Го знаеш тоа чувство? Ја знаеш песната сонце за три светови? Јас немам љубов за три светови, имам за илјада, имам љубов за сите светови кои постојат. Имам...
Ама каква е таа љубов? Ајде опишија... незнам и јас. Го пишувам ова за да ти кажам дека те сакам, а како да ти кажам ТЕ САКАМ? Мислиш те сакам е доволно? Јас не, чувствувам дека сета крв ми се зема од рацете, лупам, се тресам, срцето ми излегува, чуствувам дека секоја клетка ми лета, се треси, те сака. Имам една слика, ти го сликав окото, ја гледам и се намовнувам. Те сакам.
На кој му е гајле дека те сакам?
На никој, само јас. Ни тебе, ни на другите, ни на светот, на никој. Само јас знам КОЛКУ те сакам.
Зошто сите сме затруени со некој емоционален отров? ОСОБЕНО ЈАС? Сите се плашиме, полудуваме, се уништуваме, за љубов. Сите сме болни од овој емоционален отров, а знаеш кои се симптомите? Симптомите на таа болест на страв се : бес, омраза, тага, завист, лицемерие, сите страдаме, сите сме лудаци, идиоти, сељлаци, гнаси. А НАЈГОЛЕМ ОД СИТЕ НИВ СУМ ЈАС.
Да се навратам на еден дел од мојата омилена книга: " Кога стравот ќе стане премногу силен, разумот слабее и ние веќе не можеме да ги поднесуваме толкуте рани инфицирани од отров. Учебниците по психологија тоа го викаат душевни болести. Таа состојба ја викаме, параноја, психоза, но сите тие болести настануваат кога разумот е до таа мера исплашен, а раните се толку болни што не ни преостанува ништо друго освен да ги прекинеме сите врски со надворешниот свет. Луѓето живеат во постојан страв да не бидат повредени, а тоа од секоја ситуација создава страшна драма. Меѓусебните човечки односи во емотивна смисла се толку болни што, навидум без никаква причина, почнуваме да чувствуваме бес, љубомора, завист, тага. Дури и зборовите те сакам делуваат застрашувачки. Но, иако меѓусебните врски се оптоварени со болка, страв, ние сепак ги воспоставуваме, стапуваме во брак и раѓаме деца.
За да ги заштитат своите емоционални рани и поради стравот дека ќе бидат повредени, луѓето во својот ум создаваат многу комплициран систем на негација, односно одрекување. Во рамките на тој систем ние стануваме совршени лажговци, Лажеме толку совршено што се лажеме и себеси, па дури и веруваме на сопствените лаги. Понекогаш не ни забележуваме дека лажеме, а понекогаш, дури и кога сме свесни дека лажеме, ги оправдуваме тие лаги и најдуваме изговори за нив за да се заштитиме од својата болка и од своите рани.
Тој систем на негирање личи на ѕид од магла што стои пред нас и не спречува да ја видиме вистината."
Не ми е јасно ЗОШТО, се казнувам себеси, тебе, и сите други заради некој проклет страв.
Дали знаеш каква бев јас пред 7-8 години? Немаше човек кој го немав насмеано, немаше човек на кој не му помогнав. А сега, ги мразам луѓето.
Те нарекувам идиот, гнаса секаков, незнам дали се бранам, или нешто друго, СЕ МРАЗАМ, се мразам бидеќи сум толку затворена за да можам да ти покажам колку те сакам, сакам да ти кажам дека си крал, убавец, море, земја, воздух, мирис од сите цвеќиња, а знаеш всушност какви сме двајцата?
Исти исплашени глуфчи, без влакна кои само седат пред дупката на дождот. Кои се навредуваат и упорно се туркаат меѓу себе, место да се стегнат за рака и да се држат секогаш.
Се плашам да не те изгубам тебе, а воошто да не се изгубам и јас.
Поточно се изгубивме и двајцата, знаеш?
СО ОЛКУ ГОЛЕМА ЉУБОВ, други двајца би го срушиле светот. А јас и ти сме идиоти кои се плашат светот да не ги сруши нив. И ете гледаш не сруши.
Кажи ми јас, на кого друг би му ја дала душата? Сакам да се искорнам од внатре да излезам, и да ти се предадам на раце, да ме осетиш каква сум всушност јас. Го знаеш чуството кога сакаш да се предадеш цел на некој друг? Ете така сакам, да се искорнам, и да бидеш полеан со дожд од љубов, среќа, насмевки. Сакам да ти дадам се.
Само знај, дека те сакам повеќе од што се сакам јас.
Доста пишувам оти и онака на никој не му е гајле, па ни сменува нешто. Никој не знае какво е чувството кога сакаш на љубовта да и го дадеш светот на рака, а никако да успееш, бидеќи луѓето се идиоти, а најголем сум јас.