Дали да се држам до ветеното дека нема да пишувам за тебе или да го кажам она што остана недокажано.
Не знам што сторив од себе...Не знам до која точка дојдов.До лудило?Не,но блиску сум до тоа..Или мислам дека сум...
Игнорираше се што е мое,па дури и денешниот смс...да те прашам само како си...Сакам да знам како си...Не можам ниту тоа да го добијам од тебе?Една е*ана порака?Мала?
Но...на крајот сепак го избришав и твојот број...Зошто ке ми е,кога "неможеш" да ми вратиш?
Пак дојдовме до моето...Дека ме игнорираш иако ми велеше дека тоа не е така.
Знаеш што ме боли?Тоа што ниту едно ветување не исполни,ме боли твојата промена,а уште повеке фактот дека морам да глумам дека ми е сеедно што правиш.
Не,не ми е сеедно...Ниту пак ке ми биде во блиска иднина...А сакам да ми биде,верувај...
Себичен си,само на себе мислиш а што е најтрагично на крајот секогаш гледаш ти да испаднеш жртвата...
Очајна сум,до Алјаска и назад...
Собирам се,одам напред,и ја ставам маската на лицето...Се вртам и ветувам...
Не,не ветувам ништо...туку ке дејствувам...