Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 март 2006
Мислења
17.770
Поени од реакции
12.233
Ццц, кога биле бугарите, сме можеле да мафтаме со вакви мапи. Сега...
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Зашо е навредливо да наречеш германец шваба?
Не знаев каде да го постирам.. ако треба нека се премести..

А и горе неможев да си најдам соодветен одговор на интернет.
Не е навредливо туку неточно. Швабите се Германско племе кое живее во јужна Германија односно во Баден-Виртемберг (Штутгарт, Улм) и делови на денешна покраина Бавариа (Аугсбург). Навредата можеби постанува од тоа што во поранешна СФРЈ, мислам Војдводина, живееле Германци кои се нарекуваа/беа нарекувани Дунавски Шваби па можеби тоа има некоја врска.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.419
Артиклов прашува што се десило со средствата за војување после Војната и притоа дава податоци за тоа колкаво било производството на истите за време на војната (39-45), што според мене е ирелевантно затоа што во бројот на оружја и орудија кои останале после војната влегуваат со огромен процент и истите кои веќе биле произведени до датумот 1 септември '39-та. Тоа се оружјата и орудијата со кои земјите влегле во војната.
На пример, СССР влегол со 25-35.000 оклопни возила и така натаму.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
579
Поени од реакции
1.359
Од десетата секунда се гледаат шлемовите на Црвената армија који се речиси идентични со германските. Тоа е моделот
СШ-36, базиран на германскит M1935. Производстото е прекинато во 1941 од очигледни причини.
Инаку од песмава, после одредено време, бицепсите и трицепсите сами се развиваат.:)
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
388
Поени од реакции
519
За Dunkirk филмот за битката од 2СВ од пред 2 год. колку е реален? Ако е и тоа ставот на официјалната историографија на Британија и општо Запад, за споменатата битка, како Британците кои се опколени "херојски" се евакуираат и успеваат да ги за*бат Нацистите.

Јас колку што знам Хитлер намерно ги поштедил надевајки се на некаков мировен договор со Британците.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.419
За Dunkirk филмот за битката од 2СВ од пред 2 год. колку е реален? Ако е и тоа ставот на официјалната историографија на Британија и општо Запад, за споменатата битка, како Британците кои се опколени "херојски" се евакуираат и успеваат да ги за*бат Нацистите.
На кратко:

Има доста работи, кои се нереални. На пример, нерамномерната застапеност на жените, лицата од други раси, како и LGBT заедницата.

Шала на страна, мене лично, веднаш по почетокот на филмот, во очи ми падна малиот периметар. Војникон од одбрамбените линии па се до плажата, стигна поминувајќи неколку (не многу) стотини метри.
Приватните мали бродови, во огромно мнозинство, биле управувани од воени лица (биле само позајмени од народот) и најчесто превезувале луѓе од брегот до големите бродови закотвени малку подалеку.
Скоро пола од спасените биле француски војници (од 300 и нешто илјади, сто и нешто биле Французи), не е дека нив сите ги оставиле.

и др.

Денес не сум сигурен, ама за време на војната британската јавност навистина Данкирк го доживеала како да е победа. Не чуди тоа толку, бидејќи ситуацијата во која била Британија, била прилично сложена. Ова било ретка добра вест. Поготово, што првите проценки на командата биле дека не може повеќе од 40-50.000 да се евакуираат.
Јас колку што знам Хитлер намерно ги поштедил надевајки се на некаков мировен договор со Британците.

Сите сериозни историчари кои сум ги проследил околу ова се слагаат во тоа дека Хитлер не ги сопрел тенковите за да ги поштеди Енглезите. Тоа е прилично бесмислено, од повеќе воени аспекти и никој тоа не би го направил, а не па Хитлер.
Хитлер бил малку про-британски настроен, од аспект на неговата расно оптеретена идеологија, но тоа погрешно, денес, се употребува како причина за наредбата тенковите да сопрат.
За тоа дека не сакал да ги поштеди, на пример, сведочи неговата наредба за менување на калибарот на артилериските орудија кои дејствувале кон џебот. Мал бил калибарот, немало доволно штета да праи.
Причината за сопирање веројатно е нешто попрозаична и е поврзана со логистичките проблеми на германската армија (на тенковските единици мислам) во напредувањето низ Франција, а не заради некаква идеологија. Кога тие проблеми се надминале, одбрамбениот периметар веќе бил поставен.[DOUBLEPOST=1563477465][/DOUBLEPOST]
Од десетата секунда се гледаат шлемовите на Црвената армија који се речиси идентични со германските. Тоа е моделот
СШ-36, базиран на германскит M1935. Производстото е прекинато во 1941 од очигледни причини.
Инаку од песмава, после одредено време, бицепсите и трицепсите сами се развиваат.:)
Металниот Шталхелм воведен 1916-та, наместо кожниот, е моделот врз кој е базиран тој M1935.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
За Dunkirk филмот за битката од 2СВ од пред 2 год. колку е реален? Ако е и тоа ставот на официјалната историографија на Британија и општо Запад, за споменатата битка, како Британците кои се опколени "херојски" се евакуираат и успеваат да ги за*бат Нацистите.

Јас колку што знам Хитлер намерно ги поштедил надевајки се на некаков мировен договор со Британците.
Имам читано дека ги сметал Британците за некаква блиска раса со Германците, впрочем и двата народи се дел од Германската група народи. После првата светска војна кралското семејство на Британија го сменило презимето кое дотогаш било Германско презиме и земало ново презиме Виндзор со цел да се намали гневот кај Британскиот народ и јавноста кој постоел кон се што било Германско поради големите страдања од првата светска војна.

Бил настроен да има мир со Британија, иако е н неизбежно кога тогаш две сили да војуваат меѓу себе, едноставно таква е природата. И да склопиле мир нацистите со Британија тоа би траело некоја година, кога тогаш би имало судири меѓу двете страни. Пример нацистите сакале експанзија да остварат на море и тука се судири со Британската кралска морнарица.

Чист пример е денеска со русофилите, мислат Путин направил добар дил со Турција и Ердоган и продавањето на оружје. А забораваат дека пред 3 и пол години какви тензии имаше меѓу двете држави поради соборениот авион на Русија. И кога тогаш пак ќе има уште поголеми тензии но и извесно судири меѓу двете држави, едноставно со тек на време ќе дојде до спротивставени геополитички интереси на двете држави по многу прашања.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.166
Поени од реакции
22.748

Па добар дил направи, Русија доби од него додека Турција и УСА изгубија по нешто. Не е финтата да се заработи пари или демек бфф сме туку тие работи се стратегиски и долготрајни. Русија покрај кеш доби муштерија долгорочно кој ќе треба да го снабдува и во иднина, успеа да го продлабочи јазолот помеѓу УСА и Турција, Турција ја избркаа од Ф35 програмата со што Русија доби потенцијален пазар за авиони (и шанса за понатамошна дестабилизација на НАТО), Ф35 програмата која стана историска ќе биде дополнитено продолжена поради потреба од градење нови фабрики кои досега беа во Турција.

За тоа што се спречкале пред 3 години, и? Работите се менуваат, УК, Франција и Германија беа најголеми ривали едно време.
 
Пред неколку месеци нели онаа Цариградска патријаршија донесе одлука да ја признае Украинската православна црква. А само недела дена пред Цариградската патријаршија да ја соопшти таа одлука, погоди кој отиде во Киев во посета на тогашниот Украински претседател Порошенко?
Да да, Ердоган отиде во Киев во посета на Порошенко и Украина една недела пред Цариградската патријаршија да донесе одлука за признавање на Украинската православна црква.

Што мислиш случајно ли Ердоган беше во Киев?
Јас би кажал дека воопшто не беше случајност таа посета на Ердоган во период кога се чекаше одлука од Цариградската патријаршија и од Вартоломеј. Јавна тајна е дека тој Вартоломеј и таа Цариградска патријаршија е под влијание и на Ердоган и властите во Турција, но и под влијание на западните држави кои секако настојуваат расцепкување на православните држави и намалување на влијанието на Русија. Но и Ердоган и Турција си имаат своја математика и тие сакаат помало влијание на Русија врз регионот а со признаена Украинска православна црква и Ердоган си има математика.

Така да, јас воопшто не би се залетувал и занесувал дека Русија има долгорочна корист од овие навидум пријателски односи со Ердоган и Турција. Да ќе земат неколку милијарди од продажба на ракетни системи и веројатно ќе продадат и авиони и останато оружје, но немаат сојузник во Турција.
Не ти е споредбата на место со Британија, Франција и Германија, да војувале меѓусебно, но тие си подадоа искрено рака после 1945, и формираа ЕУ. А Русија и Турција што формираа, привремена коалиција во Сирија, и кога тогаш ќе пукне таа коалиција, едноставно такво е тоа гео-политичко подрачје, Турција ќе сака што поголем колач и влијание да има во Сирија и околината а тоа ќе е во спротивност со интересите на Русија.
 
...Сериозно? Теорија на заговор не е аргумент.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.419
3 Август 1942
Генерал Хот во Котелниково (150 km од Сталинград):

Иронија на судбината е тоа што повторно за четири месеци (Декември 1942) истата армија пак ќе го напаѓа Сталинград од Котелниково. Но, овој пат за да ги ослободи од обрач војниците на Паулус, кои во моментов (3 Август) продираат кон градот од друга страна и се наоѓаат на 50 km од него.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.419
Полковник Накамура (Јапан), Генерал Шорт (САД) и Генерал Фон Ботичер (Германија)
1939-та г., воена вежба во САД

си немаат гајле (сега за сега)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.368
Полковник Накамура (Јапан), Генерал Шорт (САД) и Генерал Фон Ботичер (Германија)
1939-та г., воена вежба во САД

си немаат гајле (сега за сега)
Додека во меѓувреме Јапонија си тера со своите злосторства и масакри низ Кина. Претходната година го спроведоа Масакрот/Силувањето на Нанџинг, а еве ги тука, си тераат бизнис како и вообичаено.

Како историјата се повторува, денес Иран, Северна Кореја, Сирија, па одново и Куба не им чинат на американците, ама затоа Саудиска Арабија им е` цвеќе за мирисање.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Додека во меѓувреме Јапонија си тера со своите злосторства и масакри низ Кина. Претходната година го спроведоа Масакрот/Силувањето на Нанџинг, а еве ги тука, си тераат бизнис како и вообичаено.

Како историјата се повторува, денес Иран, Северна Кореја, Сирија, па одново и Куба не им чинат на американците, ама затоа Саудиска Арабија им е` цвеќе за мирисање.
Едно златно друштво у пичку матер......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom