Генерален штрајк на СОНК

Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Скопје, 20 ноември (МИА) - Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата в понеделник ќе стапат во генерален штрајк, најави денеска на прес-конференција Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура СОНК.

Со штрајкот се бара најдоцна до крајот на годинава да бидат потпишани колективните договори за дејноста згрижување и воспитание на деца, за високо образование, за наука, измените и дополнувањата на колективниот договор за култура, и сите да се применуваат од први јануари следната година. СОНК бара надоместокот за храна да се исплаќа во износ од 20 проценти од просечната плата на ниво на држава и да се применува од почетокот на следната година, а надоместокот за превоз да биде во висина на реалните трошоци на работникот што ги плаќа за одење до работното место и враќање дома. Дел од барањата на СОНК е и трансформација на договорите за работа на вработените во образованието, науката и културата на определено време, во договори на неопределено време.

Според Цветановски, одлуката за генералниот штрајк ја донел Советот на СОНК на 9-ти овој месец, а уследила откако СОНК не постигнал договор со ресорните министерства за поставените барања.

Цветановски вели дека ќе се преговара се до почетокот на штрајкот, на што Синдикатот е и законски обврзан. За в сабота е закажана седница на Советот на СОНК, на која се поканети претставници од ресорни министерства, кога повторно ќе се разговара за поставените барања.

Претседателот на СОНК појасни дека во текот на штрајкот, вработените во институциите кои ќе штрајкуваат ќе бидат на работните места, но нема да изведуваат настава и воспитни дејности. Ќе се згрижуваат децата од целодневна настава и од градинките, исто така без воспитно образовни активности.

Во досегашните преговори, како што информира Цветановски, се доближени ставовите за трансформацијата на договорите за работа од опредено на неопределено време. Начелно е договорено тој проблем да се реши за три месеци. Најголеми разлики има за барањето за исплата на надоместоците за храна и превоз, за кое СОНК добива поддршка и од останатите членки на Конфедерацијата на слободни синдикати во која членува. - Го поддржуваме штрајкот на СОНК, а дел од гранките на КСС не ја исклучуваат можноста за активна поддршка особено во делот на исплатата на надоместоците за храна и превоз, што ги засега сите вработени во јавниот сектор, најави на прес-конференцијата генералниот секретар на КСС Ристо Ајтов.

Според анексот на Општиот колективен договор за јавниот сектор чиј потписник со Владата е КСС, износот на надоместоците за храна и превоз треба да се договори до крајот на годинава и да почне да се применува од први јануари следната година. За тогаш Владата најави старт на концептот за исплата на бруто плата, во кој, пак, СОНК и КСС инсистираат да бидат опфатени храната и превозт.

извор
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
ауууу....немој ради ова да ми променат термини за колоквиум сите ќе ги истепам :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нека не се глупираат ајде, нека си штрајкуваат со глад, не сакам да учам саботи и да ми се заебе цел распуст :(
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Ова 100% е?
Иначе.. Немора да значи дека ќе обработуваме... :) Бидете оптимисти малку :)
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
нека штрајкуваат одамна немаат напраено штрајк
а секогаш викаат ќе се обработува а никогаш не сме обработувале ние барем до 8 сеа незнам
 
Г

Гоццццце

Гостин
Нека има бе закони :) :) :) Се бубачишта на форумов у пичку матер!
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ова 100% е?
Иначе.. Немора да значи дека ќе обработуваме... :) Бидете оптимисти малку :)
99% се обработува никој не остава да седите дома и тие часови да ви пропаднат :icon_lol:

Јас и онака во понеделник немам предавања исто ми се фаќа. Нека си средат таму самите, а не постојано штрајкови организираат и ги искористуваат учениците и студентите за исполнување на своите желби.

Пред 6-7 години не учевме и 2-3 недели ради штрајк. А претходно секоја втора недела имаше штрајк и секоја втора сабота учевме. Чиста глупост беше тоа и плус на крај на година беше главниот штрајк од 3 недели. Одевме во школо да не испрашуваат усно кој сакаше да поправи али ретко кој тоа дозволување и ниеден тест не направивме и сите книги останаа недоучени до крај. Глупости!
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Аман веќе со штрајковите. Можам да го замислам Бучко со фацата ’протестна’. :tv:
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
LAME!

Леле, ние имаме уште 9 саботи уште ова ни треба. Пфффф
 

Kajgana Shop

На врв Bottom