Се појави во мојот живот додека минував низ еден период во кој Детето во мене беше речиси целосно повлечено, разочарано, исплашено, тажно...Уште при првата средба со тебе, ти успеа да ја извлечеш неговата насмевка, да ги кажеш најсоодветните зборови за да исчезне сиот страв собран во него.Тоа Дете, после тоа, секој ден копнееше да те виде.Копнееше да го слушне повторно тоа преубаво нежно гласче со тивок тон.
Возрасниот во мене беше немоќен, не можеше, не успеа да го спречи тоа.Секојдневно му повторуваше на Детето дека не смее да го чувствува тоа, дека тоа нема никаква иднина.Но Детето беше пресреќно, Детето едноставно уживаше додека беше во твоја близина.Во твое присуство, тоа како да беше најспокојното Дете на светот.
Правилата кои упорно ги наметнуваше Возрасниот, воопшто не му беа интересни.
Детето се радуваше на тебе како на некоја нова играчка.Детето те засака, искрено те засака, детето одбиваше да ја прифати суровата вистина на Возрасниот.Сега Детето се соочува со таа вистина.Сега Детето пак е тажно, дури потажно од порано.Неговата омилена играчка му беше одземена без никаква милост.Сега Детето е збунето.Ќе му подари ли животот некогаш повторно исто толку прекрасна играчка? Ма не...каква играчка...ти претставуваше и повеќе од тоа.Детето загуби многу повеќе од играчка.
Ти беше најдобриот пријател што некогаш сум го имала во животот.Ти си човек со огромно срце.Во тебе гледав роднина, гледав брат каков што отсекогаш посакував да имам, гледав пријател, другар...и тоа последното заради кое би требало да се срамам.
Беше too good to be true...Тоа е тоа.Да си здрав и жив!