Од толку многу што сакам да ти кажам не знам од кај и како да почнам...
Колку само факинг убави работи ми се дешаваат во животов во моментов, и од се што имам сега те немам само тебе. Милион пати бев на раб да ти ѕвонам и да ти кажам се, ама па ќе се сепнам после и ќе се повлечам со телефонот в рака.
Знаеш, цело време мислев дека сме завршена приказна, дека на двајцата ќе ни оди подобро во животот ако се немаме еден со друг, дека и тоа што бевме било детско и поминало. И цела година живеев со таа помисла, чак и некогаш кога ќе помислев на тебе бев убедена дека 100% сум ја донела вистинската одлука. И една факинг средба беше доволна да ме убеди во спротивното.
Џабе разумот ти вели едно ако срцето ти вели друго. И секоја наредна средба ја договарав а знаев дека е вон разум и дека со секое гледање само си копам подлабока дупка. Али не можам, мислам дека ја губам сета моќ на расудување кога сум околу тебе, ми се исклучува мозокот и работи чиста емоција, нешто шо мислам дека не ми се десило ни кога бевме заедно.
Не знаеш колку се мразам што ми требаше толку многу долго време да сфатам што сакам од животов, и во сето тоа талкање и барање, те оставив тебе некаде по пат, тотално не размислувајќи дека може ете, и ти си бил изгубен, ама не си ме отфрлил мене. Сега кога сфатив што точно сакам, т.е кого го сакам, тоа не ме сака мене
Себична сум, да. И се ова си го донесов јас самата на себе. И ќе се изедам жива што не можам да го поправам никако. Што имав шанса и ја прокоцкав на толку дебилен начин што ми е срам од самата себе кога ќе ми текне, како некој друг да бил место мене.
Ама не можам да си најдам мир вака. Јас сум убедена дека тоа што се дешава кога сме заедно, е дека тоа е тоа. И дека ниту ти, ниту јас нема да го имаме тоа со други. И дека и ти колку и да сакаш да го негираш, знаеш. Само се плашиш, и не ми даваш шанса да ти покажам дека сум тука за да останам. Јас па сеа сум убедена во тоа повеќе од кога и да е.
Ќе ме убиеш.