Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
8 јуни 2012
Мислења
374
Поени од реакции
830
Стварно ја претеруваш на моменти, само продолжи вака и за брзо ќе се скараме.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
133
Поени од реакции
67
И покрај тоа што те познавам само четири дена, со тебе успеав да ја доживеам најубавата ноќ во мојот живот. Дека срцево ми се кине и душава ме боли што мораш да заминеш таму далеку, илјада километри оддалечена од мене. Успеа да ме натераш да те засакам толку многу што веќе трет ден не можам да ги задржам солзиве во мене. За тебе секогаш ќе има посебно место во моето срце. ЌЕ ТЕ САКАМ ДОДЕКА СУМ ЖИВ!!!
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Ради тебе почнав и вести да гледам. :O
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241

Злато свадбата започна со нашето танго, па љубов моја има ли нешто поубаво од тоа да започне една свадба со нашата заедничка песна? :P

Да те потсетам на стиховите :love::ROFLMAO:

од овој ден ти си ми единствена
и погледни на дланка си ми пишана
ко златна до срце линија
засекогаш крај мене најмила
од овој ден ти си се што ми е свето
и погледни само за нас времето
по рози пат распостила
и одам до крај со тебе
најмила

п.с уште ме држи :icon_lol:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Има песни во кои секогаш те наоѓам тебе. Има песни во кои некаде во позадина оди нашата приказна. Голема среќа е што кога сум сама, можам да ја сменам станицата, програмата, да стиснам mute и слични алтернативи, но проблемот настапува кога се наоѓам во кафана, диско, кафиќ. Тогаш не можам да стиснам mute, тогаш палам цигара и ставам насмевка од уво до уво, како демек воопшто не ја ни слушам, како демек воопшто да не ја ни приметувам, како воопшто да не ми се враќа целото минато пред очи. И тогаш ќе ме праша некој: “Зошто бе ти се насолзени очите?“, а јас веднаш како од пушка, со цигарата во рака, го давам веќе одамна извежбаниот одговор: “Ми влезе димот од цигарата во око“. Класика.
Нашата приказна е одамна во минатото, таа впрочем таму и припаѓа. Поминаа години, веќе не сме истите. Особено јас. Она што е тажното во нашата приказна е што се беше кажано, а во исто време се беше премолчено. Кога најмногу требаа зборови, се се реши со тишина. Можеби и затоа денес кога седам во кафиќ и ќе чујам песна, пробувам да ги пополнам оние неколку секунди тишина со насмевка, за да не дозволам тишината, макар и на 2-3 секунди да ме врати и потсети на минатото, бидејќи тоа би било толку залудно.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.670

Nadji novu ljubav , novo nebo,
niko nece znati sta je s nama bilo,
Zasto ti srce pati, a ja cu da pijem
Ja cu da zivim kao pas bez nje
Ne da mi Bog drugacije ...


И си најде нели? :ROFLMAO: Среќна си барем , вреди да се гледа таа искрена насмевка макар и на слики на фб. Те немам видено 5 години , а како вчера да беше кога те гушнав на клупата во училиштето кога бегавме од час , а ти онака мала со тоа црното палтенце се изгуби во мене.

Ако ме служи здравјето , за 57 години ќе полнам 80 , и ако имам внуци сигурно ќе ми направат торта со свеќички , и единствена желба ќе ми биде барем за момент да се врати тој Мај 2009 година.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Природно е работите да си тежнеат кон крајот. Огнот догорува, цветот венее, дождот престанува, сонцето заоѓа.
Идеме натаму, сѐ појасно ми е. Нешо нѐ бутка кон таа темнина на крајот.
Ама ќе ја најдеме искрата за нов оган, ќе го расцветаме новиот цвет. Ќе успееме да го дочекаме и наредниот дожд и ќе се разбудиме заедно на новото изгрејсонце.
Во меѓувреме ќе те сакам. Исто како што те сакав првиот ден. Исто како што ми кажуваш дека ме сакаш секој ден.
Неизмерно, несебично, силно, искрено.
 
Член од
9 јануари 2013
Мислења
619
Поени од реакции
466
Велат човек секогаш се надева дури и кога изгубил секаква надеж ... се пронаоѓам во секој збор , иако помина долго време јас пак си се надевам дека еден ден ќе ми се исполне мојата желба,:( постои во мене мал зрак надеж, ..... и затоа си се надевам дека еден ден ќе собереш ХРАБРОСТ и ќе ми ја исполниш желбата :)
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Posakaj billo shto na svetov, zatvori gi ochite i tuka e. Samo kazhi mi edno mesto vo svetov, zatvori gi ochite, i tamu sme :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom