Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
22 август 2022
Мислења
606
Поени од реакции
1.877
Некогаш бетер од жена у ПМС си, жими сѐ.
И знам дека уклучуваш на тренслејт и се триповаш уште толку.
И така и во лице ти имам кажано.
Нема секогаш по правилник да се однесувам. Емотивни односи се ова. Некој ќе викне, некој ќе претера, некој ќе се налути.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.112
Поени од реакции
1.567
Try muah-muah, try jaga-jaga Try m-m, I need it, need it Again, it feels like my head is spinning around My marmalade, I messed up
Try muah-muah, try jaga-jaga Try m-m, I need it, need it Again, it feels like my head is spinning around My marmalade, I messed up
Автоматски споено мислење:

https://youtu.be/XqJosdWocto?si=rRdtMA9QuKo8WmcT
i just wanna get high with my lover Veo una muñeca cuando miro en el espejo Kiss, kiss
Looking dolly, I think I may go out tonight I just wanna ride, get high in the moonlight
I just wanna get high with my lover Veo una muñeca cuando miro en el espejo Kiss, kiss
Looking dolly, I think I may go out tonight I just wanna ride, get high in the moonlight
 
Последно уредено:
Член од
22 август 2022
Мислења
606
Поени од реакции
1.877
:rolleyes::love:Ги имаш најубавите љубоморни испади на свет. :D А и сам знаеш дека не се оправдани. И само затоа што си вака искрен не ти замерувам. Кај ќе најдам во ова време чоек што ништо што му стои на душичката не може да скрие. Не грижи се, јас не те издавам. Секогаш биди си како што ти е во срцето. Јас сум ти ортак во сѐ, на вистинската личност се доверуваш, I promise you that.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.025
Денес ти е роденден, а не сум во можност да ти кажам во живо. Нека ти е среќен.
Ти си предобар човек и го заслужуваш најдоброто.
Ми недостасуваш.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.934
Поени од реакции
8.567
Кога љубовта е силна, бојата на S-class не игра никаква улога.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
606
Поени од реакции
1.877
Откако ни започна одбројувањето, мислите сѐ почесто ми патуваат кон нас, какви сме, како почнавме, како продолжуваме.
За првпат овие мисли не биле вклучени за време на врската, туку еве кога веќе се спремаме за чекор погоре, ете таа безгрижност ми ја даде во последниве месеци, скоро година. Ни овозможи една здрава опуштена врска во којашто и двајцата сме комотни во сопствените лица, табиети, нервози...

Да ми кажеше некој дека ќе бидам благодарна за сите солзи, разочарување и разделба, за сѐ она неубаво што ни се случи 2021, немаше да му верувам. Нашиот проблем не беше во ѕидовите, туку во темелите. Затоа мораше сѐ да се сруши, ама онака со динамит, безмилосно, да не остави трага за да се исчисти убаво за нови темели, поубави од кога било. Се заколнав дека веќе за не мене не вредиш ни да те плукнам. А, нема да го заборавам муабетот на другарка ми тогаш, аа оваа што ви се умеша ептен рано почна да објавува стотици фотографии и очајно да обележува територија. Нешто не ќе да е мирна, овој нема лесно да те заборави. Тогаш не ја регистрирав. Јас сум позната по тоа што не давам втори шанси ни на некои роднини. Јас еднаш бришам.

Но, веќе никогаш нема да бидам толку категорична во ставовите. И освен своите инстинкти веќе никого нема да слушам. Така се договоривме, од првиот ден... од вториот прв ден, нема печурка психолози, нема другари/ки, не дозволуваме коментари.
Со многу неспретни чекори и двајцата, ко пијани на калдрма без улични светилки. Искрено првите недели си велев што барам јас во ситуацијава. Но, решив да не мислам со гаранции и очекувања во главата, а ако не сакам да се чувстувам искористена на крај, свесно да ја одредувам динамиката. За да сфатам, досега не успевало токму поради ова, непотребно контролирање и подоцна обвинување за нешто во коешто вина имам и јас.

Овие месеци поминавме низ многу глупости. Не бев воопшто лесна. Како некој којшто првпат смогнува сила да прости, знаев многу да повредам, можеби не со многу зборови, но знам тие први три недели и погледите ми беа доволни. Како што тебе ти требаше време да се излечиш од тие твои лоши навики, сега јас морав да се исчистам од сета таа огорченост. И ти сето тоа машки го издржа. Потоа, сѐ почна отпочеток, убаво, здраво, со исчистен ум и дух.И во мене не се вгнезди сомнеж, ниту за миг.

А, толку немаше врска со мажот којшто си го идеализирав во моите мисли, јас романтична душа замислував дијалози извадени од класиците, искусување на емоциите на подлабоко ниво. Но, таков не ми бил потребен. Си ми бил потребен токму ти. Ти, што убави зборови, комплименти, искажување чувства треба да вадиме со клешти, но еднаш во сто години ќе направиш гест во чијашто чест сите книги со стихови би се скриле од срам за тоа колку се недоволни.
Ти, нервозен, весел, што многу сакаш да се мајтапиш на моја сметка, но тоа го правиш на начин на којшто јас, којашто сум позната по кратки фитли и лесно навредлива, не сум вознемирена... како и да ти успева. Но, тој скриениот човек зад сета таа фасада, е тој човек го немам видено досега ни на филм. И многу подобра душа имаш од многу дежурни кукумјавки.

Затоа прифатив. Затоа што за првпат, кога изустувам те сакам, тие две зборчиња ги чувствувам во секој нерв, во секое срцебиење. Те сакам. Се радувам на нашите нови патишта кон она највозвишеното, чувство на припаѓање, на одбројувањето до оној ден.

 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.764
Поени од реакции
26.766


I love you for so many reasons
Which means I love you for all seasons
First of all, I love you with the freshness of a spring day
Then I love you with hot passions like the summer sun
When June's here to stay
I don't know how to explain (explain) my love's seasonal change
It seems never the same
All I know is I love you for so many reasons
Which means I love you for all seasons
I love you with the gentleness of a falling leaf on an autumn day
But most of all, I love you with the briskness of a winter
When the snow's come out to stay
I don't know how to explain my love's seasonal change
It seems never the same
All I know is I love you for so many reasons
Which means I love you for all seasons
(Autumn, summer, winter, springtime)
I love you (ooh, I love you) for so many reasons
Which means I love you for all seasons
Заљубило се дете :icon_mrgr:
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.052
Поени од реакции
5.964
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
170
Поени од реакции
776
19/9 и десет години откако станав се на што се потсмевам кај вљубените. Не сум те заборавила, ни твојот бакнеж на моето бедро, ни песнава. Се уште не можам да се ослободам докрај од твоето присуство. Кога од некаде ќе го видам твојот лик веднаш менувам канал, вртам глава, преминувам на другата страна од улицата. Во моменти како овој, сепак, си го признавам поразот. Не мислам на тоа како си, со кого и каде си, сето тоа ми се чини сосем неважно. Мислам само на премолченото што ме изгриза однатре. Толку многу нешта би ти кажала ама премногу се задоцнети. Извини што дозволив стравот да ме парализира, отпосле да ме претвори во бескрајно суетна додека проѕирно бев вљубена во тебе. Не се смешкај под мустаќ, мој кутар Пјеро, не ја бришам ни твојата вина. Велат дека споменот на недоживеаното прогонува низ целиот живот. Долго време чувствував дека нишката меѓу нас не е скината, дека кога-тогаш ќе се вратиш во оваа брканица и тогаш крајот нема да е толку трагично-патетичен како овој. Сега знам дека не е така. И прекрасен и мачен беше заговорот на коинциденции во кој се пресретнувавме низ оваа деценија. Ти се восхитував, те направив џелат, па маченик. Време е да го затворам кругот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom