Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Зошто сеуште копнеам по тебе?По твојот поглед и преубави очи?Зошто е проклето тешко да те оставам во минатото?И после толку време по разделбата,срцето тагува по тебе,по мистериозниот длабок поглед,по црните очи во кои ја видов љубовта на мојот живот.Се лажам себеси и другите дека сум те заборавил,и под лажната насмевка се крие копнежот за убавите моменти со тебе.Иако сите слики се избришани,се што не поврзуваше е уништено,доволно е само да ги затворам очите и повторно те гледам,а знам дека само ја продлаблочувам мојата болка,но болката нема да ме спречи во намерата да те гледам и сакам,бидејќи засекогаш ќе останеш совршена за мене,моја црноока девојко...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.755
Поени од реакции
17.654
фалиш уште повеќе од кога било досега. Да ти кажам дека боли бидејќи знам дека не си тука и не си моја, а уште повеќе боли кога ќе се разбудам на утро и почнува нов ден полн со внатрешна битка во мене. Нов ден полн со враќања на спомени и моменти. Ден во кого повторно ќе анализрам се што си рекла, направила и напишала.

Знаеш што боли најповеќе во тој 'нов' ден? Тоа што знам дека дадов се за тебе, за тебе да ти е убаво иии дека овој пат стварно, во оваа врска наша ништо не згрешив а пак испаднав повреден. Боли кога ќе видам дека едноставно не псотојам за тебе и покрај тоа твое ' те сакам '. Боли кога ќе видам дека не си вратила на пораката од пред 1 недела а ниту на пропуштените повици.

Боли тоа што пак јас самиот се кривам и те бранам од се.

А најповеќе боли таа пуста надеж која повторно се раѓа и раѓа секој ден.

:(
 
Член од
2 март 2012
Мислења
93
Поени од реакции
56
15 минути седам и се обидувам да смислам некој убав текст за тебе, ама на толку алкохол тешко некоја инспирација да ми дојде... само сакам да ти кажам дека одвај чекам да дојде среда, за да те видам, да те гушнам, да те бакнам... не можам веќе преку скајп... не е тоа тоа :D ама ете, ни ги ебаа сите планови избориве :D
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Не сум за тебе ни ти за мене..се што имавме изгубивме и можеби со добра причина. Време е да прекинеме да се лажеме дека можеме да бидеме заедно, и двајцата треба да продолжиме со животите, секој на своја страна. Ако случајно ни било пишано можеби повторно ќе се сретнеме во друго место и друго време, но дотогаш..ти посакувам се најубаво миличок, биди среќен и заљубен ко што можевме да бидеме, ама ете не сме :)
wish you all the best!
твојата малечка :pipi:
 
Член од
9 јануари 2013
Мислења
619
Поени од реакции
466
од ден на ден се повеќе и повеќе ми фалиш.Уште го слушам твојот глас во моите мисли,уште си ги читам пораките кои ми ги имаш испратено, си се сеќавам на убавите моменти поминати заедно...Толку добро ме запозна така никој друг не ме познава. Добар си на многу полиња, како на пример тактиките за заведување, глумење, игри... од сите работи најдобар си во играњето игри, иако такви игри играат само слабците јас сепак би ти дала златен медал за нив. Не сфатив или пак не сакав да сфатам многу работи иако за некои потсвесно знаев шо следува. Боли болката предизвикана од некој кој ти значи.Премногу боли кога ќе видиш дека едноставно не постиош за особата која ти значи и покрај тоа шо постојано ти го кажувала зборот „ТЕ САКАМ“, но најмногу боли кога ништо не си згрешил, си дал се од себе и пак си ти тој шо е скршен и шо пате.:(
 

Идеално Лоша

(more human than human)
Член од
8 февруари 2013
Мислења
118
Поени од реакции
106
Како до сад ниси научио да сам ја цура коју свако може лагати, али је нико неможе слагати? И да глупа правила ове игре у којој је теби све дозвољено, поштујем једино због тога што сам их ЛИЧНО одредила!
 
Член од
24 март 2013
Мислења
64
Поени од реакции
61
Мрачно ми е и црно откако си замина кај дедо Боже и ме остави сама да чекорам кон патот на „ништото“... Животов престана да ми има смисла... Седам и чекам, чекам а не знам што...
Можеби возот- шо ќе ме однесе кај тебе, да бидеме повторно заедно, да се сакаме и љубиме како некогаш... Ми недостигаат твоите усни, раце - да ме бакнуваат и гушкаат, сите оние раб за кои шо си ме нерВозирал...
Сето тоа многу, така многу ми фали... Го преспивам денот- потсеќа на тебе,со надеж дека болката ќе се смали така, но таа од ноќ во ноќ расте се`поголема станува... Не знам како да се справам со реката што надојде, невремето во мојата душа...моето срце падна во очај, се изгубив во сопствениот лавиринт на моите чувства... :facepalm:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIL
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Те сонував, пак по долго време, прилично долго. И се беше совршено се дур не се разбудив. Би бил благодарен доколку не ме посетуваш на сон како што престана и надвор од него.
 
Член од
18 февруари 2013
Мислења
108
Поени од реакции
146
После вчерашната вечер можам да ти кажам дека те сакам повеќе од се на светов, едноставно станав зависен од тебе. Се враќам уназад до летото, дента кога те запознав, беше на маалските лулашки како некое мало девојче. :D Првото што ме освои беше гласното смеење што и мене ми стана заразно, најслатката насмевка и очи што ги имав видено.:love: Немајќи што друго да прашам, те прашав колку е саат, па од каде си за на крај да испадне дека сме биле и комшии. Полека се поклопија коцките и другите не зближија многу повеќе. Ми стана најдобра другарка, за мене ја направи најважната работа што никогаш нема да ти ја заборавам ниту јас ниту моите. Никогаш нема да го заборавам ни тој ден кога плачејќи си идеше накај дома, а кога те прашав што ти е, немаше сила да ми одговориш. Тогаш сфатив колку многу ми значиш и дека не можам да издржам да те гледам таква. Или сфатив колку уствари те сакам малечко мое. Знаев дека ќе треба да имам трпение и не можев туку така да ти ги кажам чуствата уште тогаш, иако имав преголема желба. Најтешкиот момент во животот ми беше тој јануарскиот ден кога те видов скоро безживотна, а секогаш беше и СИ најборбената девојка што ја знам. :( Ти ја пружив мојата поддршка и ти кажав дека секогаш ќе бидам тука за тебе и дека се молам за тебе. Среќа најлошото помина, па најдобрите денови следеа понатаму. Први февруари кога сфати дека и ти го чуствуваш истото за мене, најсреќниот ден во мојот живот што никогаш нема да го заборавам. Од тогаш па навака сум најсреќниот дечко, а се надевам исто и ти. Кога заспиваш покрај мене како мало бебе, кога најнежно кажуваш дека ме сакаш, кога пееш и се смееш уживаш во животот, се тоа прави да не можам да размислувам на ништо друго освен на тебе. :X3: Ти ветив дека покрај мене никогаш нема да се осеќаш тажна и нема да дозволам ниту солза да помине на тоа најслатко лице, било кога. И понатака ќе си го исполнувам ветувањето. Дури и некогаш патиштата да ни се разидат, дури некогаш да не можеме да бидеме заедно сакам да знаеш дека никогаш НИКОЈА нема да може да го заземе твоето место. Секогаш за мене ќе останеш најпосебната личност и секогаш ќе можеш да сметаш на мене за што и да е. Направи од мене да не се препознавам повеќе и секогаш ќе ти бидам благодарен за тоа. Те сакам најмила мојa :love:

 
M

MIL

Гостин
Pomina vreme a mene mi stoi grutka golema na srce i edna golema knedla vo grlo koa ke pomislam na tebe ... Minatoto neka ostane dobro skolo kako treba da ljubime ponatamu , a idninata ke pokaze dali ke znaeme da go povtorime toa so drugi kako sto ke go imame ... neznam zasto ama moite race treperat dodeka go pisam ova , a moite usni se isusija dodeka go kazuvam ova sto go pisuvam znam deka i ti ke zaplaces i zalipas ako go procitas ova moe pismo .... Sekoe dobro malecka ti posakuvam da si uste posrekna i pozaljubena kako sto bese vo mene i jas vo tebe ... Minatoto ne se brise taka lesno znaeme i dvajcata nasata ljubov ne bese so moliv napisana da se izbrise so guma , nasata ljubov bese grafirana vo nasite srca takva i ke ostane ... Od srce posakuvam da se snajdeme ponatamu eden bez drug i da ni se povtori takva ljubov GOLEMA ! posveteno Tikvicke
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Интересен си ми кога те победувам на биљард, а ти се лутиш, па морам да ти попуштам :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom