Одлична беше собиранката, јас си пројдов супер. Се сеќавам дека беше многу весело и разиграно, запознав многу луѓе...
Прв ме пречека Трнот, бреееј една висина, строен, извишен како бор, требаше на столче да се качам за да го гушнам.
Ацид и Скул, не стигнав да си направам муабет, забављаа други гости, нареден пат, ама важно се видовме.
ВикторГ....гледам некој орбитрира како слободен сателит исто како мене, изгубени и двајцата, си седавме на средина, два збора и ни тргна забавата. Супер кул личност!
Тончи, еден ќотек ќе му удрам, колку да ме памти за наредниот пат, оти сега не се сети на мене :wink:
И за Мистик еден ќотек, пошто и тој не ме препозна
Штета, во целата таа гужва не стигнавме да се видиме, само малку си поприкажавме.
Римз, кул чоек, супер друштво за џускање......поздрав до него и до Дамјан.
ДимитарЦ, од нигде/никаде ми се појави и баш ме израдува, го немав видено цела година. Машко, организирај едни гирици и јавуј.
Ада, ведра, насмеана, easygoing, супер!
Сусаро, the pleasure was all mine! Комуникативен, позитивен, отворен, да ти е мерак да разговараш. Инаку, у меѓувреме се расрашав за бурек, најдобар бил во "Фурна" на Јајапаша, башка работи цела ноќ.
Бада, beautiful mind, да се изненадиш колку многу ум за тие години ....кој вика дека Бада не праи муабет? Баш е зборлест! :smir:
Сит Лорд, милина разлеана, таква убава насмевка треба светот да ја види....косата нареден пат јас во репче ќе ти ја фатам, така да си знаеш
Прекрасен човек!
Ла Еспањола, ептен, ама ептен мила девојка, криво ми е само што дојде, се запозна и му ја здувна. Нареден пат ќе ја бркам кај што ќе ми бега.
Дотичната, мало, весело, се изгушкавме, баш ми е драго што те видов.
Форчун, лепото охридска, не успеавме да сврземе два реда муабет, ама затоа бакнежи летаа на сите страни!
Серпико, море и ти си лепота охридска да знаеш
Шала на страна, таков шарм ретко се среќава. Џентлмен до коска!
Псај, лелееее колку си високааааа, се изненадив кога те видов. За колку си убава од порано си знаев.
Се запознав и со многу други, ама онака набрзински, уз играње, си газевме на стапала, Вотка, Бушав, Мр. Викет, Батистута, П. Овердрајв, Спајдер, Немирна, Френки......нека не ми се лутат другите кои не се спомнати, ама делови од вечерта како низ магла ми се. Ко зомби се осеќав, претходниот ден дојдов, после 24 саата пат и сеуште на канадско време функционирав, главата тупан ми беше. Нека ми простат и сите што не стигнав да ги запознам, нека биде тоа прилика за наредно собирање.
И за крај едно фала до Гижо што ми правеше друштво за на бурек, ама не си ја измрси брадата како мене. Cheers Гижо!
p.s. Btw, супер се трите фотки кај што ме има. Среќниот добитник должи еден локум и боза. :wink: