прво ја надена на јадица опозицијата !
зошто?
... испадна наивна, што има опозиција да подржува или не штрајк кога не е на власт, не е нејзин проблем штрајкувачите, туку на власта, таа нека решава сопствени проблеми, вака власта покажува со прст кон опозиција дека таа е крива за сите вакви последователни незадоволства на синдикатите, па дури и кривица ќе им ја префрли перфидно.
... друго, вака што размислувам, не може преседателот што го организира штрајкот на СОНК на јавен брифинг, како народен човек, нели, се бори за правата на просветните работници да потенцира не еднаш не два пати, "Северна Македонија", Северна, па Северна,
...јас разбирам Северна за надворешна примена, ама локално во МКД за штрајк за покачување на плата, ти да повторуваш ,,Северна, па Северна" ? као демек фиксни барања и се трудиш да се договараш со власта, као демек преговараш, а тоа "Северна" бате те издава дека си поставен токму од власта, со која цел едната ја пишав погоре, а друго ќе си заштедат пари од буџетот, оти штрајкувачите нема да бидат исплатени, освен за здравствено и пензионо, има тука уште други финти на власта...ќе се досетам по некој ден,

П.С.
ете Макрадули го смениле од раковидни позиции, сменет и како директор на пошти, а и самиот не го знае потегот на власта зошто така постапиле?
...по мое мислење, можеби пресудно му беше изјавата пред некој ден, кога кажа дека неговите вработени нема да штрајкуваат поради тоа што тој ќе се потрудел да им ја покачи платата и ОП! денес сменет! е сеа дали власта ,,сака штрајк", оти овој кажал дека ,,нема да има штрајк", па го смениле ќе видиме, со тоа ќе ми се потврдат финтите на власта.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.016
Поени од реакции
9.697
Да Бафра, труло е општеството во целина. Пети не сековме за многу работи и сега што и да сакаме да промениме изгледа како утопија.

Свеста никогаш не ни проработи во овие 30 години самостојност + такво тло Балкан, опкружени со слични нас по нарав и табиет...

Школството, за жал, е еклатантен пример зошто имаме изгубени генерации. Деца без морален компас, без самопочитување, без одговорност кон себе, родител, наставник, професор, претпоставен воопшто - и утре од него очекуваш да се вработи, да почитува хиерархија во фирма, да почитува закони во држава, да воспитува дете. Секако. Можеби.

Имам комшивка која е сакана и почитувана наставничка во основно, работи во "ромско" училиште во кое има и македонци нормално, се тепаат родителите да запишат деца кај неа, за да ги воспита, образова и изгради во школовани (донекаде) индивидуи. Таквите како неа дали се 10-20%.
Дали заслужува поголема плата - секако да!
Дали заслужуваат останатие 80% колешки нејзини кои сликаат деколте или миничи на час или пушеле нечие луле за да се вработат - секако не.
Тоа донесе партизираноста на општеството.

Од др страна, другарка моја, член на друштво на писатели, македонист со завршен факс, работела како заменски наставник додека др се на породилно, работела како наставник во приватна гимназија, работела уште 300 други работи поврзани со култура, образование, воспитсние НО никако ме е доволно добра да биде вработена на "државно".
При последниот конкурс на кој се пријави, за што (буквално) оддели 2000ден од устата на син и за да аплицира беше прва на листата за на крај директорот потпише/вработи партиски кадар (др жена).
Таа другата вработена, само после две недели успеа да се искурва со двакца колеги и да се жали колку и е тешка работата.
Сами си го уриваме системот и си ги уништуваме генерациите.

За приватниот сектор и да пишеме џабе. Чудо е како опстојуваат фирмите во држава која гледа само да им наметне давачки наместо да ги стимулира.

Дали, колку и кога ќе се промени нешто од ова црнило не знам (не сум оптимист). Знам дека сите имаме допринесено истото да опстои или на некој начин сме го поттикнале - кој помалку, кој повеќе.
Џабе е да се објаснува, бадијала е на голема жалост.....Освен да си вадиме очи еден на друг, ништо не знаеме :( Било кој да излеза на протест, на сите ке им најдеме мана.....а сите сносиме вина за ова дереџе на кое спаднавме :(
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.571
Поени од реакции
34.963
Да, можеби на работа се од 7 до 12 и пол, но дома,,,

Злате, прилично добро сум запознаена со образовниот процес и неговата работа.
1 наставник во Шведска или Германија никогаш нема да си оди во 12:30 дома. Туку после завршувањето на часовите тој си ги завршува административните работи во училиштето, а не дома. За да не мора во недела да губи неколку часа пред компјутер.
Ајде да те прошетам низ охридските училишта после 10-ти јуни, колку наставници ќе најдеме во 1 училиште. Прашај дали во Шведска и Германија наставниците не одат на работа по 8 часа откако ќе им заврши школската година.

Во нашето време, наставниците запишуваа час во дневникот, пишана форма. Сега наместо во пишан дневник, часот го запишуваат во електронски дневник. За да го пополни електронскиот дневник што тој работел денес и колку ученици биле отсутни, не му требаат повеќе од 10 минути.
Дневните подготовки на следниот ден, ќе ги направат еднаш, за подоцна (следните години) да им ја менуваат само датата ;) доколку нема промена во наставната програма. Па така имаш професори (посебно предметните професори) каде што со години наназад немало никаква промена во наставната програма, па со истите дневни подготовки тие си тераат години. Обврска им е само промена на датумот и толку.
Семинарите, обуките ги имаш во секоја професија, професионална надоградба. И не разбирам зошто тоа треба да претставува некој посебен терет. Се менуваат методите, пристапите, нови техники и слично. Земи пример еден доктор или правник или било која друга професија, зарем тие немаат обуки, семинари и сл?

Да се разбереме, јас не сум против тоа да штрајкуваат и да си ги бараат своите права. Секој работник има право на штрајк. Ама не на сметка на децата. Штрајкуваат скоро 2 недели. За време на штрајк треба да се сите на своето работно место. (не знам како е во Скопје, ама во Охрид), од 100 вработени, 50 луѓе одат на работа, а другите 50 се дома, па следниот ден се менуваат.
Не смее да им се ускратува правото на децата. Законски наставата мора да изброи 180 работни дена, И сега децата треба да ги сакатиме или да одат после 10 јуни на настава или да им се крати програмата.
Знаеш ли колкава штета трпат моментално првооделенците? Во време кога се учат букви и бројки.

Да се сложувам комплетно со тебе дека да се биде наставник не е воопшто лесно. Ама која професија е лесна? Зарем секоја професија не си носи свои предизвици, позитивни и негативни страни?

Да, за штрајк како законско право, ама доследно со сите вработени нацртани на работно место, или со секојдневни протести пред Влада, Парламент, блокирање улици. А не, оди 2 часа во канцеларија, напиј се кафе и во 10 часот, оди си дома.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.903
Поени од реакции
7.293
Џабе е да се објаснува, бадијала е на голема жалост.....Освен да си вадиме очи еден на друг, ништо не знаеме :( Било кој да излеза на протест, на сите ке им најдеме мана.....а сите сносиме вина за ова дереџе на кое спаднавме :(
За да објаснуваш, треба да знаеш и со факти. Ти не знаеш, а и кога ти се објаснува не допира до тебе.
Како тоа сите... Кој од твојата институција е осуден, казнет или било што. Колку од забелешките од државните ревизори се процесуирани?
Последни 10 години од буџетот се потрошени 40 милијарди евра. Колку од тие 40 милијарди евра се злоупотребени, кој одговарал за тоа и колку пари, имот им се одземени на тие што си ги присвоиле?
Приватна фирма за мочање на лево добива казна, а за вашите криминали или грешки НЕМА никаква одговорност. Кога ќе згрешат се вадат, луѓе сме, грешиме или кој работи, тој и греши, ама истиот аршин не важи за другите. Јас ако згрешам во проценката, дебело си ја плаќам, загуба за фирмата или затварање поради неликвидност, а вие, К ве боли, ќе си се задолжи државата, никој не одговара.

Многу е едноставно, државниот систем е непрофитен, непродуктивен, кој за да опстои цица од остатокот. Народот како што и читаме на темава, го сака тој систем, очекува од него да се грижи за своите вработени :tapp: не ги интересира како и цената за такво нешто. Државниот систем е конкуренција на приватниот, кој е продуктивен, кој создава нова вредност, иновативен итн итн. Парадокс невиден, ама народ сака државниот систем што поголем и помоќен да е. Немој некој приватњак со труд, иновативност, со 100ци неспиени ноќи да реши некој проблем, да ризикува да остане без леб, но како резултат на тоа да создаде капитал.
Пример си ти со твоето спомнување на Жан Митрев. Точно е дека се збогатил човек, но народ сам, на доброволна база иде кај него и му ги остава парите. Вработени кај него не смеат да забушаваат, крв серат, 24/7 рмбаат и за тоа платени се. Конкуренцијата негова, каде што ти си вработена, ме присилува да издвојувам пари од својот труд, никаква услуга не добивам за тие пари, а ако сакам да добијам, обавезно врски + да си доплатам.
Вработените во државниот систем сложни се како попови, организирани сте како воена организација и нема шанси народ нешто да смени со обични протести или граѓанска непослушност, затоа што 200.000 паразити одма ќе реагираат и било кого ќе преебат, само да си го задржат својот паразитски удобен и богат начин на живеење.

Еве решение:
Во МКД има ц.ц. 200.000 хектари необработено плодно земјоделско земјиште. Државата наместо да наплаќа данок од приватните земјоделци, нека земе 100.000 од своите вработени, нека посадат сончоглед и други култури (индустриски коноп, Кина цело производство ќе го откупи). Ем зејтин ќе има, ем може и да извезува, па од профитот нека ви даде плата.
Ама тебе полесно ти беше КАМ да бараш да го казнуваат. Затоа иден период ќе се тепа народ за зејтин.
 
Член од
28 април 2011
Мислења
273
Поени од реакции
97
Злате, прилично добро сум запознаена со образовниот процес и неговата работа.
1 наставник во Шведска или Германија никогаш нема да си оди во 12:30 дома. Туку после завршувањето на часовите тој си ги завршува административните работи во училиштето, а не дома.
Како ќе ги извршуваат административните работи во училиште кога немат ни лаптопи ни компјутери ни ништо, па тие се принудени административните работи да ги извршуваат дома плус тоа да земат кредит и да купуват лаптопи бидејќи ова држава дигитализра све во образованието а на учителите не им омозвожува ништо.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.866
Поени од реакции
35.666
Вработените во државниот систем сложни се како попови, организирани сте како воена организација и нема шанси народ нешто да смени со обични протести или граѓанска непослушност, затоа што 200.000 паразити одма ќе реагираат и било кого ќе преебат, само да си го задржат својот паразитски удобен и богат начин на живеење.
Не се синхронизирани само кога им паѓа системот, последно дури бев во мкд и „падна системот“ на таа каде што чекав, бидејќи колегата од таму почна да мавта со Атлантисот. На соседниот шалтер Атлантисот и беше во мртов агол, и системот си продолжи со работа :D
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
На соседниот шалтер Атлантисот и беше во мртов агол, и системот си продолжи со работа :D
Си можел да заштедиш еден Атлантис со скандирање УЧК, УЧК, иста функција врши :coffee:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.866
Поени од реакции
35.666
Си можел да заштедиш еден Атлантис со скандирање УЧК, УЧК, иста функција врши :coffee:
Абе ако треба уште 10 дена ќе чекам, и не јадат Атлантис од мене. Не ми прават услуга туку тоа им е работа, не гледам поента зошто би ги частел :D
Некој друг јадник ги имаше частено :)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.187
Поени од реакции
8.384
Абе ако треба уште 10 дена ќе чекам, и не јадат Атлантис од мене. Не ми прават услуга туку тоа им е работа, не гледам поента зошто би ги частел
Епа чекај тогаш... :icon_lol:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.886
Поени од реакции
17.716
Злате, прилично добро сум запознаена со образовниот процес и неговата работа.
1 наставник во Шведска или Германија никогаш нема да си оди во 12:30 дома. Туку после завршувањето на часовите тој си ги завршува административните работи во училиштето, а не дома. За да не мора во недела да губи неколку часа пред компјутер.
Ајде да те прошетам низ охридските училишта после 10-ти јуни, колку наставници ќе најдеме во 1 училиште. Прашај дали во Шведска и Германија наставниците не одат на работа по 8 часа откако ќе им заврши школската година.

Во нашето време, наставниците запишуваа час во дневникот, пишана форма. Сега наместо во пишан дневник, часот го запишуваат во електронски дневник. За да го пополни електронскиот дневник што тој работел денес и колку ученици биле отсутни, не му требаат повеќе од 10 минути.
Дневните подготовки на следниот ден, ќе ги направат еднаш, за подоцна (следните години) да им ја менуваат само датата ;) доколку нема промена во наставната програма. Па така имаш професори (посебно предметните професори) каде што со години наназад немало никаква промена во наставната програма, па со истите дневни подготовки тие си тераат години. Обврска им е само промена на датумот и толку.
Семинарите, обуките ги имаш во секоја професија, професионална надоградба. И не разбирам зошто тоа треба да претставува некој посебен терет. Се менуваат методите, пристапите, нови техники и слично. Земи пример еден доктор или правник или било која друга професија, зарем тие немаат обуки, семинари и сл?

Да се разбереме, јас не сум против тоа да штрајкуваат и да си ги бараат своите права. Секој работник има право на штрајк. Ама не на сметка на децата. Штрајкуваат скоро 2 недели. За време на штрајк треба да се сите на своето работно место. (не знам како е во Скопје, ама во Охрид), од 100 вработени, 50 луѓе одат на работа, а другите 50 се дома, па следниот ден се менуваат.
Не смее да им се ускратува правото на децата. Законски наставата мора да изброи 180 работни дена, И сега децата треба да ги сакатиме или да одат после 10 јуни на настава или да им се крати програмата.
Знаеш ли колкава штета трпат моментално првооделенците? Во време кога се учат букви и бројки.

Да се сложувам комплетно со тебе дека да се биде наставник не е воопшто лесно. Ама која професија е лесна? Зарем секоја професија не си носи свои предизвици, позитивни и негативни страни?

Да, за штрајк како законско право, ама доследно со сите вработени нацртани на работно место, или со секојдневни протести пред Влада, Парламент, блокирање улици. А не, оди 2 часа во канцеларија, напиј се кафе и во 10 часот, оди си дома.
Vo pravo si se ova za nivnata rabota, daleku od neso tesko.
Megjutoa i pri takva rabota, nivnata plata ne smee da bide izednacena so minimalec bidejki rabotata ima odredena slozenost. Potrebno e iskustvo, fakultet i tn.

Kje dojde moment koga matematika na decata ke ni predava covek bez faks, a ako sakas poasalen kadar kje si go zapises u privatno skolo.
 
