Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.215
Поени од реакции
32.208
Ајзенхауер сакал да отвори фронт во Франција, Черчил во Италија. Кога заглавиле во Италија се решиле дефенитивно да одат со сета сила во Франција.
Најпрвин Американците сакале Западна Европа. Британија не била спремна за тоа тогаш, а и не биле условите созреани за таму тогаш. Затоа заеднички се одлучиле за преку Северна Африка. На Американците, објективно, пред да го отворат Западниот им требало некоја уводна епизода - Да се окрвавават малку пред главното, да не идат директно и одма преку западна Европа.
И кога веќе така решиле, Черчил сакал на Балкан (он имал некаква фиксација со Балканот), ама не му прифатиле, па Сицилија било одлучено да биде следната станица (многу подобра опција отколку Балкан).
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
3.336
Поени од реакции
4.579
Инвазијата на Северна Африка и операција Факел е отпочната меѓу другото и поради фактот што колонијалните сили стационирани таму кои тогаш поради своите квинслишки влади дома служеле на силите на Оската, биле расположени за промена на страната со исклучок на мал дел офицерски кадар. Самото истоварување во Оран е драматично до последен миг поради фактот што покрај куп договарања (разузнавачки активности) сеуште било неизвесно како ќе се одвиваат работите. Комплетен пресврт има кога е извршен Атентат на Адмирал Дарлан како врховен командант на сите француски сили на територијата на Северна Африка после што се расчинети сите негови поддржувачи итн. Па формирање на силите на Слободните Французи, Де Гол, Леклерк...

Некој спомна претходно дека Черчил го форсира Балканот како следна точка на инвазија со што влегува во директен судир со Ајзенхауер, за што и едниот и другиот имаат пишувано во своите мемоари за ВСВ.

Ајзенхауер настапува од позиција на чиста воена стратегија за пораз на нацистичка Германија во најбрз можен рок за разлика од Черчил кој тогаш уште ги начнува британските империјални интереси на Балканот, особено околу Грција. Тогаш присуството на САД на Балканот а и директните интереси се минорни при што како главни носители на инвазионите сили во целост ја отфрлаат идејата на Черчил, што пак не го спречува нешто подоцна да ја испрати прекалената во борбите во Северна Африка 7ма околопна дивизија т.н Пустински стаорци во амфибиски десант во Грција и ги впушти во директна борба против Демократската Армија на Грција (левицата) затоа шо германската Армиска Група Е е веќе повлечена и не постојат организрани окупациони борбени формации ...и еве до ден денес тие традиционални монархистички сојузништва и нивните империјални интереси траат.
 
Последно уредено:
Член од
29 декември 2007
Мислења
275
Поени од реакции
566
Инаку имало и наш човек што загинал во Нормандија. Денес прв пат слушнав за ова.
Се разбира интересна приказна. Но ако (според Википедија) имало 50-60 илјади имигранти од Македонија пред WW2 (тогаш САД има 100 милиони) , значи од 2000 Американци еден е со македонско потекло. Тоа значи од 10 илјади загинати Американци во Нормандија околу петорица се со македонско потекло. Исто и околу 200-300 загинати во Пацификот, Франција, Италија итн..

Е сега да ти кажам за моите два чичковци кои биле градежници во Иран/Персија за време на војната. Во август/септември 1941 има Англо-Советска инвазија на Иран и сите кои се од сојузничките/окупираните територии (Југославија во овој случај) мораат да се приклучат кон една од тие арммии. Мене ми е нејасно зошто не одат заедно во една опција, сеедно, едниот оди ви англиската армија, загинува некаде во Италија, другиот е во Црвената армија и всушност успева да преживее. Кога доаѓа 1948 оди за Голи Оток, како сомнителен елемент и умира не така долго после распушатање од таму во пеесетите.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.215
Поени од реакции
32.208
Прадедо ми, по почетокот на војната на Балканот, отишол на Крит, па во Северна Африка, па во САД.

Патем, еве една споредба по модели од Источен Фронт:
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
3.336
Поени од реакции
4.579
Прадедо ми, по почетокот на војната на Балканот, отишол на Крит, па во Северна Африка, па во САД.

Патем, еве една споредба по модели од Источен Фронт:

Hummel vs SU-152 им е погрешна класификација.

Има некоја логика класификацијата ако се изостават податоците кога станале оперативни како дел од борбените формации.

Извор ме интересира и во кој контекст е поставена.

Патем речено го пропушти одбележувањето на датумот на отпочнување на операција Барбароса.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.215
Поени од реакции
32.208
Hummel vs SU-152 им е погрешна класификација.

Има некоја логика класификацијата ако се изостават податоците кога станале оперативни како дел од борбените формации.

Извор ме интересира и во кој контекст е поставена.
Не сум ја толку зумиран на тенкови како повеќето кои се интересираат за Втора Светска и скроз може табелава да содржи невалидни споредби, затоа што не ги правеле они сите свои тенкови во функција да бидат пандан на некои противнички. Инаку, ја најдов сликава у интернет група за воени игри.

HummelПатем речено го пропушти одбележувањето на датумот на отпочнување на операција Барбароса.
како и многу други датуми (намерно, за да незамарам стално)
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
455
Поени од реакции
188
бугарската окупација ,картата на цела Македонија во позадина ама неможам да прочитам точно што пишува
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
8.291
Ццц, кога биле бугарите, сме можеле да мафтаме со вакви мапи. Сега...
 

Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
9.091
Поени од реакции
10.623
Зашо е навредливо да наречеш германец шваба?
Не знаев каде да го постирам.. ако треба нека се премести..

А и горе неможев да си најдам соодветен одговор на интернет.
Не е навредливо туку неточно. Швабите се Германско племе кое живее во јужна Германија односно во Баден-Виртемберг (Штутгарт, Улм) и делови на денешна покраина Бавариа (Аугсбург). Навредата можеби постанува од тоа што во поранешна СФРЈ, мислам Војдводина, живееле Германци кои се нарекуваа/беа нарекувани Дунавски Шваби па можеби тоа има некоја врска.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.215
Поени од реакции
32.208
Артиклов прашува што се десило со средствата за војување после Војната и притоа дава податоци за тоа колкаво било производството на истите за време на војната (39-45), што според мене е ирелевантно затоа што во бројот на оружја и орудија кои останале после војната влегуваат со огромен процент и истите кои веќе биле произведени до датумот 1 септември '39-та. Тоа се оружјата и орудијата со кои земјите влегле во војната.
На пример, СССР влегол со 25-35.000 оклопни возила и така натаму.
 
На врв Bottom