Tи.
Ти си многу повеќе отколку што ми се прикажуваш.
Шест години и уште се грижиш за твојата слика кај мене. Повеќе си од само слика, ама нека.
Никој човек не е остров, не си ти исклучокот. Не можиш сам, никој не може сам.
Ти си многу повеќе отколку тоа содробениот парацетамол што го шмркаш, рејвовите и техното што ќе се смеат ако им кажам дека до пред три години слушаше турбофолк, "другарите" на кои можам да им кажувам приказни од времето кога не знаеше ни цигара да држиш.
Ти си многу повеќе, многу повеќе. Ама ќе победат. Овие што те направија ваков погоре.
Ако продолжиш, ќе победат. Тие и сега извикуваат дека на никого нема да му недостигаш.
И реално, на никого ни нема.
Кога последен пат слушна те сакам од некој друг освен од мајка ти? А можеби и таа да престанала да ти кажува, што не би ја обвинила. Ќе умреш еден ден да го слушнеш, затоа што никогаш не беше спремен да го кажиш прв.
Ти си многу повеќе, само ако успееш да си признаеш на себеси прво какво гомно си. Се почнува од свесноста за себеси.
Ти си многу повеќе од само име и презиме. Јас тоа го знам, а ти?
Ќе ти го пишам овоа за роденденот. Нема да допрам до тебе, тоа никогаш не успеав. Ама па можеби нема оние да победат. Можеби ќе си го земеш животот во твои раце пред да е предоцна.