Генерален штрајк на СОНК

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.892
Поени од реакции
35.735
Проклет македонски синдром..љубомора,завист, себичност..ете затоа не бива ништо од нашава држава.
КАДЕ ВИ Е СОЛИДАРНОСТА ?????
Сите луѓе треба да имаат финансиски примања за да можат барем малку достоинствено да живеат.
Нека намалат цените, нека ги вратат на старо, струјата, парното, горивото, зејтинот, градежен материја идр. па потоа нема да шрајкуваат.
Наместо да ги подржите сите штрајкуваќи, вие како баби оговарачки, па и со колкава злоба сте со коментарите...страшно....
За сите знаете кој колку работи, дали клати врата.. Срамно, многу срамно од свои сограѓани..па затоа нека ни поскапуваат се живо и диво, битно ние ке нагледуваме кој колку работи а не да гледаме дали со тие плати МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ПРОЖИВЕЕ.
Каде е солидарноста на тие што се во државен сектор кон овие во приватен?
Одиш на шалтер, те заебава како сака оти не им се работи.
Одам во болница, игра solitaire на интерно, а јас влечам човек во критична состојба.
Цел живот плаќам здравствено, еднаш ми затреба да ме снимаат на рентген и на магнетна, ми дадоа рок за по 3 месеци и морав пак да се опрчам 20 000ки на приватно.
На училиште бил на овој, бил на оној, ајде од 10 кеца на одличен или многу добар на крај од годината. Ебавај се ти цела година, кога ќе дојде за запишување на факултет/вработување и тој што учел, и тој што се заебавал исти просек.
И тоа што го земаат им е многу на работата што ја вршат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.915
Поени од реакции
17.730
Ама, централниот проблем е у тоа што образованието е комплетно партизирано. Се додека е такво, нема да подржам толкаво зголемување на платите, па тоа би било лудост.

Од секогаш постоело фаворизирање, познанства, но постојат државни механизми кои би ги превентирале тие работи, но професорите успешно се изборија против такви механизми затоа што така им одговараше. Сега имаат одврзани раце да прават што сакаат, па од таму овие резултати.


Ајде, ајде, паламудење.

Ако професор не знае да го заинтересира мнозинскиот дел од учениците за предметот, не е вината кај учениците туку кај професорот, едноставно.

Какви дисциплински мерки буразеру, од кого? Од партиски вработен пацов? Новите генерации за разлика од постарите одамна сфатија дека ПОШТОВАЊЕ се заслужува, а не се добива автоматски поради професија. Далеку поголема почит имам за хигиеничарката што го вади лебот и што пред секој школски одмор гледа сѐ да блеска за учениците, отколку за некоја партиски вработена психички пореметена жена која што чим и укажеш на грешка ,,си и го нарушил авторитетот" и ти става неоправдани и те праќа кај психологот.

Хаха, ај да те прашам, ако судија ослободи убиец под притисок на партија, родител, колега, директор, кој е крив? Убиецот, родителот, колегата, директорот или пак судијата?
Има деца што господ лично да дојде нема да ги образова и дисциплинира во школо. И тоа голем број на такви деца. За тие нема спас.
Проблем е што професорите катастрофално работат со тие што се дојдени да научат.
Автоматски споено мислење:

Мешате службеник на шалтер со професор. Има луѓе што сакаат да работат просвета, тоа им е желба и го работат со мерак. За жал се поретки во државното образование.
На никој не му животна желба да работи на шалтер. Тој што работи на шалтер многу лесно може и да биде заменет а и он да најде слична работа во приватен сектор. Овие што сакаат да работат во просвета, се осудени да работат во државно.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.573
Поени од реакции
34.969
КАДЕ ВИ Е СОЛИДАРНОСТА ?????
Сите луѓе треба да имаат финансиски примања за да можат барем малку достоинствено да живеат.
Нека намалат цените, нека ги вратат на старо, струјата, парното, горивото, зејтинот, градежен материја идр. па потоа нема да шрајкуваат.
Наместо да ги подржите сите штрајкуваќи, вие како баби оговарачки, па и со колкава злоба сте со коментарите...страшно....
За сите знаете кој колку работи, дали клати врата.. Срамно, многу срамно од свои сограѓани..па затоа нека ни поскапуваат се живо и диво, битно ние ке нагледуваме кој колку работи а не да гледаме дали со тие плати МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ПРОЖИВЕЕ.
Јас никаде не видов солидарност на вработените во државниот сектор, за текстилните работнички. Истите оние што црнчат по приватни конфекции, за мизерни плати, во катастрофални услови. Или тие имаат достоинствен живот? Или кожарската индустрија.
Секако 100 стапа по туѓ грб не болат.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.750
Поени од реакции
9.909
Професор(к)ите нема што да бараат од приватниот сектор, не се тие вработени оние што се во истиот кош со нив, напротив - платата ја земаат благодарение на приватниот сектор, фирми, вработени. Ако некој некому треба да му се лути се вработените во приватниот сектор чијшто даноци одат во нефункционален систем и за возврат добиваат само банана држава и стрес.

Нека им се лутат на оние во администрација, со нив го делат колачот. Оние што 70% од работно време им оди по кафе, оние што воопшто не се појавуваат на работа а земаат плата итн итн. Една од најглупите ствари што успеавме како држава да ја направиме од почеток е да ја претвориме државната администрација во апарат за вработување плакатолепачи. Цел свет оди на автоматизација и дигитализација, 0 потреба има од 90% од таа администрација. Кур ми треба тој на шалтер кога за милион евра инвестиција копи пејст од поразвиена земја ќе имам онлајн систем што за една секунда ќе ја сврши истата работа за мене и цела држава во наредните х години.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.573
Поени од реакции
34.969
Оние што 70% од работно време им оди по кафе, оние што воопшто не се појавуваат на работа а земаат плата итн итн
Еве и на теткава залепена на државна цицка малку и се 25,000 плата. Отепана е од работа.
Немате срам да не сте солидарни со госпоЖава, што нема достоинствен живот, па мора да спие на фотеља :icon_mrgr:

1650386179083.png
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.189
Поени од реакции
8.385
Најјако е што од почетокот на штрајкот, ниту еднаш не ги адресираа вистинските проблеми за кои се критикувани, неефикасност, непотизам, корупција на ниво на косовски цариник итн., туку постојано се повикуваат на флоскули од типот децата се иднината, образованието било столб на општеството и други весели глупости...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Власта сама си направи замка. Ја качи минималната, а според колективни договори, за одредени раб места минималната се множи со коефициент. Затоа и се дојдени до тие 40 и 45000 денари, а не дека се реални за државава.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.099
Поени од реакции
9.735
Покачувањето мора да е оправдано,
Оправдана е твојата наивност.
Толку со тебе, бадијала нејќам да губам време..:tapp:
Те заболе тебе за приватниот сектор, затоа не глуми сега солидарна, касно е.
Солидарна сум со сите кои бараат зголемување на плата согласно со потпишаниот колективен договор, солидарна сум со сите што бараат скалесто покачување на платите, солидарна со сите кои протестираат.
Кога штрајкувал приватниот сектор?
Зарем да го жалам Жан Митрев, Систина,Ремедика, приватните лаборатории..и ти ли си таков приватник што се богатиш на грбот на обичната сиромашна раја и на робовите што им ја вадиш маста?
Нека излезат еднаш вработените од некоја шивална на протест, ќе излезам и јас да ги подржам но не смеат душички оти одма отказ ќе добијат.

Владата никој не ја тепаше по уста, самиот Ковачевски рече дека ќе има скалесто покачување на платите....сега нека му ја мисли, на протест допрва ќе излагаат сите...се надевам дека ќе пуштат глас и луѓево со попреченост кои земаат само 4000 ден.туѓа нега...греота.
Многу навредливи коментари, многу напаѓање, сите ги ставате во еден кош....жално.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.786
Поени од реакции
10.336
Како ретко кога има шанси државата да колабира, не само да коленичи пред странски институции за кредити - колку да поминат пензии н први и плати на петнаесетти.

Инфлацијата која е во тек и таа кој следи во срж ќе ги изеде сите покачувања на платите.
Да, минималецот ги "задоволува" основните потреби да преживееш, но сите или голем дел од колективните договори налагаат исплата и покачување паралелно со растот на минималецот.

На крај, мали и средни претпријатија е отпуштаат, приватниот сектор ќе се девалвира од ден во ден - а јавниот... ОДАМНА требаше да се реформира со унапред предвидено и плански реализирано прераспределување и доквалификација на кадар.

Кај нас, на државно, влегуваш преку партија, земаш X сума на пари до пензија и во меѓувреме не правиш преквалификација или доусовршување туку гледаш како раб време од ефективни 8 саати да го скратиш на два.

До ментето во главата е - и кај власта и кај вработените кои сега бараат покачување.

Мора длабок рез прво да се направи, што е квалитетно да напрадеува, што сака исто така да се доквалификува, останатите нека метат улици. Но, функционалн државна апаратура (па и администрација) кај нас е еднакво на утопија.

Затоа секој еден штрајк се дочекува на нож (особено од приватниот сектор кон државниот), а не дека немаат право на тоа... и просветари и останати.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.930
Поени од реакции
7.315
Оправдана е твојата наивност.
Толку со тебе, бадијала нејќам да губам време..:tapp:


Солидарна сум со сите кои бараат зголемување на плата согласно со потпишаниот колективен договор, солидарна сум со сите што бараат скалесто покачување на платите, солидарна со сите кои протестираат.
Кога штрајкувал приватниот сектор?
Зарем да го жалам Жан Митрев, Систина,Ремедика, приватните лаборатории..и ти ли си таков приватник што се богатиш на грбот на обичната сиромашна раја и на робовите што им ја вадиш маста?
Нека излезат еднаш вработените од некоја шивална на протест, ќе излезам и јас да ги подржам но не смеат душички оти одма отказ ќе добијат.

Владата никој не ја тепаше по уста, самиот Ковачевски рече дека ќе има скалесто покачување на платите....сега нека му ја мисли, на протест допрва ќе излагаат сите...се надевам дека ќе пуштат глас и луѓево со попреченост кои земаат само 4000 ден.туѓа нега...греота.
Многу навредливи коментари, многу напаѓање, сите ги ставате во еден кош....жално.
1. Кај мене во фирма, а верувам и кај сите други приватни фирми, доброволно се пријавуваат да работат. Никој не е присилен, се е на доброволна основа. Условите однапред се познати, бујрум. Меѓутоа, неписмени административци, разни празноглави интелектуалци кои немаат ден работно искуство во реален сектор, присилно ми наметнуваат како да работам и што смеам да работам. Епа од таквите сега барајте објаснување и одговорност зашто дојдовме до овој степен и сеуште ќе идеме надоле.

2. Никој не ти вели да го жалиш Жан Митрев, туку не глумете жртви. Самата администрација требаше уште пред 15 години да се побуни против зголемување на бројот на нововработени, башка неписмени. Од 120.000, Груевски на државна цицка закачи дополните 60.000, а Зајо уште 20.000.
Значи ти може совесно си ја работиш работата, но покрај тебе бар 5 вработени ништо не работат, а 15г земаат плата. Вас К ве болеше, ама тоа не може да трае бесконечно и ете сега доаѓа сметката.

3. Нека излезат вработените од шивалниот сектор, кој им брани. Ноооо, газдата ако нема математика или е многу алчен, ќе ја затвори фирмата и што после ќе прават вработените, кој ќе им даде минимална плата, кој ќе им плати сметките и храна? Ти или државата...
НЕ ви чини платата, зашто протестирате, НАПУШТЕТЕ дајте отказ.

4. Владата да му ја мислела :pos::pos::pos: . Не се секирај, они имаат смислено и обезбедено за наредни 10 поколенија, вие мислете му ја.
Кога ќе излезете да протестирате со драго срце ќе излезам и јас, ама од страна сеир да фаќам, како што и вие на страна си седите кога присилно ќе дојдам кај вас да завршам некоја обврска во државна институција, да добијам мочан, непотребен печат.
Кога ќе излезете да протестирате, глејте што побројни да сте, глејте што поагресивни да сте, за плави оркестар така посочен чотек да ви опнат.
Спасовски не за џабе веќе неколку години на полицијата им исплаќа солидни плати, прекувремени, бонус, ми рече ти реков. Секој владетел потребно е да има луѓе од доверба, кои ќе му го чуваат престолот, а за возрват ќе ги храни земајќи од останатата раја.

Ова беше најавено уште пред 10тина години, ама народ К го болеше, како циганите од денес за утре, па сега касно е за било какви мерки. Едноставно кога нивата има премногу коров, паразити, единствено решение е целосно палење па одновно садење.

Елитата уште во 2019 јавно си кажаа: овој систем е нефункционален, неефикасен, едноставно мора да се сруши и нов да изградиме (нормално они пак ќе се на врвот). Во новиот систем, самите луѓе ќе се производот за трговија.
Сите се исмејувавте за јавната најава на глобалниот ресет, не знам зашто сега сте шокирани, натажени итн итн. Се си беше најавено, никој не се побуни тогаш, тоа значи сме согласни, па сега ќе стиснеме заби додека трае рушењето, па после ќе го градиме новиот систем. Најдобронамерно ти кажав, земи си апои за смирување или со муж ти почни по риба да идеш (медитирај таму), касно е за било какви промени, а и немаме капацитет за било што да направиме.
Ако ти е за утеха, цела ЕУ ќе страда, не само Македонија.

Нека излезат вашите ценети економски професори , нека објаснат како дојдовме до ова дереџе, зашто едноставно државата не се задолжи на повисок износ, зашто економските теории напишани во книгите не функционираат во реалноста....

Мора длабок рез прво да се направи, што е квалитетно да напрадеува, што сака исто така да се доквалификува, останатите нека метат улици.
Епа резот не е направен кога требало, сите си молчевме со децении, наместо на време "стапалото" да го исечеме за да спасиме остатокот, сега сите ќе ја платиме сметката. Многу е едноставно, причинско последични врски.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.189
Поени од реакции
8.385
Мене ми се допаѓа Груевски како се однесуваше спрема нив како група. Ги третираше како невработливи, неспособни гниди (што во сушитна и се), кои имаат привиглегија да се на работното место на кое се наоѓаат и треба бескрајно благодарни да бидат за тоа.

Сега, ете, дојдоа послободни денови, па станаа темел, столб, арматура на општеството...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.394
Поени од реакции
35.944
Ако сакаш повисока плата, ќе мора да покажеш извесни резултати. Резултати нема.

А нема ни кај вас со стапка на смртност од 51%. :)
... се сложувам, критериум за сите треба да има, за секоја професија, судството, посебно за политичарите!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.964
Поени од реакции
80.733
Ок, две прашања до СОНК:
1. Од каде пари за 18% покачување на платите?
2. Со што заслужиле повисока плата?

Образованието ни тоне, средните оценки по матура, од година во година, се лоши, а УКИМ е рангиран 1944 од 2000 универзитети на Шангајската листа!
ехеееј 56 има полоши
не е све толку црно
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.394
Поени од реакции
35.944
Namerno preterav malce ama oti da ne 45.000 za ucitel vo gimnazija ("profesor") a vo osnovno pomalce, ete 35.000 do nakaj 40.000? Sekako vo paket so drugi merki za podobruvanje na kvalitetot.
... ги прочитав сите коментари, не прочитав некој студент да напише колку треба во пликот да нареди еврича за да го положи испитот кај поедини професори, јавна тајна е како е разработена тарифа за поедини професори ( 200 - 400 Е) за да се положи испитот само од еден студент, а кој нема да плати има да заглави затоа што никогаш нема да биде задоволувачки изговор за да со знаење се положи кај него.

...кај професорите во средно им процвета бизнисот со дополнителните испити за добивање нови професии, тука тарифа иде од (50 -150 Е) и така еден економист со средно ќе си го пополни пликчето за стручните професори и за неполна година со вонредно ,,учење" ќе си добие нова професија како на пример медицинска сестра.

...редовните ученици ќе се мачат четири години во стручните средни училишта, да некој онака со вонредно дополнително пет испита положени како што напишав погоре и Оп ! тие доучени вонредно ќе ги вработат повторно со пликче, а другиве редовни ќе чекаат и не ќе дочекаат и си заминуваат во странство.

...исклучоци има посветени на својата просветна професија, но овие другите кои на ваков начин оставаат црна дамка во образованието, создаваат такви приучени кадри, двојна штета, е сега истиве незадоволни од плата?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.786
Поени од реакции
10.336
1. Кај мене во фирма, а верувам и кај сите други приватни фирми, доброволно се пријавуваат да работат. Никој не е присилен, се е на доброволна основа. Условите однапред се познати, бујрум. Меѓутоа, неписмени административци, разни празноглави интелектуалци кои немаат ден работно искуство во реален сектор, присилно ми наметнуваат како да работам и што смеам да работам. Епа од таквите сега барајте објаснување и одговорност зашто дојдовме до овој степен и сеуште ќе идеме надоле.

2. Никој не ти вели да го жалиш Жан Митрев, туку не глумете жртви. Самата администрација требаше уште пред 15 години да се побуни против зголемување на бројот на нововработени, башка неписмени. Од 120.000, Груевски на државна цицка закачи дополните 60.000, а Зајо уште 20.000.
Значи ти може совесно си ја работиш работата, но покрај тебе бар 5 вработени ништо не работат, а 15г земаат плата. Вас К ве болеше, ама тоа не може да трае бесконечно и ете сега доаѓа сметката.

3. Нека излезат вработените од шивалниот сектор, кој им брани. Ноооо, газдата ако нема математика или е многу алчен, ќе ја затвори фирмата и што после ќе прават вработените, кој ќе им даде минимална плата, кој ќе им плати сметките и храна? Ти или државата...
НЕ ви чини платата, зашто протестирате, НАПУШТЕТЕ дајте отказ.

4. Владата да му ја мислела :pos::pos::pos: . Не се секирај, они имаат смислено и обезбедено за наредни 10 поколенија, вие мислете му ја.
Кога ќе излезете да протестирате со драго срце ќе излезам и јас, ама од страна сеир да фаќам, како што и вие на страна си седите кога присилно ќе дојдам кај вас да завршам некоја обврска во државна институција, да добијам мочан, непотребен печат.
Кога ќе излезете да протестирате, глејте што побројни да сте, глејте што поагресивни да сте, за плави оркестар така посочен чотек да ви опнат.
Спасовски не за џабе веќе неколку години на полицијата им исплаќа солидни плати, прекувремени, бонус, ми рече ти реков. Секој владетел потребно е да има луѓе од доверба, кои ќе му го чуваат престолот, а за возрват ќе ги храни земајќи од останатата раја.

Ова беше најавено уште пред 10тина години, ама народ К го болеше, како циганите од денес за утре, па сега касно е за било какви мерки. Едноставно кога нивата има премногу коров, паразити, единствено решение е целосно палење па одновно садење.

Елитата уште во 2019 јавно си кажаа: овој систем е нефункционален, неефикасен, едноставно мора да се сруши и нов да изградиме (нормално они пак ќе се на врвот). Во новиот систем, самите луѓе ќе се производот за трговија.
Сите се исмејувавте за јавната најава на глобалниот ресет, не знам зашто сега сте шокирани, натажени итн итн. Се си беше најавено, никој не се побуни тогаш, тоа значи сме согласни, па сега ќе стиснеме заби додека трае рушењето, па после ќе го градиме новиот систем. Најдобронамерно ти кажав, земи си апои за смирување или со муж ти почни по риба да идеш (медитирај таму), касно е за било какви промени, а и немаме капацитет за било што да направиме.
Ако ти е за утеха, цела ЕУ ќе страда, не само Македонија.

Нека излезат вашите ценети економски професори , нека објаснат како дојдовме до ова дереџе, зашто едноставно државата не се задолжи на повисок износ, зашто економските теории напишани во книгите не функционираат во реалноста....



Епа резот не е направен кога требало, сите си молчевме со децении, наместо на време "стапалото" да го исечеме за да спасиме остатокот, сега сите ќе ја платиме сметката. Многу е едноставно, причинско последични врски.
Да Бафра, труло е општеството во целина. Пети не сековме за многу работи и сега што и да сакаме да промениме изгледа како утопија.

Свеста никогаш не ни проработи во овие 30 години самостојност + такво тло Балкан, опкружени со слични нас по нарав и табиет...

Школството, за жал, е еклатантен пример зошто имаме изгубени генерации. Деца без морален компас, без самопочитување, без одговорност кон себе, родител, наставник, професор, претпоставен воопшто - и утре од него очекуваш да се вработи, да почитува хиерархија во фирма, да почитува закони во држава, да воспитува дете. Секако. Можеби.

Имам комшивка која е сакана и почитувана наставничка во основно, работи во "ромско" училиште во кое има и македонци нормално, се тепаат родителите да запишат деца кај неа, за да ги воспита, образова и изгради во школовани (донекаде) индивидуи. Таквите како неа дали се 10-20%.
Дали заслужува поголема плата - секако да!
Дали заслужуваат останатие 80% колешки нејзини кои сликаат деколте или миничи на час или пушеле нечие луле за да се вработат - секако не.
Тоа донесе партизираноста на општеството.

Од др страна, другарка моја, член на друштво на писатели, македонист со завршен факс, работела како заменски наставник додека др се на породилно, работела како наставник во приватна гимназија, работела уште 300 други работи поврзани со култура, образование, воспитсние НО никако ме е доволно добра да биде вработена на "државно".
При последниот конкурс на кој се пријави, за што (буквално) оддели 2000ден од устата на син и за да аплицира беше прва на листата за на крај директорот потпише/вработи партиски кадар (др жена).
Таа другата вработена, само после две недели успеа да се искурва со двакца колеги и да се жали колку и е тешка работата.
Сами си го уриваме системот и си ги уништуваме генерациите.

За приватниот сектор и да пишеме џабе. Чудо е како опстојуваат фирмите во држава која гледа само да им наметне давачки наместо да ги стимулира.

Дали, колку и кога ќе се промени нешто од ова црнило не знам (не сум оптимист). Знам дека сите имаме допринесено истото да опстои или на некој начин сме го поттикнале - кој помалку, кој повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom