Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Абе не дека јас сум убав, али новиот дечко ти е ужас, и опште не ми е мило што е тоа така. Си можела ти и подобро.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Сакам да ти кажам дека ме пука носталгија. Ми се враќаат моменти што ме оставаат насмеан... разнежнет...
Интересно е како сега ми текнуваат само добрите моменти. Во ретроспекива ќе помислиш дека врската ни беше мед и млеко :icon_lol:
Не знам...
Знам само дека ти си го остави својот белег на мене. Никогаш нема да го заборавам начинот на кој што се смееше... Колку слатко изгледаше од сабајле в кревет....
Ми недостига да се будам покрај тебе....:(
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
Од нигде се појави и ги исчисти црните мисли од мене. Мора да се случе нешто меѓу нас :D П.с. ногу ебозовно звучиш преку телефон :drk:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.554
Драга моја

Поминаа точно 6 месеци од нашата разделба. Не можам да ја заборавам онаа вечер на 12-ти Март кога те напуштив таму некаде на калдрмата на Стара Чаршија. А толку многу ми значеше. Тринаесет години поминати заедно, тринаесет години моменти на среќа, исполнетост, и во добро и во зло, тринаесет години беше моја страст, моја најголема љубов, лирика, епика и еротика какви што ни Шекспир немал, готика и меланхолија за каква само Едгар Алан По знаел, тринаесет години Скопје, Београд Беч и даље на запад, где нас судбина понесе, каде што ни Жил Верн, ни Артур Кларк па ако сакаш ни Х.Џ.Велс не допреле. Тринаесет години полни апсурди од Бекет, Кафка и Ками, тринаесет прекрасни години во кафичи, кафани, родендени, на слави, на крштевки со толку многу другари, девојки, мили и прекрасни луѓе, кога ги видов резултатите од последниот испит, кога прв пат ми соопштија дека сум примен на првата работа а и тогаш кога ја напуштив. Тринаесет години беше моја муза, моја инспирација, моја страст, дел толку приврзан за мене. Но и 13 години ме труеше, ме убиваше, ме разболуваше, ме јадеше од внатре, од срцето, од белите дробови, желуднкиот од секаде. И да, тој дуализам само кај женско може да го има, таа пасија само према женско може да се чувствува, да те храни и да те труе, да те враќа во живот и да ти вбризгува јаглероден моноксид дирекно во душникот на начин на којшто како да сакаш поскоро да умреш. Само болката и смртта се вистинската цена на љубовта. Не беше прв пат да се разделиме. И порано си заминував и порано те оставав, те давав на некои јадници да ги лажеш, за да не се лажам сам. Си одев со надеж дека ова е последен пат, дека морам да сторам се за да не ти се вратам. И секогаш наоѓаше начин да дојдеш до мене. Во тешки денови како од небо ми се појавуваше, да ме прашаш дали ми треба помош, дали нема да ме задоволи твојот бакнеж, да те обвијам со пламен од страст, да ми платиш со чад од смрт. И те прифаќав, а зарем можев поинаку, ти ми беше слабост, не можев да ги замислам тие моменти без тебе. Но никогаш волку долго, никогаш 6 месеци. Се лажам дека ми е убаво без тебе. За нијанса поубаво спијам, заштедувам повеќе пари за убави нешта како на пример книги, се чувствувам многу поубаво, поздраво. И тогаш доаѓа ноќта. И наминува другар ми. Го знаеш, оној што ми е генерација родум од Трст. Ќе дојде да си поубаетиме, да си расприкажеме. И ќе ме праша за тебе, ќе ме потсети дека да беше ти тука како некогаш ќе немаше крај на убавините. Кога ме посетува тој тогаш ми е најтешко. Ми фалеше на чај, на ручек, на паузи од работа да те видам, пред спиење да те конзумирам. Сега не ми фалиш како тогаш. Сега ми фалиш само кога Трстовецот е тука. Кога заспивам те сонувам. Скоро секоја трета или четврта вечер. Пак сме заедно во чад од мистика, пак си во мене, пак те пијам со стрв каков што ретко и најубава жена предизвикува. И се будам со морници незнаејќи дали ми се од среќа што тоа е илузија или од тага што е повторно илузија. И сега ме мачат истите дилеми како и прв пат кога ти посветив пост на овој форум, толку далечно изгледа сега 2009тата
http://forum.kajgana.com/threads/Во-врска-со-љубовта-Сакам-да-ти-кажам-дека-стара.4829/page-672#post-849764
Ништо не е сменето од тогаш, истите стравови, истите монолози, истите ветувања, истите прашања. Дали можеби се збогувавме на дванаесетти за подолго? Дали ќе се вратам пак да тонам во сладострастите и шлајм, дали ќе се вратам во тој круг на злото? Можеби за подолг период од сега, кога многу мала разлика ќе прави твоето присуство во мојот живот, а можеби уште денес или утре. Како Ахилова пета, ако на нешто потклекнам, тоа ќе биде твојата моќ, не смеам да ја потеценам. Знам само дека со тебе секогаш сум на ништо или се, или си моја до крај или воопшто те немам. Знаеш, уште те држам во рака. Кога возам автомобил, кога се смееме со Трстанецот, кога одам сабота навечер во клубовите да олабавам. Ама само те држам, не смеам да и дозволам на страста да ме завладее, со мене си само поради стара навика, кога си со мене макар и само како орнамент тоа ми прави повеќе смисла, иако се дрзнав да те разжарам пред 2 недели ама одма те пуштив на земја без дури ни да пробаш да влезеш во мене. На крајот сум сепак крв, лимфи и ткива. И како судбинска иронија, додека држејќи те тебе се пробивав низ лавирнтите на Безистен, чекорејќи кон Галерија да се пречекам со Трстанецот, еден дечко, сеуште тинејџер ме чепна по рамо. И покрај тоа што беше етанолски прилично поткован учтиво побара дали може да те дадам на него. Земи синко-му реков-тебе ти била судена оваа. Ме испогледа како теле во шарена врата, ама што да кажам, и јас на таква реченица истиот поглед ќе го дадев. И така полека физички и ментално заминуваш од мене. Но сеуште те сакам, те љубам. И чинам, цел живот ќе биде така. Можам елгии за тебе да пишувам подолги од оние на Коста Солев Апостолов, ама некогаш треба да има ако ништо друго барем привремен крај. Никогаш нема да те преболам, а и ти никогаш нема да ме преболиш, моја мила Никотина.

 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
As long as you love me, we could be starving, we could be homeless, we could be broke...
--- надополнето: 13 септември 2012 во 01:03 ---
As long as you love me, we could be starving, we could be homeless, we could be broke...
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Си се избори и твоите планови се остварија. Сега сум јас на ред, немој да заебеш.
Да го направиме ова најпросто што може .. Бооо ;)
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Љубовта што сум ја давала до пред извесно време била залудна и само џабе потрошена. Ти беше покрај мене кога најмногу ми требаше пријател, ти со твоите зборови ми помогна да сватам дека човек секогаш треба да знае на кој ја дава својата љубов и дали е дадена на вистинското место. Ти благодарам за тоа. Ти ми ги отвори очите и ми помогна да го видам светот таков каков што е а не само илузија. Те сакам и ќе те сакам не од благодарност туку од среќа, од душа и од срце поголема и посилна. Ми го подари најголемото богатство на светот затоа ќе те сакам додека сум жива. Љубовта ти ја давам цени ја не ја користи против мене и не ја крши затоа што нема да преживеам да бидам повредена. Те сакам најмил мој повеќе од себе. :love:
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
Не си ти крива,ја сум за ебање ;). Еднаш ми рече дека у врска најбитно ти е блискоста и муабетот шо можиш да го правиш со таа личност. Ете ти го сеа тоа тикварот,нека ти зборуе цела ден за Челзи. Криво ми е за минутите на тебе шо си ги потрошив :notworthy:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кај беше порано да влезеш во мојот живот... Уште не ми е јасно како од ништо стана нешто. Ми ја направи вечерта, вистински. Знам дека тешко да ќе го прочиташ ова ама miluji tě I dobrou noc.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Највеселото суштество што сум го сретнал. Личност што ги дарува тие околу неа со поизитивна енергија, а замисли не сме биле многу пати во исто друштво или разговор во живо, али од тоа малку време и тоа како си НЕШТО што за прв пат го запознавам во мојот живот. Само еднаш сакам да ја видам твојата емоционална страна, макар и да биди плачење, да. Е тогаш дефинитивно ќе се заљубам во тебе.
 

Cresevo

Внимавај на називот во иднина.
Член од
9 октомври 2008
Мислења
923
Поени од реакции
2.103
Знам дека згрешив и за тоа се каам многу ама знам и дека можеш да ме сфатиш зошто, дај ми шанса па потоа суди ми и незаборавај никогаш...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom