Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Знам дека многу згрешив, свесен сум за тоа и највеќе ми е криво што знам каде згрешив и продолжив така.
Нема ништ да ти кажам, нејќам тоа што треба да го слушнеш од мене да го видиш тука. Ќе ти кажам се, ќе направам се што можам за да те вратам зашто.... во спротивно не би знаел што понатаму.
Не би знаел што со мене, може не гледаш но се ми се сруши. Знам дека не изгледа така ама верувај дека е.
Само ќе ти кажам помини го периодов што ти следи најдобро што можеш, ако можеш среќата да ја најдеш со друг направи го тоа, колку и да ќе ми биде тешко ќе бидам среќен за тебе.
Прекрасна си и сетоа тоа го заслужуваш.:smir::back:
Со почит,
оној кој секогаш ќе те сака.:cry:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Сакам да ти кажам едностанвно не ми се верува коку брзо лета времето...
Како вчера да беше онаа вечер кога се започна...
И сакам да ти кажам колку сум среќна што имам таква личност покрај мене..
Сепак испаднаа точни оние две поговорки во кој најмалце верував :
'Што е твое ќе си дојде' и 'Најубавите работи се случуваат тогаш кога најмалку очекуваш'
И сакам само да ти кажам те сакам...
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Сакам да ти кажам дека премногу Те сакам и неможам да те Заборавам !!
Секој поминат ден е поминат заедно со нашите спомени и сличувања што сме ги имале.Многу брзо ми помина времето со тебе и се мислам дека беше вчера кога бевме заедно.Но, фала ти што ме направи да сум Храбра и Да знам да Сакам ..
Фала ти за се .. а најмногу за љубовта што ми ја даде !!!!
 
V

[vladimir]

Гостин
Ако некој посака да ѕирне во мојата душа, ќе мора да ги побара оние листови хартија што ги извалкав со црно мастило само за да си го задоволам егото. Знаев дека убави нешта не можат да се изѕидаат од цртички и полукругчиња, но тоа беше сè што имав. Знаев и дека ќе дојде ден кога ќе треба да се заклучат во занданите на умот, за никогаш повторно да не можат да повредат никого, никогаш повеќе!

Без разлика како ќе заврши нашата приказна, ти секогаш ќе бидеш најдоброто нешто што некогаш ми се случило! Некои приказни не мора да завршат, можеш само да стиснеш пауза :).

Да знаеш, јас сум подеднакво инаетлив колку и оној што не можеа да го поместат, во песната. Добро, нема да седам на истото место, зашто не сакам да ме прогласат за ненормален(не дека не сум), ама знаеш дека ако некогаш посакаш повеќе, ако некогаш не си среќна, ќе можеш да ме побараш, каде и да сум низ светот. Ќе дојдам, макар и само за да те прегрнам...
Да уживаме во она што ни остана. Ќе имаме цел живот за да патиме.

Отсекогаш им се восхитував на оние што можеа да се поднесат себеси живеејќи во бескрајно тажната просечност. Сакав да знам како е да се задоволиш со тоа да ја возиш истата здодевна кола која ја возеле твоите родители, да работиш на истото работно место, ниокгаш да не посакаш да создадеш нешто што ќе е твое, нешто извонредно, нешто толку невообичаено што ќе знаеш дека никој нема да може да го повтори. Сакав да знам како е да фатиш девојка која ќе ја издупиш точно 3 пати во темниците, во скапаната кола, а четвртиот пат таа ќе „заборави“ да се напие од апчето кое требало, за да може да си го исполни сопствениот сон – да ја заврши потрагата по 2,4 деца, просечен маж со просечно ќелава глава и куќа во сопственост на некоја банка.... Никако не можев да се помирам да милувам некоја што ќе е обична. Нејзините сништа ќе беа претесни за да можат да ме зберат и мене во нив. Затоа тргнав кон најубавата....
Само површните нешта минуваат. Вистинските траат вечно, без разлика колку и да мислиш дека тоа звучи излитено. А, јас никогаш не сум се залетувал по сјајни нешта кои се празни однатре.

Знам, "ќе кажеш не си нормален, ама тоа го сакам од тебе" :).

Откако започнав со пишување, зјапам во напишаното и сфаќам дека сè е исто како порано. Хаотичните мисли изградиле едно чудо коцки од букви, проклети црнила извезани, кои на крајот никому ништо не му значат, освен тебе!! Оваа приказна не е ни малку подобра од другите. Оваа приказна не е воопшто поинаква од останатите. Ова е само вистинска приказна.

Сега морам да заминам. Да избегам од себе, а и од другите. Да се обидам да се пронајдам, да почнам да живеам. Ако сакаш, чекај ме на врвот на светот, кога ќе се спојат хоризонтите....:back:
 
M

marsovka

Гостин
I bear witness to this place this prayer so long forgotten so pure so rare to witness such an earthly goddess that i'd sell my soul my self esteem a dollar at a time for one chance one kiss one taste of you my black madonna
I'd sell my soul my self esteem a dollar at a time one taste one taste one taste of you my magdalena

Во името на одамна загубената страст која ме терала да го губам тлото под нозете... дел одамна загубен.


потсетува на време кога сеуште имаше шанса за мене
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Иди у к****. Иди е** се.

Ја мислев дека ти ќе ми покаеш што е љубов.
А ти сосем спротивното го направи. Браво, браво. Махер си.

Па и го знаев одамна дека си ваква. Ги проценуем многу брзо људите, а и таке секоаш се заебуем. Дека мислим се мењаваа људи т.е надеж е тоа. Ја не веруем дека се мењаваа људи. Ама ае можда некој ќе ме демантира.
Сеуште никој. Но се надевам дека некој ќе ми го смени мислењето. Но тоа не си ти. Некоја друга ќе биде. Можеби ќе се најде таква.

Ми треба некоја што ги знае вистиснките вредности во животот. Што знае да живее.
Но не гледам таква некоја во близина.
А се се случува со причина. Па некоаш, некоја со некоа причина ќе биде негде до мене.
И животот не знам што ме учи. Сака со ова да ме направи поцврст ли. Па ако би можел да му кажам само дека сум доволно цврст и да не ме мучи више. Не сакам све со погрешни личности да се плеткам.

Мора да има некаде таму некаде некоја за мене. Што го чуствува истото. едноставно мора.
Секој си има своја сродна душа. Само треба да се пронајде.
А дур ја ја барам ...
...
...
...Но не се откажувам.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Дојде и тоа кое најмалку го очекував но претпоставував дека тоа попрво ќе се случи, дојде време да се оладам од тебе, да не чувствувам потреба да те видам, да те имам,
дојде време да не сакам да ме сакаш...
дојде време и момент да се одљубам и речам збогум, немоа повеќе да се навраќам на тебе, сватив дека така требало да биде!

знам јас дека тебе ни најмалку не ти е грижа нити некогаш ти било,
дека не ме ни сакаш,
но ете дојде време и мене да ми е така, да не сакам ич да ме сакаш,
нити ми е грижа за тебе и твојот живот, ништо лошо не ти посакувам но едно сакам Господ еден ден да ти ги отвори очите и да сватш колку спрема мене си погрешил!​

оди по својот пат и барај го тоа што го сакаш и посакуваш мене сигурно ме чека некој каков што посакувам, некоја сродна душа која ќе ме сака искрено и разбере најискрено ти велам оди и не ми требаш

заврши се заврши оваа љубов која те чекаше само тебе!​
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Мислам дека денес се случи чудо човече ме остави без зборови.Едноставно неможам уште да поверувам дека тоа мене ми се случува, се си мислам дека е еден сон од кој ке се разбудам........Немаш појма колку солзи радосници се стркалаа на лицето.Единствен си по тоа што го направи за мене .....се надевам дека ова е само една од низата на прекрасните работи што следат.Едвај чекам да пројде нокта за да те видам и да ти речам фала.Сега за крај требаше да следи она Те сакам (али јас сеуште не те сакам:nesvest:).Но едно ке кажам вечерва ке те сонувам и засекогаш ке ги паметам стиховите и твојот прекрасен глас :back:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.434
Поминаа безмалку 7 години драга моја од онаа култна смрштена ноќ во Кафе Дали на кеј на ГТЦ, и нешто помалце од попладнето во Њу Ејџ, време во кое како факултетлија и демек бунтовник носев долга коса и обетка на лево уво. А памтам се, скоро се. Беше и уште мислам дека си дете, мало, уплашено, тивко, резервирано, несоочено со надворешниот свет а уплашена најмногу од мене. Не бе мало, немав срце, не знам ни сега дали го имам ама затоа после долго време како флешбек ме удри совест, ахам долго и требаше ама дојде да ме искамшикува за се. И не се секирај се се врати тродупло сосе камата и ДДВ. Така требаше, така требаше... Претпоставувам дека ме мразиш или во најмала рака мува не те лази и имаш апсолутно право на тоа. Дознав дека си среќна и ми е најдраго заради тоа. И така патот ретко ме носи во твое маало освен кога ептен морам, а и тогаш прошишувам низ таму како да сум ја ограбил локалната продавница пред очевидци. Многу Прочки поминаа, за да ја чекам и следната. Ослободи ме само од клетвата, иако и тоа е многу да го барам, за да можам да спијам навечер. Жал ми е, за се ми е жал...


 
S

SSS-Stolica

Гостин
Епа речиси е готово...после 5 месеци мојата љубов кон тебе веќе се гаси, поминува плачот за таа љубов горка...неможе нитшо вечно да трае така и мојата љубов...не е целосно изгасена ама по малце и до тоа ќе дојде...не си едеинствена на светот ќе дојде еден ден таа што ќе ме сака и од која ќе ми биде возвратена љубовта...се надевам дека во новата средина ќе најдам таква љубов...сепак после се би сакал да останеме само како другари...
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
212
Поени од реакции
12
После неа ,пред никоја и никогаш со спуштен гард,едвај преживеав и сеуште има ноќи кога спомените ме дават.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
I uste edna nok pominata vo razgovor. Site se so nas, i moite drugarki i tvoite drugari, site se smeat, se zafrkavaat, samo jas i ti vodime nekoi seriozni razgovori. Od strana gledano izgledame smesno, kako nekoi roditeli koi gi setaat svoite deca i dodeka decata si igraat roditelite stojat na strana i razgovaraat. I sekogas prvite 15-20 minuti e zabraneto gledanje u oci, mozis da gledas sekade samo ne vo ocite na sogovornikot. I pak ke mi kazes deka sakas da se vrati nekoe vreme, da bides pak so nekoja licnost. A koe e vremeto sto sakas da se vrati? So koja licnost sakas da bides? Samo toa nikako ne mi go kazuvas. I posle pak ke pocnat zezanjata. Pak ke se smenat ulogite, sega site ke bidat 'roditelite' samo jas i ti ke bideme 'decata'. I site ke gi slusaat nasite gluposti, site ke se smeat na nasa smetka, site ke ni vikaat deka sme ludi. Do koga vaka?
 

sweet girl***

I wish that...
Член од
4 октомври 2008
Мислења
310
Поени од реакции
10
Mi nedostigas vo sekoe otcukuvanje na moeto srce,vo sekoe otrepnuvanje od moite oci,vo sekoja sekunda od vremeto i vo sekoj moment od denot...
Te SaKaM srceeee moe!!!!!:smir::smir::smir:kolku sakam da te cuem u momentov ama nemam kredit, ama aj posle kje staem:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
По скоро нецела година помината во некоја врска без врска со тебе можам да кажам дека сум себична. Да јас сум најверојатно најсебичното створење на палнетава кога си ти во прашање.

Не, не сум љубоморна. Не ми смета што имаш други, имам и јас. Не сум најсовршеното суштество, впрочем не сум воопшто совршена. Најверојатно сум најнесовршената девојка што некогаш си ја запознал. А сепак си тука постојано. Нема ден без да се јавиш, без да напишеш нешто. Да ти признаам нешто..мислам дека нема ноќ а да не помислам на тебе. Веќе станува патетично ова нашево искрено. Не те сакам, ниту пак ти мене.. не сакам ништо посеризно со тебе.. а чувствуваме некоја потреба да сме блиску еден до друг.

Не сум бесчувствителна како што ме нарече. Јас само не знам што сакам од тебе.
Неколку пати се видовме со други. Не беше тоа љубмора, знаев на кого ќе се јавиш кога ќе ја испратиш дома. Знаеше и ти дека без разлика на се ќе ти се јавам.

Што е ова нашево..што правиме еден без друг..што си правиме еден на друг? Се повредуваме, се лажеме, ги задоволуваме сите наши страсти и чудни змисли за искажување на љубов..? Не сум доволно паметна за да можам да одговорам на сите овие прашања. А можеби и не се ни обидувам да ги одговорам.
Можеби сакам да продолжиме вака..да се гледаме без некоја обврска, да чувствувам потреба да бидам со тебе, да бидам себична, да не можам да те гледам до друга девојка..

Прости ми..ако не сега се надевам еден ден ќе ми простиш. Можеби и те сакам..но на некој изопачен начин познат само на мене.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
96
Поени од реакции
12
100 days are made me older, since the last time that i saw your preety facee.....103 поминаа љубов моја и се уште неможам да си го најдам тлото под нозете. 103 дена не сум те чула ни видела ни осетила во мојата близина...се уште имам слики во компјутерот кој ги бришам само да не ме потсетуваат на тебе и на твојата харизма....се би менувала само да се вратиме на старото..прееска погледнав една слика која не ни знаев дека ја имам во којмпјутерот на работа...толку ми е мирна и спокојна фацата затоа што сум била среќна што си таму со мене....103 дена заборавив што е среќа, што е некој да те сака и што е да му се радуваш на некого како да си во врска 1 месец, а ние бевме 10 долги години...ми фалиш и не престанувам да мислам на тебе...те сакам и сакам само да се вратиш...............зверче мое сакано :nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom