Не е навредливо туку неточно. Швабите се Германско племе кое живее во јужна Германија односно во Баден-Виртемберг (Штутгарт, Улм) и делови на денешна покраина Бавариа (Аугсбург). Навредата можеби постанува од тоа што во поранешна СФРЈ, мислам Војдводина, живееле Германци кои се нарекуваа/беа нарекувани Дунавски Шваби па можеби тоа има некоја врска.Зашо е навредливо да наречеш германец шваба?
Не знаев каде да го постирам.. ако треба нека се премести..
А и горе неможев да си најдам соодветен одговор на интернет.
Артиклов прашува што се десило со средствата за војување после Војната и притоа дава податоци за тоа колкаво било производството на истите за време на војната (39-45), што според мене е ирелевантно затоа што во бројот на оружја и орудија кои останале после војната влегуваат со огромен процент и истите кои веќе биле произведени до датумот 1 септември '39-та. Тоа се оружјата и орудијата со кои земјите влегле во војната.
На кратко:За Dunkirk филмот за битката од 2СВ од пред 2 год. колку е реален? Ако е и тоа ставот на официјалната историографија на Британија и општо Запад, за споменатата битка, како Британците кои се опколени "херојски" се евакуираат и успеваат да ги за*бат Нацистите.
Јас колку што знам Хитлер намерно ги поштедил надевајки се на некаков мировен договор со Британците.
Металниот Шталхелм воведен 1916-та, наместо кожниот, е моделот врз кој е базиран тој M1935.Од десетата секунда се гледаат шлемовите на Црвената армија који се речиси идентични со германските. Тоа е моделот
СШ-36, базиран на германскит M1935. Производстото е прекинато во 1941 од очигледни причини.
Инаку од песмава, после одредено време, бицепсите и трицепсите сами се развиваат.
Имам читано дека ги сметал Британците за некаква блиска раса со Германците, впрочем и двата народи се дел од Германската група народи. После првата светска војна кралското семејство на Британија го сменило презимето кое дотогаш било Германско презиме и земало ново презиме Виндзор со цел да се намали гневот кај Британскиот народ и јавноста кој постоел кон се што било Германско поради големите страдања од првата светска војна.За Dunkirk филмот за битката од 2СВ од пред 2 год. колку е реален? Ако е и тоа ставот на официјалната историографија на Британија и општо Запад, за споменатата битка, како Британците кои се опколени "херојски" се евакуираат и успеваат да ги за*бат Нацистите.
Јас колку што знам Хитлер намерно ги поштедил надевајки се на некаков мировен договор со Британците.
Па добар дил направи, Русија доби од него додека Турција и УСА изгубија по нешто. Не е финтата да се заработи пари или демек бфф сме туку тие работи се стратегиски и долготрајни. Русија покрај кеш доби муштерија долгорочно кој ќе треба да го снабдува и во иднина, успеа да го продлабочи јазолот помеѓу УСА и Турција, Турција ја избркаа од Ф35 програмата со што Русија доби потенцијален пазар за авиони (и шанса за понатамошна дестабилизација на НАТО), Ф35 програмата која стана историска ќе биде дополнитено продолжена поради потреба од градење нови фабрики кои досега беа во Турција.Имам читано дека ги сметал Британците за некаква блиска раса со Германците, впрочем и двата народи се дел од Германската група народи. После првата светска војна кралското семејство на Британија го сменило презимето кое дотогаш било Германско презиме и земало ново презиме Виндзор со цел да се намали гневот кај Британскиот народ и јавноста кој постоел кон се што било Германско поради големите страдања од првата светска војна.
Бил настроен да има мир со Британија, иако е н неизбежно кога тогаш две сили да војуваат меѓу себе, едноставно таква е природата. И да склопиле мир нацистите со Британија тоа би траело некоја година, кога тогаш би имало судири меѓу двете страни. Пример нацистите сакале експанзија да остварат на море и тука се судири со Британската кралска морнарица.
Чист пример е денеска со русофилите, мислат Путин направил добар дил со Турција и Ердоган и продавањето на оружје. А забораваат дека пред 3 и пол години какви тензии имаше меѓу двете држави поради соборениот авион на Русија. И кога тогаш пак ќе има уште поголеми тензии но и извесно судири меѓу двете држави, едноставно со тек на време ќе дојде до спротивставени геополитички интереси на двете држави по многу прашања.
Па добар дил направи, Русија доби од него додека Турција и УСА изгубија по нешто. Не е финтата да се заработи пари или демек бфф сме туку тие работи се стратегиски и долготрајни. Русија покрај кеш доби муштерија долгорочно кој ќе треба да го снабдува и во иднина, успеа да го продлабочи јазолот помеѓу УСА и Турција, Турција ја избркаа од Ф35 програмата со што Русија доби потенцијален пазар за авиони (и шанса за понатамошна дестабилизација на НАТО), Ф35 програмата која стана историска ќе биде дополнитено продолжена поради потреба од градење нови фабрики кои досега беа во Турција.
За тоа што се спречкале пред 3 години, и? Работите се менуваат, УК, Франција и Германија беа најголеми ривали едно време.
...Сериозно? Теорија на заговор не е аргумент.Пред неколку месеци нели онаа Цариградска патријаршија донесе одлука да ја признае Украинската православна црква. А само недела дена пред Цариградската патријаршија да ја соопшти таа одлука, погоди кој отиде во Киев во посета на тогашниот Украински претседател Порошенко?
Да да, Ердоган отиде во Киев во посета на Порошенко и Украина една недела пред Цариградската патријаршија да донесе одлука за признавање на Украинската православна црква.
Што мислиш случајно ли Ердоган беше во Киев?
Јас би кажал дека воопшто не беше случајност таа посета на Ердоган во период кога се чекаше одлука од Цариградската патријаршија и од Вартоломеј. Јавна тајна е дека тој Вартоломеј и таа Цариградска патријаршија е под влијание и на Ердоган и властите во Турција, но и под влијание на западните држави кои секако настојуваат расцепкување на православните држави и намалување на влијанието на Русија. Но и Ердоган и Турција си имаат своја математика и тие сакаат помало влијание на Русија врз регионот а со признаена Украинска православна црква и Ердоган си има математика.
Така да, јас воопшто не би се залетувал и занесувал дека Русија има долгорочна корист од овие навидум пријателски односи со Ердоган и Турција. Да ќе земат неколку милијарди од продажба на ракетни системи и веројатно ќе продадат и авиони и останато оружје, но немаат сојузник во Турција.
Не ти е споредбата на место со Британија, Франција и Германија, да војувале меѓусебно, но тие си подадоа искрено рака после 1945, и формираа ЕУ. А Русија и Турција што формираа, привремена коалиција во Сирија, и кога тогаш ќе пукне таа коалиција, едноставно такво е тоа гео-политичко подрачје, Турција ќе сака што поголем колач и влијание да има во Сирија и околината а тоа ќе е во спротивност со интересите на Русија.
Додека во меѓувреме Јапонија си тера со своите злосторства и масакри низ Кина. Претходната година го спроведоа Масакрот/Силувањето на Нанџинг, а еве ги тука, си тераат бизнис како и вообичаено.Полковник Накамура (Јапан), Генерал Шорт (САД) и Генерал Фон Ботичер (Германија)
1939-та г., воена вежба во САД
си немаат гајле (сега за сега)
Едно златно друштво у пичку матер......Додека во меѓувреме Јапонија си тера со своите злосторства и масакри низ Кина. Претходната година го спроведоа Масакрот/Силувањето на Нанџинг, а еве ги тука, си тераат бизнис како и вообичаено.
Како историјата се повторува, денес Иран, Северна Кореја, Сирија, па одново и Куба не им чинат на американците, ама затоа Саудиска Арабија им е` цвеќе за мирисање.