Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Македон91, 6 март 2010.

  1. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.070
    Допаѓања:
    29.479
    Ох, премногу има врска.
    Војната официјално трае 6 години. Германската супериорност (во подобри тенкови и сл.) започнува во четвртата година, кога веќе се знае кој ќе биде победникот. Башка што таквата супериорност не е подржана со квантитет на производство.
    Нема ефект врз исходот на војната.
    Германците кога беа непобедливи (во текот на серијата: Алзас, Австрија, Судети, Чешка, Полска, Данска, Норвешка, Франција и Бенелукс, Балкан, почеток на Барбароса) беа инфериорни во тенкови, механизација, ....
    Германските чудесни воени проекти стратегиски беа лошо обмислени: доцна изведени, непрактично произведувани, во смешни серии (во однос на противничкото производство).


    Француските и британските тенкови се директно подобри од германските во 1940, тоа не е никаков мит и можам со податоци да ти го покажам. Тактички начинот на кој се употребуваат тенковите епредноста на Германците.
    Додека мит е баш тој јуриш на пољски коњаници врз тенкови.


    ОК, тука веќе покрај тоа што имаш празни нагаѓања и констатации со никаква заднина, имаш и премногу неточни работи на едно место (Не знаеш што е фронт, како прво, па после друго. Да се има трупи некаде воопшто не значи дека тоа е фронт ), а јас за жал немам до толку време, за некому да објаснувам 2+2. А и нивото на дискусија ти опаѓа до рамништа на кои не фигурирам.

    На пример, што воопшто значи ова:
    ни ти не знаеш.
     
    На Gag, Klin и callejón de la muerte им се допаѓа ова.
  2. callejón de la muerte

    callejón de la muerte

    Член од:
    28 декември 2015
    Мислења:
    711
    Допаѓања:
    953
    Веројатно си гледал документарец за Михаел Витман, но 4 години пред неговиот подвиг, Пјер Бијот на Шар Б го направил истото во уште полоши околности по него отколку Витман. Да не ти досадувам со текст еве ти видео за таа случка :

    https://www.youtube.com/watch?v=rBdOp4Btfrg

    Други се причините за успесите на германските сили, наједноставно затоа што имале независни околопни сили каде се групирала маса на оклоп на одреден дел од фронтот а не како французи, пољаци и останати кои ги користеле тенковите расцепкано, само за подршка на пешадија (оние потешките, спорите и со подебел оклоп, како овој Шар Б погоре) или коњицата (полесните и побрзите, заедно со оклопни автомобили и полугасеничари). Германците имале радио во секој тенк и однапред зададени задачи кои со голема подршка на авијацијата ги постигнале пробивајќи ги пешадиските линии на пољаците и французите кои имале тука и таму по некој тенк или ПТ. Германија скоро и да не држела тенкови во резерва за разлика од Полска и Франција кои воопшто не ги употребиле половина тенкови кои стоеле складирани во депоа очекувајќи долга и исцрпувачка војна како пред 25 години.

    Тоа што Вермахтот чехословачките и француските тенкови во илјадници примероци ги ставил во своја служба треба да ти каже нешто, заедно со продолжувањето на нивно производство во окупираните подрачја под германска управа.
     
    Последно уредено: 3 јуни 2018
    На Klin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Klin

    Klin Колце

    Член од:
    6 јануари 2014
    Мислења:
    3.142
    Допаѓања:
    3.768
    Има некои помешани работи, прво точно е дека британските и француските тенкови на почетокот на ВСВ биле далеку подбори од германските, меѓутоа тоа се однесува на она шо тогаш било класифицирано како тешки тенкови кај французите или тенкови за поддршка на пешадија кај британците. А овие ги немало во голем број и само командното возило од формацијата било опремено со радио врска од краток/среден домет, па преку визуелна сигнализација составена од знаменца и гестикулации се пренесуваат наредби до останатите во формацијата.Не се применуваат како дел од пешадиските формации туку како засебни формации кои само помагаат на пешадијата за разлика од германците кои веќе имаат формирано оклопно механизирани единици - panzer grenadiers.

    Од трите важни елементи кај секој тенк, мобилност, оклоп и огнена моќ тие биле само добро оклопени. Широки екстерни гусеници наменети за преминување преку рововите од Големата војна, воглавно артилериски топови прилагодени за поставување во купола(балистички несоодветни за ПО броба) со брзина на движење на еден пешадиец кој би требало да го поддржуваат како примарна улога во состав на вооружените сили од кои биле дел.

    Најголемиот дел од оклопната комоненета била т.н танкети кои и британците и французите ги користеле за против востанички дејства низ своите колонии, а кои беа скоро неупотребливи во против окопна борба. Германците најблиску до ова го имале лесниот PZKpfW 1, кој е супериорен во поглед на било која танкета.

    Сума сумарум французите имале подобри тенкови од германците на почетокот на ВСВ меѓутоа не во доволен број и биле користени како дел од една застарена воена доктрина.
     
    На Кариес му/ѝ се допаѓа ова.
  4. demjan lacky

    demjan lacky

    Член од:
    20 јануари 2013
    Мислења:
    334
    Допаѓања:
    360
    Море што има врска фронт дрнде мрнде кога тој има распрскано цела воена машинерија на цел континент,добро на балканот немаше фронт ама армиската група Е броеше 200 ооо луге...неможе да победиш кога на сите страни имаш битки
    Калашниковот е изведен врз база на првата јуришна гермнска пушка... не замарај со години кога што било мојта цел беше во оваа дискусија дека беа далеку пред другите... Сакаш да кажеш дека ме262 го направиле во очај или Тигарот ...јас би рекол дека го направиле кога воената индустрија зела свој замав...
    Пагале илјадници балистички ракети во Лондон ,кои доколку не биле тамо би биле на Москва...
    не ми се пишува и мене ме мрзи...
    --- Споено дупло мислење, 3 јуни 2018 ---
    Добро ова горе што го наведуваш не ти изгледа истото што го зборувам и јас,значи Франција како најака земја во тој период со технички појаки тенкови губи од до тогаш не видена напредна тактика ...најаката армија губи од некој нови прегрупирања со радио врски и тактики кој се користат и ден денес
     
    Последно уредено: 3 јуни 2018
  5. Klin

    Klin Колце

    Член од:
    6 јануари 2014
    Мислења:
    3.142
    Допаѓања:
    3.768
  6. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.070
    Допаѓања:
    29.479
    рано е
    у шес и пол ќе биде
     
  7. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.070
    Допаѓања:
    29.479
    [​IMG]
    Центарот на Сталинград точно пред 65 години (23 септември 1942).

    Одлучувачки продор на Германците во центарот на градот, кон Волга. Советите притиснати до брегот. Тројката у средина е потполно опколениот Прв Батаљон од 42 Регимента, при 13-та Гардијска Дивизија. Се борат пет дена, по што преостануваат само неколкумина ранети кои успеваат да се пробијат до брегот, до остатокот од 42-ра Регимента. Другите гинат.
     
    На callejón de la muerte, LordDragonII и mendieta им се допаѓа ова.
  8. callejón de la muerte

    callejón de la muerte

    Член од:
    28 декември 2015
    Мислења:
    711
    Допаѓања:
    953
    Регимента нели беше Полк по нашки? :)
     
    На Klin и Beric Dondarrion им се допаѓа ова.
  9. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.070
    Допаѓања:
    29.479
    И ја така мислев. Али не бев сигурен баш, па пишав регимента.
    Пошто полк - полковник, а на англиски полковник е колонел. (иако тоа не мора да значи ништо)
     
    На callejón de la muerte му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.070
    Допаѓања:
    29.479
    На денешен ден (19 ноември) започна операцијата Уран, чија цел била да се пробијат слабите крила на Армиската група Б и да се заобиколи Шестата армија во Сталинград.
    У пет саат сабајле почна пробојот против Романците на Север (види мапа).[​IMG]
    А на 20-ти ноември почна пробојот и на јужното крило кое го држела германската Четврта тенковска армија.
     
    Последно уредено: 19 ноември 2018
    На callejón de la muerte, LordDragonII и Bateman им се допаѓа ова.
  11. GG-BG

    GG-BG

    Член од:
    4 октомври 2017
    Мислења:
    115
    Допаѓања:
    97
  12. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.070
    Допаѓања:
    29.479
    Помеѓу повоената антибугарската пропаганда од југословенска страна и повоената антијугословенска пропаганда од бугарска страна, денес на просечен Македонец навистина му е тешко да установи што точно се случувало. Треба да имаме в предвид дека тие пропаганди го труеле светогледот, перспективата на луѓето од двете страни на границата, цели педесет години, па и нешто повеќе.
     
    Последно уредено: 26 декември 2018
    На GG-BG му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    7.155
    Допаѓања:
    12.134
    se nablizuva bozik... i slucuvanjata na skopskoto Kale vo 45 godina,spremajtese za muabet po taa tematika..Za Solun Da,Za Srem NE...koja e vistinata,zosto ne se trgna za Solun, imase li strelanja,kade i od kogo ? Koj bea strelanite a koj egzikutorite, SE krie li nesto do sega. Ima (li) zivi svedoci se uste da posvedocat.
     
  14. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.070
    Допаѓања:
    29.479
    Леток со кој ГПУ при НКВД им ја честиташе новата 1943-та година на германските војници во сталинградскиот џеб.
    [​IMG]
     
    Корто Малтезе, lazzy^, Sawyer88 и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.070
    Допаѓања:
    29.479
    На денешен ден, Паулус ја одби советската (прилично великодушна, со оглед на условите) понуда за предавање. Советските преговарачи се вратија од германските позиции, па Рокосовски и Воронов немајќи избор ја започнаа последната операција од оваа гигантска битка. Операција за чистење на сталинградскиот џеб, која ќе заврши на втори февруари.

    [​IMG]

    Понудата за предавање без крвопролевање била пуштана на разглас, а биле пуштани и летоци.

    [​IMG][​IMG]
     
    На Sawyer88 и lazzy^ им се допаѓа ова.

Сподели преку: