Се сеќавам понекогаш на тебе.
Ќе поминам од некое место, ќе прочитам нешто, ќе ја видам бележичката, ќе те спомне некој..
Со овие првите три и многу други, се справувам. Научив да си молчам и да си ги тушкам чувствата надолу. Дури може и да се каже дека се одвикнав од тебе.
Но кога ќе те спомне друг.. Случајно или намерно.. И ќе ми каже а памтиш ли кога беше со него, памтиш ли тогаш вака, памтиш ли во март каква беше и такви муабети.. Кога ќе те спомне друг, има неколку секунди кога се обидувам да бидам истата како и кога те мислам насамо, кога постоиш само во моите мисли. Но потоа веќе сум друга.
Скоро и да ми застана здивот кога помислив дека беше ти тоа пред некој ден. Се сеќавам, само се молев во себе да не си. Што ќе ти кажам кога ќе те видам, м? Ќе зборуваме за времето и ќе се лажеме меѓусебно дека сме одлично кога сме за никаде? И ќе мислиме дека сме успеале да го излажеме другиот, а забораваме дека се ни се гледа во очите?
Не го заслужуваш, но извини. Извини што се мораше така да заврши. Извини што можеби останав единствената жена во твојот живот од 2011, сите друго освен твојата мајка се сменија, а вака заврши. Некој мораше да прекине драги. Некој мораше да ги земе ножиците и да пресече. Кажав и претходно и сега ќе кажам, не можам да сум повеќе втор избор на некого кога тој некој ми е прв. Погрешен си, но прв. А кога јас, што те знам три и пол години, не можам да допрам до тебе, не е во мене проблемот. Во тебе е.
Никогаш нема да те заборавам, само ти оди.