Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Сакаш да ти биде пружена љубов,внимание и кога јас го правам тоа ти ми вртиш грб.Каква врска би имале јас и ти доколку тебе ти се поважни видео игричките?Кажи ми.
Јас кревам раце од тебе а ти што сакаш прави.Колни ме,плачи,моли ме...јас заминувам.
Неколку пати премижав несакајки да те повредам и да си заминам а гледам дека молчењето не играло важна улога.
Ти си продолжи со твоето типично однесување(Kажи му на машко за чувствата а тоа ке ти се качи на глава).Можеби предобра сум за тебе.
Се чувствувам навредено.Ме остави на пола реченица.Глупаво,па и уште те молев да ми зборуваш.Кај па потклекнав да се понижувам па и ке се лутиш.Зошто?Зошто сакам да бидам со тебе?Епа остани си сам,што да ти кажам друго.

Мрш.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Додека изигравам папучар и загрижен дечко, сам во себе се реметам..:pos:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Секој потег во изигрување на кучка е минус, секој обид да ме направиш љубоморен е еден неоправдан, а ти девојко да знаеш дека веќе од одамна треба да повторуваш година.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Добро сум. Ми недостасуваш само понекогаш, најчесто пред спиење...Малку размислувам за се што беше, малку размислувам што можеше да биде, а наутро...Наутро тоа повеќе не е важно, насмевката ми ги измамува ситниците.Среќна сум јас, само тебе те немам, се друго е тука, немам јас на што да се жалам. Добро сум.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Јас не сакам ничие место да преземам.Јас сакам свое место во твојот живот, еден дел од тебе, макар помал од оној на оние што за тебе се многу битни.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.281
Поени од реакции
5.535
Полесно ми е на кумановски:
Дека треба да идеш у пичку матер затој што ти даде све што имаше,посвети ти пажњу,засака те повише од самога себе,даде максимум за овуј врску што гу имасмо за што ? за да дојдеш и да ми кажеш мислу дека треба да раскинемо и да ми кажеш дека он ти се свиѓаја и ја сам у меѓувреме налетеја и сам ти се засвиѓаја затој што њега не си га видела 1 месец сга кд се вратија не ти било све едно кд ке га видиш...Па добро што уствари сакаш ти ... свесна ли си дека у овуј врску даде све што имашe кажи ми само дали си свесна што ми правиш...слободно иди ако мислиш дека он ке те повише сака од мене,дека он ке ти даде све што ја ти даде за овој време..слободна си..знај дека ке бидну увек туја за тебе посебно кд ке треба да ти кажу дека сам те предупредија дека ке завршиш повредено од њега ... тга ке сам туја и да ти даду едн преубав осмех сс кој ке ти бидне још повише јасно дека си погрешила много сс овој.
П.С убаво од тебе што дозволи твоја искомплексирана другарка да ти га испере мозак и да ни растури тој што имасмо..
ФАЛА ТИ ! КЕ СЕ ВИДИМО ЗА ЕДНО 2 МЕСЕЦА КД КЕ ТИ БИДНЕ ТЕШКО КАКО ШТО МИ Е МЕНЕ СГА КД КЕ СЕ КАЕШ ЗА СВЕ ....
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Празнина....во душава, во срцево....и една мисла упатена кон тебе. Ова чувство ми ги стега градите, ме прави се помалечка и помалечка...еден ден ќе ме проголта цела. Зошто се чувствувам вака? Мигови на осаменост и болка ми прелетуваат пред очите. Ми недостигаш, а тука си. Те чувствувам далечен а ти нежно ме милуваш по косата, но чувствувам...мислите ти лутаат, окупирани се со друга. Ме прашуваш: "Како си?", а знам ... мислиш на неа. "Добро сум" - одговарам ... додека една солза нечујно и неприметно ми се лизга по лицето.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
94
Поени од реакции
28
Што ако ти признаев се?
Што ако ти кажев колку беше потребен во мојот живот?
Што ако дознаеше колку те сакав со цело свое битие?
Ќе се променеше ли нешто? Ќе престанеа ли сите лаги? Ќе ме направеше ли среќна?
Седам на терасата и размислувам за цела наша приказна.За мене, тебе, за нас. За она што требало да биде, за она што ќе се случело доколку бевме искрени меѓу себе. Размислував и за како се почна. Како на чуден начин се појави и на уште почуден начин направив да исчезнеш од него. Колку ли само те посакував и во исто време сакав да исчезнеш, да те заборавам. Овој пат една од желбите се оствари. Онаа која најмногу ме боли. Исчезна. Те нема. Се појавуваш и наеднаш те снемува. Ми даваш капка надеж, па ме убиваш. Зошто мораше овака да биде? Зошто те запознав? Долго време барам одговор на овие прашања и никако да го најдам. Долго време поминувам барајќи. Те барам тебе, се барам себе, го барам одговорот, но не најдов ништо.
Се насмевнувам секогаш кога ќе го слушнам за тебе. Кога ме распрашуваат луѓето одговарам само - МИНАТО. Успевам само еден збор да изустам, а потоа се обидувам да свртам друга тема. Се плашам да не откријат. Се плашам дека очите ќе ме издадат. Ќе кажат тогаш кога најмалку треба, ќе откријат колку проклето ми требаш. :love:
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Златко те сакам. Ти беше буквално единствениот кој не можеше да избега од мене. Знам дека заслужуваше повеќе од ова. Да можев ќе те однесев во Австралија, како во филмовите. Ќе се збогувавме покрај некое огромно чудесно дрво кое не ми се верува ни дека постои, и ти ќе летнеше никогаш не вртејќи се назад. Знам дека не бев доволно добра со тебе. Требаше барем да ти купам кафез голем колку вграден плакар. Овошна салата со шлаг до таван секој ден. Да ти најдам девојка каква што ти одговара. Певачица со сино бели пердуви. Доволно малечка да ве собере двајцата на лулашката, но таман за да се топлите навечер. Сигурно ќе се бакнувавте ко оние папагалчиња во зоолошка, само ќе бевте поубави. Не се залажувам дека навистина ме сакаше, но јас те обожавав тебе. Уште кога те донесов, пред толку години, и кога те припитомив обидувајќи се да те научам да зборуваш. Не можам да кажам дека се каам што те држев покрај мене толку време, но не би го направила тоа повторно. Ти заслужуваше многу повеќе.
 

shady3

Никогаш не вели никогаш..
Член од
22 февруари 2009
Мислења
110
Поени од реакции
61
Ништо нема што да ти кажувам, веќе знаеш се. Не е некоја комплицирана работа, да се сака и да се биде сакан. Јас и ти сме жив пример за тоа :cool:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ќе ти кажев нешто... Па, ќе ти пишев нешто... Ама што да се вртам во круг кога се' во врска со тебе е борба со ветерници.
Не дека сум уморна од тебе и не дека те сакам помалку, само јави ми се кога ќе пораснеш, ако некогаш го направиш тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom