На таблата пред еден кафе бар од каде што секојдневно поминувам, утрово напишале со креда: You are my cup of coffee!
Симпатичен маркетинг, си помислив одма, но како? Мислам дека можам да разберам, лесно е да се направи паралела:
Ти освестуваш наутро, вбризгуваш желба да се истурка денот, а сепак навечер заради тебе имам несоници.
Мирисаш на спокој и задоволство, а воедно енормна количина од тебе ми предизвикува тахикардија.
Твоите зборови се горчина во моментите на мојата избезуменост.
Ти си како долгоочекувана пауза во напорен ден, навика од која нема да се откажам, секојдневна рутина и уживање, зависност, сила и слабост...
Да, дефинитивно си моја шолја кафе!