Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.560
Поени од реакции
38.682
Не знам како ги споредувате Хитлер и Сталин, едниот бришел цели народи а другиот политички неистомисленици. Има огромна разлика во тоа, Хитлер да одлучел да ве направи сапун тука сите, би ве направил, за разлика од Сталин кој би ве експлоатирал и би убил неколку души што му сметаат.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Не знам како ги споредувате Хитлер и Сталин, едниот бришел цели народи а другиот политички неистомисленици. Има огромна разлика во тоа, Хитлер да одлучел да ве направи сапун тука сите, би ве направил, за разлика од Сталин кој би ве експлоатирал и би убил неколку души што му сметаат.
Има одлучено само не стигнал (Итлер).
 
Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Почивал во мир или не, неговото дело живее и последиците од истото ќе продолжат да се чувствуваат низ вековите, а неговите денешни истомисленици и следбеници активно работат на тоа, но тоа не е најлошата вест. Најлошата вест е дека неговите денешни истомисленици и следбеници активно работат и на продолжување на неговото дело, не дај Боже некогаш - било кога - да успеат.
Јас го поддржувам. Бидеќи мораше до некаде да се скастре плевелот . А и малце беше тоа. Знаеш зашто ? Затоа што и нас македонците требаше да не сотре барем да куртулеме од срамовите што ги правеме ширум светот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.478
Поени од реакции
11.525

Тапа ти е` математиката, бидејќи кај нас плевелот ни малку не го исчистил - а имал нешто повеќе од 3 (ТРИ) години за да ја заврши работата.

Затоа денес го имаме плевелот во власта откако го амнестиравме и легализиравме после 2001 година - со помош на наследниците на тој скаструвачот на плевел, се разбира.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.729
Да кажеше политичка или злосторничка паралела можеби ќе се согласев со тебе, но морална паралела и тоа како само може да се повлече помеѓу нацизмот, сталинизмот и западот - и едните и другите ги извршувале/извршуваат своите злосторства со лажни изговори: лажен напад од Полска врз германска радио станица, крстоносна војна против болшевизмот, лажен напад од Северен Виетнам врз американски разорувач во Тонкинскиот Залив, оружја за масовно уништување во Ирак... листата е бесконечна.

Сите се воделе/водат според макијавелистичкиот принцип кој гласи дека целта ги оправдува средствата - без разлика какви ќе бидат последиците.
Политичка, злосторничка?
Не. За морална паралела зборам, која е непостоечка.

На моралното скалило кај Оската го имаш Хитлер, кој е најниско.
На моралното скалило на сојузниците на негово ниво, паралелно со Хитлер, нема никој - празно е. Нема морален еквивалент кај сојузниците и не може морална паралела да се повлече.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.478
Поени од реакции
11.525
Политичка, злосторничка?
Не. За морална паралела зборам, која е непостоечка.

На моралното скалило кај Оската го имаш Хитлер, кој е најниско.
На моралното скалило на сојузниците на негово ниво, паралелно со Хитлер, нема никој - празно е. Нема морален еквивалент кај сојузниците и не може морална паралела да се повлече.
Па би рекол дека си во право, на крајот на краиштата, на Минхенската Конференција во септември 1938 не присуствуваа само фирерот и неговиот италијански пријател и колега, туку и нивните колеги од Велика Британија и Франција, кои потпишаа доста пријателски - а може да се каже и неморален - договор со Нацистичка Германија и Фашистичка Италија, а кој беше на штета на националните интереси и слободите на Чехословачка.

Ама затоа кога 11 месеци подоцна, во август 1939, Советскиот Сојуз го потпиша договорот за ненапаѓање со Нацистичка Германија, познат како Договорот Молотов-Рибентроп, СССР испадна неморалната страна, додека западот беше бранителот на... навистина, кого западот го бранеше во 1938 и во 1939 година ?

А да, ми текна, ги бранеше империјалистичките интереси на Велика Британија и на Франција.

Невил Чемберлен за Чехословаците изјави дека се` луѓе за кои не знаат ништо, ама затоа нешто повеќе од 1 ипол година после потпишувањето на Минхенскиот Договор, кога Нацистичка Германија ја окупираше Франција во мај 1940 и јуни 1940 година - меѓу другото, и со чехословачки тенкови, господинот Чемберлен очигледно научи нешто за Чехословаците пред да поднесе оставка и пред да почине подоцна истата година.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.729
Договорот помеѓу Стаљин и Хитлер е договор за ненапаѓање, со тајна клаузула за поделба на Источна Европа (Полска, балтичките, Финска и Романија). По тој договор Полска е поделена, балтичките окупирани, делови од Финска анектирани.
Никого не окупираше Британија како резултат на Минхенскиот договор, но дозволи Германија да ја окупира Чешка.

IMO, првиот договор е далеку понеморален и понеетички.
 
Точно, Русите секогаш доцнат и последни доаѓаат на журката - историски е така низ вековите, но кога конечно ќе пристигнат, секогаш се трудат од петни жили да бидат подобри и полоши од сите присутни на журката.

Но за жал, западот секогаш остава пример кој подоцна Русите го следат.

Француската Револуција со себеси ги донесе Максимилијан Робеспјер и државниот терор, а подоцна и Наполеон Бонапарта и францускиот империјализам.

120 години подоцна, Февруарската буржоаско-демократска револуција од 1917 година во Русија стави крај на царизмот во Русија, а Октомвриската социјалистичка револуција од 1917 година во Русија со себеси ги донесе Феликс Џержински и Црвениот терор, а подоцна и Јосиф Висарионович Сталин и советскиот социјалистички империјализам.

Велика Британија и Франција први потпишаа договор со кој и` отстапија на Нацистичка Германија територија која не е нивна, туку на држава која воопшто не ги имаше овластено Велика Британија и Франција да преговараат во нејзино име со Нацистичка Германија, па Советскиот Сојуз одлучи да ја игра истата игранка, само на многу поголемо - и се разбира, понеморално ниво.

Проблемот со Русите е во тоа што не само што сакаат да го копираат западот, туку сакаат и да го надминат.

Петар Први Романов, познат како Петар Велики, во Русија ги донел современата морнарица, современата облека и современата архитектура за тоа време - позната како барок, ама затоа неговите наследници преминале кон претеризам, кој е повеќе од забележлив во нивните барокни палати, кои изобилуваат со премногу скапи и луксузни елементи, бидејќи ако Версај е убав и богат, тогаш Русија мора да биде поубава и побогата.

За жал, ваквото натпреварување помеѓу Русија и западот секогаш резултира со висок цех кој обичниот Русин го плаќа или во долгови или во човечки жртви.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.729
Велика Британија и Франција први потпишаа договор со кој и` отстапија на Нацистичка Германија територија која не е нивна, туку на држава која воопшто не ги имаше овластено Велика Британија и Франција да преговараат во нејзино име со Нацистичка Германија, па Советскиот Сојуз одлучи да ја игра истата игранка, само на многу поголемо - и се разбира, понеморално ниво.

.
Секако ова наше зафаќање со морални и етички мерења е беспредметно кога станува збор за практична меѓународната политика и дипломатија, која и денес, но порано особено, немала баш обзир кон морал и етика, туку кон интереси. Без разлика кои и да се јавно прокламираните вредности.

Дури и подоцна толку обжалената Полска, изигра крајно неетички кога на Чехословачка и беше потпишана смртната казна. По окупацијата на Судетската област, и тие се заканија со сила и побараа да им се отстапи делче од Чешка во кое живеат Пољаци, па тоа и беше направено од немоќната чехословачка власт.
 
Еее така, да ти се позлати тастатурата.

А денес Полјаците се` претставуваат себеси како жртви на Втората Светска Војна и на Холокаустот, па и со закон забранија да се спомнува во полската јавност дека Полјаци свесно и намерно ги предавале полските Евреи на нацистите - во замена за парична награда, се разбира.

Затоа Евреите кои бегале низ Полска за време на Втората Светска Војна, вообичаено бегале во придружба на католички свештеник, бидејќи додека Полјакот не жали да го предаде Евреинот, Русинот, Чехот или Словакот, сепак пред Бога не може да си дозволи да биде предавник ако предаде и некој од Неговите претставници на Земјата.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.729
За воља на вистината СССР прва го прекрши Минхенскиот договор (односно неговата тајна клаузула), со анектирање на Бесарабија и Сев. Буковина, кои беа дел од Романија, која беше под германска капа, според договорот.
СССР кога потпиша договор со Германија, беше нападната од Јапан (Манџурија vs Монголија,кај Халкин Гол - и двете марионетски држави), а кога после тоа потпиша договор со Јапан, беше нападната од Германија.
Тоа само е само еден од многуте показатели на степенот на некоординираност и никаква глобална стратегија кај силите на оската.
 
Сакаше да кажеш договорот Молотов-Рибентроп.

Првиот и единствениот прекршувач на Минхенскиот договор е Нацистичка Германија, која го прекршила во март 1939 кога ги окупирала преостанатите територии на Чехословачка.

Советскиот Сојуз не бил ниту поканет, ниту учесник на Минхенската Конференција во септември 1938, ниту бил потписник на Минхенскиот договор за воопшто да мора да го почитува, па затоа не можел да прекрши договор што не го имал потпишано и ратификувано.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.729
Имаше предавање за Курск, во руски културен центар, по повод Денот на Победата.
Одприлика едно 45 минути беше. Не беше лошо, онака за широки народни маси. За тоа времетраење толку може. Позитивна оценка.
Секако, имав неколку замерки чак и за тоа народно ниво, али генерално - добро беше.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom