Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
не сум знаела дека некогаш и прзнината може да биде поболна од самата болка,
знаеш се чувствувам многу празно како изорана нива, која час ја грее сонце, час ја дува ладен ветер, час ја врнат поројни дождови... болката боли но ќе се изболи но кога е празно е празно и тоа мори и измачува...
како да сум имала се и наеднаш изгубила чудно многу чудно!

сега знаеш колку долго и какво место си зафаќал во ова срце и колку си му значел... но ти си премногу камелеонски настроен за да би те трогнало, незнам импресионирало можеби...
премногу си ладнокрвен за да го почувствуваш тоа, премногу си самобендисан за да би ти било важно... премногу бараш за да го сватиш тоа и за да се трудиш да го имаш! да таков си!

но ти не си крив што јас се заљубив во тебе и погрешив!
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...Празнина.
Среќен си?
Се надевам, ако тоа сакаше да го постигнеш.
Treating me like crap?
No, crap is such a big, meaningful word.
Може заслужив, не знам.. Ти што викаш?
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Не знаев што е убавина, додека не те видов,
во твојата безгрижност и невина лавина.
Не знаев што е љубов, додека не те заљубив.
Не знаев што е тага, додека не те измислив.
Не знаев што е живот, додека не те почувствував.
Не знаев што е смрт, додека не те разлистував
како мое Свето Писмо.
Не знаев што е плачење, додека не заплакав.
Не знаев што е љубење додека не те прегрнав.
Не знаев што е " судбина ",
додека не се појави во мојот живот,
додека не се насмеа во мојата изутрина.
Не знаев што е солза, додека не те исплакав
во илијадници капки што така ги нарекувале.
Не знаев што е насмевка, додека не те согледав.
Не знаев што е бакнеж, додека не те полеав со бакнежи.
Не знаев што е милување, додека не те допрев во коските.
Не знаев што е тагување, додека не ти реков " носи ме "
некаде далеку каде ништо не постои,
каде се што гледа, гледа со радости.
Не знаев што е душа додека не ја видов твојата...
ТЕ САКАМ:back:
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
сакам да кажам.... милиони зборови... колку што се ѕвездите на небото вечерва...
но со тие зборови никогаш нема да ја доловам твојата топлина и убавина... ах мое мало... што ми направи... толку долго те посакував... дури ке те подзаборавев... сега не сакам да се одделам од тебе... а ти си такво мало невино, за мене најубаво на ЦЕЛИОТ СВЕТ... и ми доаѓа нагон... од желбата... сакам да ти кажам те сакам... но дали тој СИЛЕН збор би го уништил се она што е помеѓу нас... денес не те разбрав... можеби никогаш нема да те разберам...но знаеш што... не мора да те разберам... има работи на светов кои не можат да се објаснат... some thing are mеаnt to stay as they are right now... не би сакал НИКОГАШ да се одделам од тебе... ова никогаш не сум го осеќал за никој во животот... и сепак тука е стравот да не се слуши нетшо... што би не одделило... и да умрам вечерва барем ке умрам среќен... засекогаш... ниту една машка солза не би те преплакала тебе мило мое... се би дал за тебе... но знаеш што... живото... младоста е пред нас... има уште многу време да те љубам... би сакал да легнеме повторно во тревникот... да ја осетам твојата коса од свила... твојата топлина... не можам повеќе... срцето ке ми пукне... се надевам дека и твоето чука исто како и моето... создава земјотрес околу мене... се гледаме мило мое...:love2:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
И така пак поминува времето,времето за некоја невидена нервоза....а за глупост,не за друго.Можеби немаше да боли глупоста толку да не си ми врзан во срцево...ама пробувам да си објаснам самата на себе дека тоа е нормално за луѓе што поминуваат многу време заедно...и болката е за луѓе,и нервозата исто...така да ќе се нервирам.Знам дека ќе заврши најмногу до утре ,ама не можам да сфатам како толку сакаш да си наполнет со самиот себе,егото ти е големо колку Водно.Ќе те спуштам доле ....па тогаш ќе сфатиш што ти зборам...и така сега време трошам на глупавиов пост за да се испразнам,да го исфрлам немирот и да речеме дека помага...Те сакам и потребен си ми (како и да е ) :back:
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Forgive me for all the things I’ve done.
Forgive me for ruining your fun.
Forgive me for bugging you non-stop.
Forgive me for being insufferable.
Forgive me for annoying you.
Forgive me for teasing you.
Forgive me for wasting your precious time.
Forgive me for saying those things.
Forgive me for sending those messages.
Forgive me for expressing myself.
Forgive me for not leaving you alone.
Forgive me for I can’t move on.
Forgive me for missing you.
Forgive me for hurting you.

:cry:

Forgive me...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
...дека едноставно си прекрасна. Можеби ќе помислиш дека мамам, но не е така. Можеби ќе помислиш дека лажам, но како твојот сомнеж расте, така се зголемува и мојата љубов. Ми се допаѓа твојата едноставност, ја сакам твојата искреност и нежност. Верувај дека ме правиш среќен, со секоја секунда измината покрај мене. Овде сум за тебе, да ти ја дадам мојата искреност и сигурност. Чим си и ти овде, тоа ми е повеќе од доволно...:back:
Те сакам.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Пффф .. идеалната сум за тебе а??
ако ако ... ми одговара :wub:
Аввв тие очи еј ...
коа и да те видам немир ми носат ....
длабоки, црни, перфектни, навидум обични но сепак полни со љубов,желба,страст,жар!
И веќе сеедно ми е шо си поголем од мене 4 години и сеедно ми е за коментарите на луѓето кои би биле упатени накај нас кога би биле заедно.
Сепак не ја измислив јас онаа поговоркана .... ~Љубовта не познава години~
Па сепак и сите што ќе ме видат викаат дека изгледам на повозрасна нели?
Се гледаме или у петок или коа ќе дојдеш сонц :wink:
И не си го заборавај гитарчето :smir:
те сакии (т.е уше не .. али кај и да е ... ќе се зезнам :pos:)
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
59
Поени од реакции
5
Како кога поминува времето брзо а ти си изгубен во него?..а како е кога секогаш се навраќаш назад и сваќаш дека си останал во него?Кога во твојот поглед се откриваат сите лузни,трепериш и на најмал допир...скоро безчуствителен и проsирен..ако ја имаш љубовта исцртана на дланка немој никогаш да гледаш предолго во неа!..пругите ќе те исфрлат во бездна..Не поставувај прашања..нема да добиеш одговор.Биди тивок..чувај ја само за себе..дозволи да се таложи непознатото и немирот,тивко,како непоканети туѓинци да се засолнат во тебе...Длабоко во ноќта кога ќе заплачеш ќе ти станат јасни..но само тогаш.Секој шепот секое намовнување и треперење ќе ја везат бајката која ќе биде само твоја.Кога кругот од изнемоштени и празни лица ќе се рашири околу нас не сакам да ги мразиш..остави ги да гледат но никогаш да не дознаат.И секогаш гледај кон небото,универзумот ќе ги испишува своите песни а ние ке танцуваме заедно со гласната тишина.Соголија својата душа и тело.Тој отров нека тече низ нашите вени.

Но сега во оваа бесчуствителна и сурова ноќ ако помислиш на мене ако твоите мисли силно удираат во твојата глава ,не се плаши.Немој да одбираш зборови,само сети се на нашето место каде што уличните сијалици се топеа над нашите глави а се повеќе покажувајќи го сјајот на нашиот фенкис,нашата љубов..секогаш си заминуваше и секогаш се враќаше.Остави ги сите овие луѓе кои читат и тонат во моите зборови а не ги разбираат моите чуства..
те молам само започни да се сеќаваш ,остави спомените да удираат во твоето срце и тивко помолисе...јас ќе те почуствувам.Но сега кога ја преживевавме половина ноќ половина приказна и двајцата знаеме дека нема да се вратиме.Исто како и возот,тој никогаш не се враќа назад а секогаш е на исто место во презадоцнето време..секогаш прекасно,исто како и ние

ТЕ САКАМ
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Сонот е подобар поделен на една заедничка перница.
Нема да си киднеме, нели?:pipi:

Мој си.
Твоја Муза, (за)секогаш.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Do I except you change, the past I hold inside?
With all the words I say
Repeating over in my mind
Some things you cant erase
No matter how hard you try
An exit to escape
Is all there is left to find

Close my eyes
Let the whole thing pass me by
There is no time to waste
Asking why?(Asking why)
I'll run away with you, by my side
I'll run away with you, by my side


све е сј**ано... Незнам што натамо....
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Зашто кога ми е најтешко се вртиш против мене?!
Знаеш дека сега поминувам низ таков период...
Знаеш дека ми е потребна подршка...
Дај ми ја не ја чувај за себе и за другата личност покрај мене
Или пак сакаш да ме гледаш како патам?!
Денеска ми го расипа разположението кое го имав 2 недели
Ќе видам дали од понеделник сеуште така ќе се однесуваш...
Дотогаш:nerv:
 
M

**MEMORY**

Гостин
И после толку време...
Спиењето до тебе, будењето со тебе, бакнежите, прегратките, допирите, зборовите, насмевките, погледите, држењето за раце...
Ми предизвикуваат пеперутки во стомакот, а срцето ми потскокнува како лудо.
Те љубам!
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Фала ти за преубавата вечер, вечер која никогаш нема да ја заборавам.Вечер што и да се случи ке ми остане во секавање и ако не друго во добар спомен.....Се почуствував како принцеза која лебди во убавините на љубовта ( иако од моја страна таа осуствува).Прекрасно беше кога ми пееше на увце а ниту незнаеше дека тоа јас го обожавам...И стотина постови да напишам оваа вечер ке биде премалку.Ке излажам ако кажам ТЕ сакам али едно ке речам те обожавам таков како што и остани таков.И вечерва поради тие твои очи неможам да заспијам ........( знам дека сега ке читнеш тука на форум) затоа ти посакувам добра нок и да се зачлениш тука :back::back:
 
С

Сатори

Гостин
Кхм, во врска со тебе сакам да кажам дека ова е најголемиот чекор на кој што јас како карактер и личност можам да се решам, веројатно во моментов сум премногу оптимистично расположена и сите станови ќе ми изгледаат прифатливо (како да не, ќе ги мразам 90% од тие што ќе ги гледаме) и се ќе биде ново и убаво и чудно.
Но, знам колку многу те сакам за да се премислувам и знам на што се сум спремна за да не треба да те/ме избркаш од стан после 1 месец. :)
Во врска со љубовта, сакам да кажам дека те љубам и дека ова е најдобрата одлука во последиве 19 години.
:back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom