Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Ќе те чекам колку и да е потребно.. недели, месеци па дури и години. Мене воопшто тоа не ми пречи. Ќе бидам твоја сенка и ќе те подржувам во се. Само сакам да знаеш дека и покрај сиот труд да те преболам, не успеав.
А знам дека и тебе не ти е сеедно што е вака.. Не, не е завршено..Се уште не. Џабе терам инает и глумам лудило кога не можам против чувствата. Засега мило ми е што работите се средуваат.. Како така, знам дека сето ова ќе биде само уште еден кошмар.
Еден ден ќе се смееме заедно на сето ова што се случи.
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Сакам мармалад и кисело млеко.
 

@codeblock@

"Prediction is difficult, especially the future."
Член од
9 март 2014
Мислења
61
Поени од реакции
18
Би сакал да смислам „телепортација“, не за да добијам нобелова награда туку за да дојдам до тебе секоја секунда кога сум слободен, километрите да не ми претставуваат пречка за да те гњавам цело време. Едвај чекам да те видам, да те гушкам и чепкам иако несакаш да те закачаат :), да тресам глупости и да се смееш. Среќен сум што те запознав, уште посреќен што го освоив твоето срце и те имам покрај мене. Летово те оддалечи од мене, но само физички...кога ги затворам очите си пред мене, те сонувам и кога сум буден и кога спијам. Едвај чекам да те видам, посакувам да биде што поскоро бидејќи полудев вака. Те сакам sweety <3 <3 :love::love::love:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.670
Еј , денес ми рекоа дека сум емоционално недостапна личност. Ме знаеш нели , ретко си ставам на срце вакви ствари , особено па не од особа која ми служи само да си празнам јајцата. Него друго ми беше муабетот ... Емоционално недостапна личност , звучи малце ладно знам , али тоа е единствениот начин да го задржам единственото нешто што ми остана од тебе веќе 5 години. Ако пробам со некоја знам дека одма ќе попуштам и ќе се заљубам , а не сакам. Не сакам да го изгубам тоа чувство на таа тешко поднослива горчина во градите кога случајно ќе те видам под рака со тој докторот , и ми доаѓа нагон да му извршам фронтален хируршки зафат на таа гадната фаца која ти ја бакнуваш секој ден.

Понекогаш помислувам дека имам откачено некоја жица , па затоа уживам во таа тежина што ми тежи на градите веќе долго време , али само на помислата дека ти си причина за тоа ми создава некое задоволство , некоја афирмација дека ти си единствената што ја сакав вистински , и тоа е единственото нешто што ме смирува. А знам дека и ти се осеќаш исто. Ниту еден од нас нема да прежали мала , вакви рани болат до крајот на животот , и плус до пеачката на 40те дена од смртта.

Него случајно навратив на нашата клупичка , патот ме однесе натаму , можда и затоа толку мислам на тебе денес. И ЗАМИСЛИ ЕЈ , уште е скршена и фали една даска од левата страна , се сеќаваш нели? Се сеќаваш дека се жалеше дека те боли газето да седиш таму , и мораше моето да трпи додека ти ми седиш во скут? Се сеќаваш на кучето што се врткаше нонстоп таму , а ти несебично му кршеше од кроасанот и му даваше? Се сеќаваш дека имаше една тетка одма спроти зградата што ги манјачеше сите парови кои седеа во тој парк?

Епа сите се таму. И клупата , и кучето , и тетката.

Погоди кој фали?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
I didn't fall in love with you.
I walked into love with you, with my eyes wide open, choosing to take every step along the way.
I do believe in fate and destiny, but I also believe we are only fated to do the things that we'd choose anyway.
And I'd choose you; in a hundred lifetimes, in a hundred worlds, in any version of reality, I'd find you and I'd choose you!


Само ти можеш со 2 збора да ме усреќиш и да направиш да заборавам на болките од изгорениците од сонце. :X3:
I miss you and I love you, oh so much!
 
S

StormRage

Гостин
Познат парфем секогаш буди сеќавања. Ништо посебно, само продолжеток на некоја одамна завршена приказна, уште еден епилог за крајот на истата приказна. Не те гледам често, ретко и да ми текне на тебе, но ипак одредени сеќавања доловуваат насмевка и чувство на среќа, нешто како изгубени мемории во некои мрачни места. Одамна беше, многу време помина али сеќавање на тебе некогаш е исто како бричење со зарѓан тап нож. Боли, мазохистичка болка она ко кога си чепкаш со јазикот заб кој те боли, а никако да престанеш. Значи добро е, секогаш е прашањето: кај е, добра ли е? Ипак прашањето се одбива од ѕидовите, времето откуцува на секундарникот и забораваш на се во следната секунда.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Раде ај нафати му се и нека не плачи Ред Џон појче по тебе.....


Инаку, еден од оние периоди таканаречени мирна вода. Така нека остани, а за возврат можи да тргнам и да го истражувам Амазонот, зато шо имам енергија за големи подвизи.
 
B

babsyy

Гостин
Уживам што секое утро, првото нешто што ме буди се твоите порачиња на вајбер :love:
А после заедно си го поминуваме работното време, постојано разменувајќи си погледи и чекајќи да заврши што побрзо.:rolleyes:
Никогаш не сум осеќала ваква топлина и приврзаност, толкава меѓусебна грижа, желба да му угодуваш на другиот постојано без да очекуваш нешто за возврат. А нештедливи сме во тоа и двајцата. :noze:

Ми го направи роденденот најубав, и си добив најубав подарок, ла ла лаа:pipi:
Ужасно ми фалиш иако се разделивме пред неполн час, иако ги поминуваме деновите цело време заедно, иако киснеме по кафичи и си се бакнуваме ко мали пубертетлии и од страна ни фрлаат никакви погледи пошо сме досаднии... не ми е гајле! :cool:

Ии песничкава ме топи :X3:

прво, пошто ужасно ми личиш на него, а знаеш дека ми е љубов голема (прв после тебе :D)
и второ пошо ќе ни биде wedding song, promise! :love:

Теее сакам највеќеее и покрај тебе сум најсреќнаа. Нанај убаво, утре ќе трчкаме заедно љубовче, ќе те гњавам до 101 назад. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom