Леле колку ме нервира
песнава!
Мислам дека и ти иам кажано, заедно со Simply the best ми се дно-дна на иритирачки песни. И од Топ Ган е, познавајќи те го немаш гледано, а и да те натерам 2 саата да утепаш на филм некако (!), ќе заспиеш на првите 15 минути максимум.
Батали тоа, си пуштив саундтрак од филмови, колку да ми свири нешто додека си ги листам задачкиве, чисто информативно во овие ситни саати, кој има памет сега да ги решава за озбилно ... И почнува оваа! Мрзата во мене беше поголема од желбата да сменам песна.
Кога уствари го слушнав и го профилозофирав тоа - Take my breath away ... Ми текна на моментите кога јас сум без здив и ... и ми недостигаат многу.
Нијанса поподнослива ми е сега песнава.