- Член од
- 31 август 2017
- Мислења
- 13
- Поени од реакции
- 47
Сакам да заминам. Сакам веќе извесно време, ама никако да соберам храброст.
Што е ова меѓу нас? Кој би можел да го објасни? Љубов, омраза или ништо од тоа? Што е тоа што не тера да се однесуваме така? Како крвни непријатели постојано се повредуваме и тоа најболно што може. Лаги, премногу лаги, премногу неизвесност, премногу недоверба. Крв од очи ни тече кога сме лути. Страсни во кавгите исто како и во кревет. А само некој час да не сме заедно ужасно си недостигаме. Па ми велиш 'Дојди злато, па макар и да се распердашиме. И кавгите со тебе ми се помили од било што друго'.
И кога си легнам навечер сама и покрај тоа што вријам од бес, не можам да не помислам како си поминал денес на работа, дали си нервозен, дали те боли ногата. А само сакам да ти се обесам на врат, го залепам моево тело до тебе и само те гледам, од очи ти читам колку ме сакаш. Да ти седнам во скут и додека те душкам како кученце ти ми велиш дека и последниот здив би го дал за мене.
И тогаш кога сум сама со солзите, сфаќам колку си ми влегол под кожа, дека ми требаш како воздух, дека без тебе се гушам.
Ама се плашам, премногу се плашам. Се она што мислев дека е лага полека станува вистина и тоа ужасно ме плаши. Што ако си ти навистина спремен да направиш се за мене? Да оставиш се? Не можам толку товар да носам на плеќиве.
Ме притискаш, чувствувам како да немам избор, па најлесно ми е да избегам. Или сум јас толку подготвена да се борам за нас. Можеби си во право кога велиш дека не сум сериозна, дека само сакам да си играм. Ама кавгите...? Да не се чувствата така вистински, ни кавгите нема да се така болни.
Што сме ние и што правиме заедно? Толку ли сме луди, мазохисти или само премногу темпераментни? И можат ли двајца така темпераменти да имаат мирен, хармоничен живот како што посакуваат? Да не знае човек што е потешко, да замине или да живее вака.
Те сакам, премногу те сакам. Но морам да заминам. Премногу сме слични за да останеме заедно. Велиш некогаш правам да леташ во облаци, но знам и подот со тебе да го избришам. А тогаш кога крвариш, завиваш како рането животно не те сакам. Ни себеси не се сакам таква, а правиш да биде така. Морам да заминам, да не биде она find what you love and let it kill you, зошто човек не е жив ако некој духот му го убие. Ти можеш се да направиш за мене, само не и да ме прифатиш таква каква што сум. Ни јас тебе.