Што ако ти признаев се?
Што ако ти кажев колку беше потребен во мојот живот?
Што ако дознаеше колку те сакав со цело свое битие?
Ќе се променеше ли нешто? Ќе престанеа ли сите лаги? Ќе ме направеше ли среќна?
Седам на терасата и размислувам за цела наша приказна.За мене, тебе, за нас. За она што требало да биде, за она што ќе се случело доколку бевме искрени меѓу себе. Размислував и за како се почна. Како на чуден начин се појави и на уште почуден начин направив да исчезнеш од него. Колку ли само те посакував и во исто време сакав да исчезнеш, да те заборавам. Овој пат една од желбите се оствари. Онаа која најмногу ме боли. Исчезна. Те нема. Се појавуваш и наеднаш те снемува. Ми даваш капка надеж, па ме убиваш. Зошто мораше овака да биде? Зошто те запознав? Долго време барам одговор на овие прашања и никако да го најдам. Долго време поминувам барајќи. Те барам тебе, се барам себе, го барам одговорот, но не најдов ништо.
Се насмевнувам секогаш кога ќе го слушнам за тебе. Кога ме распрашуваат луѓето одговарам само - МИНАТО. Успевам само еден збор да изустам, а потоа се обидувам да свртам друга тема. Се плашам да не откријат. Се плашам дека очите ќе ме издадат. Ќе кажат тогаш кога најмалку треба, ќе откријат колку проклето ми требаш.