Точно, и токму тука лежи коренот на нацистичките порази во 1943 година, бидејќи фирерот веќе еднаш постапил правилно, од сега па понатаму секогаш е во право, ама воената логика на бојното поле говори нешто поинакво - дека воените авантури без прифаќање на советите на професионалните воени офицери наспроти личното суеверие и личното его на австрискиот каплар, можат да резултираат катастрофално за воената страна која се води според нечии лични уверувања наспроти военото планирање и стратегијата за офанзива, дефанзива и статус кво.
Морам да кажам дека погрешно се изразив - не било тоа за прв пат да им се меша, им се мешал и пред тоа. Но, да - од тогаш го удрил малце појако delusion of grandeur-от во глава.
Интересно е како
40-41-ва го имаме Хитлер кој го прифаќа иновативниот пристап на Манштајн*, при Fall Rot (француската кампања) и го имаме во исто време Стаљин, кој за време на почеток на Барбароса, својот став и лично уверување го става над се (над разузнавачите, извештаите, јавувањата, над логиката и очигледното). И двајцата се движат во спротивна насока, па го имаме
по некоку години Хитлер кој стигнува до таму да се занимава, како што реков, дури и со батаљони, а од друга страна го имаме Стаљин кој само бара резултати од Жуков и Коњев, оставајќи да си ја вршат работата.
Ако земеме дека кај Хитлер некаква преломна точка е неговата исправна одлука при стабилизацијата после Тајфун, тогаш кај Стаљин веројатно преломна точка е отрезнувањето после првите катастрофи, кога седум дена не се појавувал, а од официјални изјави кон јавноста го имаме само Молотов и рускиот патријарх. Кога мислел дека ќе го уапсат (како што подоцна му признал на Хрушчов), а они дошле само да го прашаат што да прават.
Стаљин е далеку поприземен од Хитлер, селски итар и параноичен. Без митски парван зад себе, тој нема самоувереност во сопствено месијанство, што му овозможува да учи од сопствените грешки.
А Хитлер смета дека божјото провидение го ставило таму кај што е, увереноста в сопственото месијанство не му дозволува помрднување од апсолутот кој си го припишува. Тој има митови зад себе. Впрочем целата идеологија суштински му се заснова на митови.
* до душа одма после тоа не пропушти да ги земе ловориките за тоа[DOUBLEPOST=1522274407][/DOUBLEPOST]
Геноцид рамнен на холокаустот е сојузничкито бомбардирање на Германија и Јапонија, но победниците судат и пресудуваат.
Па не баш. Геноцид рамен на холокаустот е убиството и смртта на 15 милиони цивили при окупацијата на Кина од страна на Јапан и убиството и смртта на 17 милиони цивили при окупацијата на СССР од страна на Германија.
Велам убиствата и смртта затоа што не се сите убиени, некои умреле од глад, болести и други лоши услови кои се директна последица на окупацијата.
Сите зборуваат за два милиони силувања врз германските жени 45-та, а никој не збори за десет милиони силувања на советските жени 41-ва до 44-та.
Не велам дека силувањата од страна на Русите не се злосторства, ниту пак тепих бомбардирањата на сојузниците, но си има градација и каузалност.
Една од најужасните мисконцепции за II С.В. e воспоставувањето на морално израмнување на двете страни. Тој баланс е мит и едноставно, фактите и бројките го негираат.
Втора Светска Војна е можеби единствениот голем конфликт каде што поразените страни имаат далеку помали жртви од победничките страни и далеку помала штета.