Генерален штрајк на СОНК

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.201
Поени од реакции
36.973
Штрајк.jpg

,,...Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека и од понеделник 28.04.2022, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура - СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно - образовен процес.

Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.

Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година.

Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно - образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото...,,

...СОНК не го прифати предлог за покачување на платите на наставниците во износ од 2500 денари,

...според СОНК, според минималната плата во државата , а тоа е 18.000 денари, број кој се множи со коефициентот за сложеност на работно место, кој за позицијата наставник во основно образование изнесува 2,503, тогаш излегува дека платата на наставник треба да изнесува 45.054 денари, додека за професор во средно образование, овој коефициент е 2,533, што значи дека платата на професор во средно училиште треба да биде 45.594 денари, додека хигиеничар во средно образование автоматски (иако не е просветен работник) со коефициент 1,3 би земал плата од 23.400 денари?:toe:
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.181
Како вели еден, ми фали вели времето кога собираа наставници да протестираат против оние кои штрајкуваат, т.н. контрапротести. И бабите кои ги чистеа спомениците да аплаудираат.

45 илјади, :unsure: на хидробосот проекциите.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Ок, две прашања до СОНК:
1. Од каде пари за 18% покачување на платите?
2. Со што заслужиле повисока плата?

Образованието ни тоне, средните оценки по матура, од година во година, се лоши, а УКИМ е рангиран 1944 од 2000 универзитети на Шангајската листа!
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.760
Поени од реакции
7.587

Овој па, уште малку па да побара плата да се исплаќа "по учинок".
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Овој па, уште малку па да побара плата да се исплаќа "по учинок".
Ако сакаш повисока плата, ќе мора да покажеш извесни резултати. Резултати нема.

А нема ни кај вас со стапка на смртност од 51%. :)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.618
Поени од реакции
35.113
Една наставничка во основно образование, оди на работа во 8, дома е во 12 часот. Доаѓа 10 јуни, оди да пие кафе со колешките во 8 и се враќа дома во 10 часот. Доаѓа јули, одат на колективен одмор официјален. Доаѓа 31 декември оди на зимски распуст и започнува на работа на 1 фебруари
180 работни дена со 4 часа работно време. И ќе кукаат мала им била платата.

Па бујрум пиле ако си способна имаш приватен сектор може таму ќе бидеш задоволна. Само што таму ќе немаш 180 работни дена :свиркам: лесно е да кукаш обесен на државна цицка.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.760
Поени од реакции
7.587
Ако сакаш повисока плата, ќе мора да покажеш извесни резултати. Резултати нема.

А нема ни кај вас со стапка на смртност од 51%. :)
Аха мисли си дека нема. Ти не знаеш да ги бараш на право место. :P
Автоматски споено мислење:

Една наставничка во основно образование, оди на работа во 8, дома е во 12 часот. Доаѓа 10 јуни, оди да пие кафе со колешките во 8 и се враќа дома во 10 часот. Доаѓа јули, одат на колективен одмор официјален. Доаѓа 31 декември оди на зимски распуст и започнува на работа на 1 фебруари
180 работни дена со 4 часа работно време. И ќе кукаат мала им била платата.

Па бујрум пиле ако си способна имаш приватен сектор може таму ќе бидеш задоволна. Само што таму ќе немаш 180 работни дена :свиркам: лесно е да кукаш обесен на државна цицка.
Па, да. Таква е работата. Како и сѐ друго во животот, кој за шо учел. :love:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.454
Поени од реакции
22.046
Ne sum vo tek vo temava ke kazam samo deka toa sto citav po komentari i kakva ljubomora vladee kaj lugjeto tugj sram da te fati. Da imav dete na skolo kako roditel kje bev na start za toa da im se duplirat platata na ucitelite, od licen interes. Go davam deteto a tie edvaj mesec krpat. Ne deka site se za da predavaat ali toa e drug problem. I sekako deka motivacija i zadovolstvo na rabota ne zavisi samo od parite ama bez toa ne moze. Ali tolku ocigledno im vredat decata.
 
45000 денари? И бабите им даваш дете, го чуваат, а пензија цркавица. Плус ги ранат, спијат, идат на пазар
 
Kajgana Shop

На врв Bottom