Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.894
Поени од реакции
30.816
Кој к*р пак мислам на тебе кога знам дека нема иднина, ај гитла од мојава глава.
 
Член од
10 март 2013
Мислења
69
Поени од реакции
164
Не ми недостигаш затоа што не си повеќе до мене, како да ти кажам. Не ми недостигаш што повеќе не ѕвони телефонот, ниту што не доаѓаш да ме земеш од пред врата. Не ми недостигаш ни тоа што повеќе нема никогаш да ги слушнам твоите цинични шали. Не ми недостига ни твојот поглед кој секогаш толку посесивно и толку среќно не се поместуваше од моето лице......
Ми недостигаш во оние моменти кои ме потсетуваат на тебе, токму тогаш кога ми доаѓа да кажам „Посакувам да беше сега овде до мене“. Ми недостигаш кога сакам да се глупирам. Ми недостигаш кога сакам брза вожња. Ми недостигаш да ми глумиш фраер, а сепак да не можеш да се одлепиш ни за миг од мене. Мии недостигаш кога ми ја даваше јакната во ладно време..а јас се правев шмизла. Ми недостигаш да ме сакаш без шминка. Ми недостигаш да ми се јавувуваш секое утро за да се разбудам со твојот глас. Ми недостигаш кога сакам да лежам прегрната, а тишината да не ме убие. Ми недостигаш да ми ја пополниш празнината која без тебе ме убива. Ми недостигаш за да ми бидеш сонце дури и кога надвор врне. Ми недостигаш за да бидеме јас и ти. Ми недостигаш за да бидеме ние.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Тe има па те нема...
Ти си секаде околу мене...
Си ги бришам солзите и ги читам разговорите...
Се мачам сама себеси...
Се секавам на ноките и на нашите безконечни разговори...
Љубовта бледее...
На пат сум да те замразам а не сакам...
Зошто го дозволуваш тоа?
Зошто дозволуваш да ме снема од твојот живот?
Па нели ти значев?
Или сето тоа беше само глума...
Браво...
Сега и Стивен Спилберг би можел да те земе во некој филм...
Секој би завидувал на твојата глума.
Епа нема повеке...
Нема да капнам солза за тебе...
Нема...
Си ветувам на самата себеси и овде на форумов...
Пред сите.
Ти мене не ме заслужуваш...
Ни моето другарство,ништо од мене не заслужуваш...
Ти само продолжи...
Ке го почуствуваш и моето отсуство...
Ке почуствуваш како е... да загубиш нешто кое некогаш ти значело.
Знам дека ти значев порано ...
Но ти?
Ме пушташ да си одам.
Ке си одам.
Ке те направи ли срекен?
Нека те прави...

GO FUCK YOURSELF...
Одамна ја задушив љубовта кон тебе...
Нема да дозволам,повторно да ме измамиш.
Има луге кои ме сакаат,луге на кои им значам...
Тие навистина вредат.

Се гледаме...
Никогаш.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Од љубовта секогаш на крај ќе се изгориш ... бидејќи со оган не можеш да си играш ... на крај ќе останеш изгорен ... љубовта е како курва доаѓа непоканета те крева и те треска од земја ... за на крај само да кажеш ... нема врска што ...

images.jpg
 
S

StormRage

Гостин
Луцидни кошмари и ти во нив, ме направи да се потсетам на нешто... да се потсетам дека те лажев кога ти кажав дека не те сакам и дека сеуште се лажам дека не те сакам... изгледа ќе морам да продолжам со тоа и да живеам во лаги... Знаеш, долго време барав некоја која ќе дојде и ќе ме преврти... ти згора на тоа ме сруши и ме крена од прашината, ме изгради пак за на крај да ме убиеш. Интересна игра, било лошо дури и премногу пати, така да ова ти го пишувам за последен пат... Сакам да се видиме, сакам да е сега се ко порано, пред нас, тие кафиња и зезања до 3-4 сабајле без никаква намера... Ќе биде, ќе биде и тоа, во овој живот или наредниот. Глувата ноќ ме сваќа, дури и премногу добро, поради што е глува и нема, испушта некои звуци кои не ги разбирам, а ми доаѓаат ко утеха, звукот на дождот што понекогаш го слушам од високо и неколку луѓе ситни како мравки... Во секој од нив те барам тебе, секогаш кога ќе застанев на тоа место, но тебе те немаше. Премногу се убивав со тебе од кога си замина, премногу мислев, заспивав со помислата на тебе и се будев во илузија дека ќе ги видам тие очи пред мене на мојата перница, понекогаш и халуцинирав (изгледа нешто има во тутунот) ... Знаеш уште спијам во ќошот, некако сакам да си тука кога ќе се разбудам ама изгледа се е само сон, тоа нема да се случи... Знаеш ли колку ноќи си ја мавав главата од ѕидот? Не, неможам да ти простам... уствари ти и ништо не си згрешила, неможам себеси да си простам што не учам од грешките и неможам понекогаш да предвидам шта би било кад би било. Незнам зошто тогаш ме излажа дека ме сакаш, или можда не ме излажа незнам, но незнам како толку брзо ме заборави, тогаш кога останав без зборови, таа проклета ноќ... Стари слики уште ме прогонуваат, некаде по улица го слушам твојот глас, а уствари халуцинирам. Се опседнав со тебе? Можда, тебе човек не те заборава лесно, некои работи оставаат лузни, а некои дупки... Ти си од вторите, веќе незнам што да осеќам, поточно незнам ни дали осеќам нешто повеќе. Ме јаде депресија барем така ми велат, не, не е тоа ама и сам не знам што е. Само знам дека кога ти би била покрај мене тоа немаше да се дешава. Сега ти си продолжи, си ја најде среќата, а јас уште те чекав со некоја лажна надеж, но можда некогаш некоја негде ќе сака да ме свати мене и сите мои глупости и недостатоци и да живее со тоа. Пошо очигледно ти неможеше. Знам дека веќе и не ти е ни гајле толку за мене, но можам да сум ти пријател. Сега, сега само остави ме, ми остана уште една чаша очај, и нејзе ќе ја испијам и ќе преживеам. И немој да мислиш дека те мразам, не, се мразам себеси и секогаш сум се мразел, а кога се мразам себеси, зарем сакам и некој да ме сака? хех... не оди тоа така...
Нема да пробам да те вратам, веќе доволно се трудев и измачував, само запамети секогаш си добредојдена на секаков начин и секогаш ќе сум тука за тебе...

за крај само ќе ти ја посветам песната од човекот што не го сакаше (незнам зошто)

ti, jedina moja tebi koja odavno nisi jedina
svaka sekunda kao godina
al' barem znam na cemu sam
i barem znam da nema nas
i spreman sam da budem nasmejan
pred svima, iako te kad sam solo
i dalje oblikujem od oblaka dima
i kroz paucinu vracam dane
kad smo ti i ja
jos bili tim
oprosti sto nemam snage da te slazem
da ti zelim srecu sa njim
a i sta ce ti
to od mene
sve uspomene s' kaputa stresi
samo budi to sto jesi,
tu gde si
sta god da se desi
ti budi ok
i nikad ne saznaj kako to boli
kad nekoga volis, a mrzis
kad mrzis, a volis
i lomis se da izdrzis...
(малку претерав со муабетов)

п.с. I'll miss those angel eyes... bye

п.с.с. фала, фала за секој момент, за секој допир, за секој бакнеж и секоја прегратка. фала за секоја насмевка и шега која ми помагаше кога ми беше тешко, фала што беше тука за мене... твојот Мики
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Оти бе стално ми се пуштаат девојки што воопшто не би ги забележал ако не го направат тоа. :rolleyes:
Да тибам руката, да тибам.
 
Л

Лигеја

Гостин
I won't screw this up love,I promise and I swear in my sweet talking heart.:X3:
п.с Лени вика и да е Џина Гершон...џабе е,if you know what I mean. ;)
His lyrics...from me to you. :)

 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
И сега кога е веке се завршено...
Кога не остана ни пријателство...
Кога не остана ништо од она за кое се трудев да го градам...
Сега ми е многу подобро и полесно...
Сега сме само странци...
Оставени во тишината...
Доцна се сети дека ме повреди.
А јас глумам,дека е се во ред...
Не е во ред...
Никогаш не ни било...
Остани таму кај што треба да си...
Во минатото...
Сега си таму...
На никое место не припагаш...
И чудно?
Сеедно ми е...
И за тебе...
И за тоа што мислиш и чувствуваш сега...
Денес,денес беше голем ден...
Бидејки ја донесов таа одлука.
Да кажам...
Доста беше...

Уф...ова беше последниот пост за тебе напишан...
Последна мисла упатена кон тебе...
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Уште си ја читам пораката што ми ја испрати, денот ми го разубави еј. Целиот тој вишок стрес, gone. Незнам незнам, те мислам злато. Мислам на нас двајцата, ух тие спомени. Едвај чекам да си дојдам дома, знам дека многу ти недостигам, едвај чекам да те гушнам, многу работи треба да ти кажам. А со тебе времето минува толку брзо, некад не ни приметувам се додека сабајлечкото сонце не не фати док ние зборуваме за нашата иднина.

Ти ја давам сета моја љубов, подршка а пред се почита.

Те сакам.:love:
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.755
Поени од реакции
17.654
Немам што а сепак имам многу за кажување, едноставно не знам како. Што знам? Знам дека боли, да боли. После толку време пробав пак, се залетав реков ете ова вреди, ова ќе биде тоа, доста беше плашење, бегање и ете што се деси?- Пак наебав. Се навлеков, внесов, дадов се од себе иако вети, вети и рече многу работи и пак успеа да ме уништиш. Не си ти крива, тиреков јас сум крив, како тогаш така сега ти посакувам се најдобро.

Уште го слушам твојот глас како вели ' Те сакам убаво ми беше со тебе но неможам да прекинам да мислам на него, на тој од минатото' и сеуште ја паметам сликата од пораката на фб која следеше после тој разговор :' Преубаво ми беше со тебе, пре пре убо ама на него мислам секој момент и секое место ме потсеќа на него' и потоа следуваше она :' И ГО САКАМ, ме боли дека знам дека никогаш нема да бидеме заедно со него и се е залудно' ....

Знаеш ти се јавив збораувавме 40 минути и не спеав да те разубедам ни барем малце да не знам променам нешто. Знаеш како боли кога ништо не си згрешил и си дал се одсебе и пак пак ти си тој што ќе биде скршен?

Ти се ѕвонав пак 2 пати, го слушнав оној звук ' тууууууууут' и чекав да крениш но тоа не се деси, чекав и чекав. Се разбудувам на сабајле со надеж дека ќе видам пропуштен повик дека ќе ме побараш да разговараме, и тоа не се деси.

Ти пишав уште една порака на фб долгичка за се и како ми фалиш, ти се заблагодарив за убавите спомени, времето. Ти се извинив и за потрошеното доколку било такво, но пак недобив ни одговор ни ништо а боли кога те гледам онлине и знам дека можеш да ми се јавиш или пишиш. Како добро си врвиш и остало .... иако мене баш ми е мило за тоа.

'Пријателе љубовта е двонасочна улица' ми рекоа одамна, но ете јас пак успеав да завшам во слепа уличка. (n)

:(
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Колкупати само водам војна во себе, колкупати ги преформулирам сите оние зборови што сакам да ти ги кажам...
Колкупати потоа се потсетувам дека се` би било залудно, дека кога - тогаш би здоболело....
Безизлезноста беше уште од старт поставена... Тоа е тоа. Ти ме гледаше со други очи а јас се лажев дека се` е во ред. Се потхранував дека ќе се смени лека полека со тек на време. И би рекол дека сум многу благодарен додека траеше сето тоа. Сепак имаше една голема придобивка. А тоа е дека од емотивен инвалид, создаде човечко суштество. Да се кае од сопствените грешки, да се смее на глупостите што некогаш ти ги имаше пишувано. Да биде среќен не по своја вина. Кога би те здогледал, би ми било уште повеќе јасно дека сеуште сум истата личност кога нашите погледи за прв пат се судрија. Но тоа го оставам можеби во другиот свет, кога повторно за прв пат ќе те погледнам.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581

*дека дојде на ред на плејлистата, и дека ја видов темава, не дека сум јас за во оваа тема, и дека е се подобро отколку да се учи за колоквиум...
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.272
Најболно од се се пропуштените шанси коа знаеш дека можело нешто да биде ама ништо. За ништо друго не се каам . И раскини, кавги, навреди и други работи што ми се имаат случувано не ме боли како шансата што ја испуштив со тебе на времето, па макар и да испаднеше само авантура а и најверојатно и тоа ќе испаднеше. Пролазна. Али јбг тогаш ко да немав храброст, no balls , многу работи се сменија од тогаш ама се е доцна.

Али како што велат стари тркалцето се врти. И ете сеа се чуствувам ко они што велат дека се наоѓаат во френдзон. Иако уште не сфатив што значи тоа, дали и јас сум таа зона незнам или дали и воопшто постои таква зона. Лејм изговор за корпа , ме нервираат и цурите што сакаат да испаднат фини па божем не сакаат да ги повредат а всушност само сакаат да ги влечат за нос и искористуваат ако им притреба нешто,a ние машките сме толку глупи во тие работи што ни требаат доста време да сфатиме ситуацијата и коа останеме со празни руки тоест СУВИ - френд зона.Јеа рајт.
. Незнам каква зона е само знам дека сум у заебана зона некоја.

Колку добро ме познаваш никој друг така не ме познава. Те бива по разни манипулирања ,тактики за заводење, игри,глумење, ти симнавам капа за игрите.
Така да работите што ги имаш направено за мене незнам како да ги сфатам, манипулирање, искреност(не верувам).
Сусаро има да напише многу работи доколу те запознае.
Сосема спротивни сме во тоа, тие работи ги избегнувам , ме нервираат и незнам да глумам и лажам. И ми го имаш спомнено тоа и заради немањето упорност се единствените работи шо ми фалат во врска со жените. А не сфаќаш дека за мене 'не' значи 'НЕ', а всушност тоа да било пробај повторно и подобро за да не испадне дека сум лесна.
Ај за првпат на овој подфорум доста е само да ти спомнам фала за се шо имаш направено, ретко која е толку добра била спрема мене, ама џабе неможем да ти бидам некој другар нити такво слично коа можев повеќе. Чао. Знам дека шансите ова да ти го речам во лице се многу мали, ме познаваш и знаеш дека едноставно се повлекувам и тоа е тоа.Ќе сфатиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom