Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Она кога го сонуваш најубавиот сон и во сонот во преградка велиш, "се молам да не е сон", и потоа се будиш. Целиот ден ми го сјеба. Ваљда ќе помине, барем се надевам..
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
доста време посакував да воопшто не се завртам кон оној дел од мене шо е заспан и анестетизиран длабоко потонат во мојата потсвест. 8 години... 8 години потопени... спомени од пред 8 години потопени длабоко во мене во кој што и мене самиот страв да се спуштам и видам зашто понекогаш фрагменти од меморија гледам скоро секоја ноќ пред првиот сон... оној најслакиот.. Но, очигледно “анестезијата„ почнува да го губи своето дејство и како секој еден заспан ѕвер откако ке се разбуди, почнува да го бара она поради кое бил анестетизиран. Така и јас, почнувам се повеќе и повеќе да гледам како тие некои чувства испливуваат на површина како оддамна потонат брод на духови кои што не се задоволни од тоа што пак се надвор, туку сакаат нешто друго. Ја сакаат мојата свест и разум. Затоа што самото испливување на површината ќе нема никаков удар кон тие околу мене, се стремат да тоа мене ме уништи уништи исто како што јас ги уништив нив поради тие околу мене и точно тие чувства ги фрлив длабоко во себе. Сега околу мене гледам само спирала на очај во која што еден пат внатре можеби и ќе нема враќање назад...
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
If you aren't willing to fight for it, then you clearly don't want it enough...... I hope that together we will fight, side by side. :backa:
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
на растојание од 2 години, успеав да те видам на слика (на неодамнешна слика мислам).. не е исто чувството кога те видов во живо последен пат и сега на слика ама етто, јас пак се тресам и реагирам некак... не знам... може ако продолжам да пишувам и глупости ќе почнам да тропам така да, до тука... само сакам да знаеш дека дури и ми се чиниш поубава од пред 2 години... :) за тебе времето како да нема поминато... ах моја најмила Т.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
се ми е обезбедено и клупа за лапање и денови кога моиве не се дома и кај ќе одиме на одмор и кај ќе одиме на кафе .
се шо треба е само да ме прифатиш на фејсбук.
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
По толку време поминато со тебе, така се заљубувам одново и посилно во тебе секој ден што заборавам на тројката напред. Нема поголема тинејџерка од мене после тебе. На радио ја имаше песната што свиреше кога првпат ме бакна, на се се сеќавам од таа вечер. И не, овој пат не страдам, туку мој си, до мене си. Играч си можда, или твоите стратегии кај мене посебно палат, ама проклето добро знаеш да играш, а и убаво ме чуваш.
Што ќе правам со (без) тебе ...
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Tи.
Ти си многу повеќе отколку што ми се прикажуваш.
Шест години и уште се грижиш за твојата слика кај мене. Повеќе си од само слика, ама нека.
Никој човек не е остров, не си ти исклучокот. Не можиш сам, никој не може сам.

Ти си многу повеќе отколку тоа содробениот парацетамол што го шмркаш, рејвовите и техното што ќе се смеат ако им кажам дека до пред три години слушаше турбофолк, "другарите" на кои можам да им кажувам приказни од времето кога не знаеше ни цигара да држиш.

Ти си многу повеќе, многу повеќе. Ама ќе победат. Овие што те направија ваков погоре.
Ако продолжиш, ќе победат. Тие и сега извикуваат дека на никого нема да му недостигаш.
И реално, на никого ни нема.

Кога последен пат слушна те сакам од некој друг освен од мајка ти? А можеби и таа да престанала да ти кажува, што не би ја обвинила. Ќе умреш еден ден да го слушнеш, затоа што никогаш не беше спремен да го кажиш прв.

Ти си многу повеќе, само ако успееш да си признаеш на себеси прво какво гомно си. Се почнува од свесноста за себеси.
Ти си многу повеќе од само име и презиме. Јас тоа го знам, а ти?

Ќе ти го пишам овоа за роденденот. Нема да допрам до тебе, тоа никогаш не успеав. Ама па можеби нема оние да победат. Можеби ќе си го земеш животот во твои раце пред да е предоцна.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
Сакам да ти кажам дека те сакам! Твоите очи се нешто посебно. Инсистирам да те гледам длабоко во твоите очи, со што уште повеќе ми ја зовриваш крвтта во моето тело. Едноставно, слатка си . Би сакал секој ден да сум покрај тебе.

Дрска си, зезната, убава, симпатична, отворена, фантастична. Уште повеќе ми се допаѓа тоа што не си лесна девојка. До сега не постоела некоја личност која успеала да ме натера да ја заборавам мојата прва љубов. Но ти успеа.

Ноќеска ми беше посебно убава. Висока штикла, собрана коса, тесни панталони и кошула која беше во слична боја како мојата. Се надевам дека ќе бидеш засекогаш покрај мене како вечерва.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Ponekad tako sebe damo
za oci jedva upoznate.
I na rastanku cutimo samo
i ne trazimo da nas vrate.
Zivimo posle u tom drugom
sve dok mu oci svetom plamte.
I ne znamo sto nas pamte dugo
kad ne trazimo da nas pamte.

Сите ги проголтуваме лагите кога срцата ни се гладни..
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Го мразам тоа Last seen..at.. на вибер.Ми предизвикува страв и неспокој.Како да станува збор за некоја исчезната или мртва личност. Како бе виден последен пат...? Не е последен а дај Боже ни да нема последен, освен во некоја далечна иднина од природни причини.
Порано мислам пишуваше last online..ago.. или така нешто.Тоа имаше логика, т.е. ми беше поприфатливо.Ова новово не го сакам ич.Ме тера да те прашувам честопати дали си добро...(n)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.012
Долго време не те сакам повеќе. Но... Жал ми е што се случи тоа што се случи. Жал ми е што бев таков. Едноставно, чувствувам одговорност за тоа што изгубив личност која е скроз интересна и паметна за нешто толку непромислено. Нема повеќе враќање, сега си само сеќавање кое полека бледнее. Ти беше (се` уште си) девојка што има суштина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom