- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.917
- Поени од реакции
- 37.105
Не се согласувам со ова. Напротив - работат и по повеќе од 8 часа на ден! Да, можеби на работа се од 7 до 12 и пол, но дома треба да направат дневни подготовки за наредниот ден (од тоа што сум гледал обично ги прават еден ден, најчесто недела, за цела недела, ама треба да седне саглам на компјутер неколку часа), да се пополни електронски дневник (не се тука само наставни содржини, има еден куп глупости во дневникот кои мора да се пополнат), да се направат наставни ливчиња за некои од наставните содржини за следниот ден, да се прегледаат тестови, да се пополнат, направат и внесат во е-дневник евидентни листови (4 пати годишно, за секое дете посебно), па имало учество на дел од учениците во некакви обуки, семинари или специјални програми за кои треба да се подготват посебни извештаи и уште мал милион работи на кои не ми текнува сега, а ги има. Тврдам дека на ниту еден наставник кој е поборник за квалитетна настава не му се доволни 8 часа на ден за наставата и се останато околу нејзе. Јас што работам во приватен сектор работам помалку часови од наставник во основно образование, верувај.Една наставничка во основно образование, оди на работа во 8, дома е во 12 часот.
Да не зборам какви се не ситуации им се случуваат. Не е веќе она: наставникот е виша сила, од наше време. Сега родителите се виша сила, а наставниците потчинети, какви само не стресови доживуваат. Не знам се степале 2 деца на пат кон тоалет, наставникот бил крив, некое се гребнало - како не видел наставникот. Потоа: има деца кои живеат во секакви семејства, со секакви можни ситуации, семејни проблеми, агресивни, со депресии, клинички случаи, од разведени родители... Наставникот мора да биде запознаен и да балансира умешно зашто што и да се случи, тој ќе биде крив, во било која ситуација. Еве еден пример: замисли ти си наставничка, на предавање ти доаѓа татко на дете од твоето одделение кој има судска забрана за приближување кон детето, и така фино лепо ти го зема од сред час и си заминува. Детето го нема после. Буквално киднапирано. Ова се ситуации што се случуваат, верувај, и да не претерам, може не секојдневно, ама се случуваат многу често - секоја недела мора да има барем една глупост. Затоа е многу површно мислењето дека да се биде наставник е лесно и дека одат и пијат кафиња само. Не викам не, има и такви кои не се замараат и буквално клатат врата и земаат плата, ама кај нема такви? Во приватен сектор нема?