J

joli1

Гостин
Не се согласувам со ова. Напротив - работат и по повеќе од 8 часа на ден! Да, можеби на работа се од 7 до 12 и пол, но дома треба да направат дневни подготовки за наредниот ден (од тоа што сум гледал обично ги прават еден ден, најчесто недела, за цела недела, ама треба да седне саглам на компјутер неколку часа), да се пополни електронски дневник (не се тука само наставни содржини, има еден куп глупости во дневникот кои мора да се пополнат), да се направат наставни ливчиња за некои од наставните содржини за следниот ден, да се прегледаат тестови, да се пополнат, направат и внесат во е-дневник евидентни листови (4 пати годишно, за секое дете посебно), па имало учество на дел од учениците во некакви обуки, семинари или специјални програми за кои треба да се подготват посебни извештаи и уште мал милион работи на кои не ми текнува сега, а ги има. Тврдам дека на ниту еден наставник кој е поборник за квалитетна настава не му се доволни 8 часа на ден за наставата и се останато околу нејзе. Јас што работам во приватен сектор работам помалку часови од наставник во основно образование, верувај. ;)

Да не зборам какви се не ситуации им се случуваат. Не е веќе она: наставникот е виша сила, од наше време. Сега родителите се виша сила, а наставниците потчинети, какви само не стресови доживуваат. Не знам се степале 2 деца на пат кон тоалет, наставникот бил крив, некое се гребнало - како не видел наставникот. Потоа: има деца кои живеат во секакви семејства, со секакви можни ситуации, семејни проблеми, агресивни, со депресии, клинички случаи, од разведени родители... Наставникот мора да биде запознаен и да балансира умешно зашто што и да се случи, тој ќе биде крив, во било која ситуација. Еве еден пример: замисли ти си наставничка, на предавање ти доаѓа татко на дете од твоето одделение кој има судска забрана за приближување кон детето, и така фино лепо ти го зема од сред час и си заминува. Детето го нема после. Буквално киднапирано. Ова се ситуации што се случуваат, верувај, и да не претерам, може не секојдневно, ама се случуваат многу често - секоја недела мора да има барем една глупост. Затоа е многу површно мислењето дека да се биде наставник е лесно и дека одат и пијат кафиња само. Не викам не, има и такви кои не се замараат и буквално клатат врата и земаат плата, ама кај нема такви? Во приватен сектор нема?
Не, не, не си у право. Кај работаат повеќе од 8 саати?

Јас сум прва генерација деветолетка (скокавме од прво во трето одделение), генерација на која што се експериментираше секоја реформа. Знаеш кога професорите пишуваа е-дневник? Само на почеток кога се уведе, а сега пишуваат неколку пати годишно за да надокнадат за тоа што не пишуваат секојдневно, или пак само кога ќе им најават инспекција. Нема теоретска шанса да им требаат дневно неколку часа за тоа.

У врска со годишната програма, ја штампаат секогаш истата од претходната година, со евентуални мали промени. Дневни подготовки скоро и да нема, не предаваат преку презентации или нешто па треба да се спремаат, мнозинството професори ги тераат учениците да отворат книги и самите да ја читаат лекцијата, наместо истата да им биде предавана.

Семинарите не им се ништо друго освен платени излети, или пак ништо не ги учат на тие семинари. Купишта професори идат на тие семинари, за на крај да се вратат и да не го променат начинот на предавање, ниту пак да експериментираат со истиот.

Наставникот не треба да е виша сила, туку да биде пример за децата. Само на тој начин ќе ја добие нивната пажња и поштовање, а не со дерење и мавање. Зашто мислиш дека родителите денес не ги почитуваат професорите и наставниците? Нели моменталните родители го имаат фатено тој стар систем? Да не е можеби поради тоа што знаат какви луѓе денес ја носат титулата професор и наставник и не се ни споредливи со старите професори и наставници?

Професорите, учителката и наставниците кои што имале најголемо влијание врз мене не ме тепаа, не ми се закануваа или ми повишуваа тон, туку преку примери, преку убаво објаснување и одвојување на време, преку мудрост ни покажуваа тоа што сакаа да ни покажат и да не научат.

Секоја работа си има своја тежина, точно. Не им е лесно ни на наставниците ни на професорите, но сепак, знаеле што ги очекува кога ги потпишувале договорот и тука не треба што да ги жалиме. Најжално од целиов моабет е што има стварно квалитетни професори и наставници, но не можат да дојдат до израз од тие паразитите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom