Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

S

StormRage

Гостин
знаеш... никогаш те немаше кога ми фалеше и сега те нема... искрено нема да дојдеш пак... и после неколку години си го поставувам истово прашање... зошто ти, зошто кога не добив од тебе ништо, а изгубив многу, премногу... кога би била тука би ти објаснал многу работи, многу недоречени и премолчени...
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Некој мора прв да го скрши мразот или некој тука се двоуми?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.135
Поени од реакции
25.669
12.03.2013

Една година без тебе. Порано ќе кажев, море кого лажам и сега ќе кажам дека јубилеите се само состојба на умот и ништо повеќе. Што демек светот се преврти вчера кога беа 364 дена или ќе удри метеор утре кога ќе бидат 366. Само една револуција на земјата околу сонцето. Да бевме на Уран ќе се изначекавме за јубилеи. Но, како што стареам сфаќам некои работи како на пример дека не ми држи гзот да се клабирам и етанолизирам како пред 10 години. Некои нови деца и помладоци како Ендофермин, Икарус, Дедалус едвај ќе чекаат да потсоберат некоја пара и да се организираат за Стејт оф транс, додека ти не можеш двајца да собереш за таму и покрај тоа што скоро сите од твое друштво работат и можат да си приуштат тоа.

Но и друго сфаќам. Морам да потсопрам да бидам катиљ, к'не, серт, сурупук, чурук, тепере и останати турски зборови што во превод значи барем малце да го поднамалам сувопарниот рационализам и опорот (како што еднаш ме опиша екс членот Шведен. Шведо ако некаде читаш со 7миот јузер прими поздрав од мене) сепак свесно но барем малце да си го подјебнам или подобро кажано подоргазмирам мозокот дека среќата е во малите нешта, што ќе сториш во животот тоа ќе се врати, радувај му се на денешниот ден и останати прогеј Семе Синапово срања.

Едно од тие прогеј Семе Синапово срања се и јубилеите. Не можам да ти опишам каков емоционален ролеркостер доживеав овие година дена без тебе. Проживував напади на бес, нервоза, стрес, паника, депресија, меланхолија, носталгија па и благи форми на агорафобија и при самата помисла дека ти не си повеќе со мене. Сите ми ја знаеа болката, сите ми викаа да не те барам, да не ти се враќам, да не дозволам ти пак да влезеш во моето срце, во моите гради, во моите артерии, вени и капилари. Само еден другар во еден момент на прелом кога беше ништо или се ми рече дека ако постои момент да ти се вратам тоа е сега. Но не се вратив. Што би рекол братот Аца во Чивас-Место теби све што боли старом другу ја чу речи, место тебе он ме гледа, тебе стављам место леда. Јас се јавив на стариот другар мој од Трст. Иста генерација сме, нема некој што подобро ме разбира од него. И наместо утеха ми беше потешко, сакав кога сте ми сите при рака, и ден денешен ти најмногу ми фалиш кога е присутен тој. Едноставно едното си повлекува друго. Се изнакупував книги, уште малку ќе ме избркаат од дома. Кој би претпоставил какво библиотекиште можеш да направиш со истите пари што сум ги трошел на тебе.

Брејкинг њуз. Додека го пишувам ова, мојата прва љубов објавила пред едно 20-тина минути на Фејбук дека се венчала. Се сеќаваш на неа нели? Кафе Дали, ГТЦ есента 2002-ра. И ти беше таму, и ти беше сведок на се. И наместо целата носталгија да ми биде насочена на тоа, повторно ми е на тебе. Не дека и за неа не можам да напишам доволно, ама за тебе можам да напишам се. 18 000 карактери малку ќе ми бидат. Семето Синапово во мене вика дека не случајно баш сега се случува ова, баш на овој ден. Ова е порака, знак. Старите времиња завршуваат, старите љубови си одат. Време е ретровизорот на животот да ми служи само како алатка за потсетување на некои убави моменти, поуки и интерни заебанции но не и постојано. Време е да се оди напред и да се погледне во иднината. Време е конечно да те оставам зад мене. Време е! Така вика Семето Синапово, така вика и слоганот на СДСМ. Може се во право. Дефинитивно се во право. Само што... Само што јас сенф органски не можам да поднесам, скоро исто колку што не можам комуњари, леваци, андеркавер титољупци и ексјуплачипички.

Јас повторно помислувам на тебе. И сеуште те сонувам. Не колку порано, но 2-3 пати месечно сигурно. Се љубиме страсно и само тогаш се е како што треба. Само тогаш сите универзални фреквенции, амплитуди, бранови, гама радијациии, позиции на планетите, црните дупки, млечниот пат, остантите галаксии и паралелни универзуми се на свое место во апсолутно перфекциска хармонија како еден вид на будистичко-ЕДНО. Тоа е едно од проклетствата на Адамовиот род, една од казните за гревот во Еден-Сите човечки задоволства водат кон смрт. Се што на човека му дава задоволство истовремено да го убива. Но почнува по малку да бледнее. Што би рекла онаа анорексичната вреќа со коски од Битола-За година, две, се помалку ќе имам љубов за тебе. За година две, би сакал да не те сакам ич. Но не и сега, не после година дена од 12.03.2012. Сеуште сум немоќен, сеуште можеш да ми ја сјебеш сета волја, сиот карактер, целиот инат кој ми е титаниумски цврст. Се тоа можеш да го срушиш во микросекунда, со само еден бакнеж, моја најмила Никотина.

 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Веќе не сакам романтични филмови, смешни ми се, ме нервираат и превртувам очи на секое ебано клише во нив.
Најзабеганко клише ми е кога на типката и е лошо, почнува да рика, му се фрла на типот во прегратка, а овој прво стои зачуден, па после онака, пополека ги става рацете околу неа, ја прегрнува, и во тој момент неизбежното женско воздивнување за тоа како во тој момент тој сфаќа дека уствари она му значи многу повеќе отколку што мислел. (n)

Ти идиоте, сфати откога ме немаше мене, дека јас уствари ти значам многу повеќе отколку што си мислел. Нешто што јас го знаев цело време. Знам какво влијание имав и имам, и богами ќе имам уште многу време врз тебе. Можеш физички да се поврзеш со било која што малце ќе ти се допадне, али ти си ментално поврзан со мене. Тој ефект што јас го имам врз тебе, ретко некоја да го повтори во иднина. Жал ми е што дури пред некое време сам го сфати тоа. Што мораше да помине време, за тебе да ти се разјаснат некои работи.
А знаев. Цело време знаев дека и покрај се, онака сум ти врежана во крвта што дури и те трујам. Те труев, зошто сум спој на се што обожаваш и се што мразиш и те нервира.
А ти сакаш се да е подмачкано. Те труев оти можев така да те скршам моментално, а ти си премногу горд да признаеш дека едно така ситно, нежно девојче те руши тебе, кој си полн со самоконтрола.
Многу те живцирав со некои мои постапки, ти сметаше тоа што го имам тоа влијание врз тебе, што никој го нема.
Но јас сум сменета. Да, малку. Повеќе не можам да изигравам инат без потреба, повеќе не се нервирам без потреба, повеќе не придавам значење на некои работи. Сега јас сум таа која гледа да им попушти малце на луѓето, јас сум таа што сака и бара да ги среди работите.
А ти стана обратното.
Јас станав подобра со тебе, ти стана полош со мене.

Сфатив и дека таа вистинската љубов е срање, ако не се трудиш за неа. Секој ебан ден.
Дека не паѓа од небо, а и да падне, по некое време ако ја запоставиш, ојде од рака.
Среќни се тие што можат така добро да се разберат со другиот, што се оди подмачкано, што си се ко плус и минус.
Тешко на оние што се сакаат до коска, а никако да пронајдат начин да се разберат, никако бе.

Сфатив и дека мојот мозок те избришал тебе.
Мојот мозок ги избриша и сите емоции, тој ме натера да те заборавам. Тој ме тера и да бидам ладна спрема тебе секогаш. Ти смета тоа? И мене ми сметаше на времето. ;)
Тој ми вика дека не смеам да ти се вратам пак целосно, зошто знам како ќе заврши сето тоа. Оти те познавам, пак никад во ништо нема да си сигурен, а и да си, пак ќе најдам начин да те преиспитувам.
Жално е што и сфатив и дека имам поголеми јајца од тебе.
Жално е што не можеш да се бориш за некој што толку ти значи. Жално е што си кукавица. Жално е што бар еднаш не можеш да си кажеш и признаеш себеси - Да, ја сакам многу бе, толку што дури и самото тоа ме уништува!

Жал ми е и за мене. Жал ми е што те имам, а те немам.
Жал ми е и што така се осеќам поврзана со тебе, што знам дека тоа чувство нема да се повтори со друг. Жал ми е и што секогаш кога сум тажна, сакам да ти се јавам и тебе да ти се исповедам, што секогаш кога ќе згуснат работите, тебе те барам.
Жал ми е и што некогаш толку многу сакам да ме гушнеш, оти само така сум мирна, се осеќам заштитена и безбедна ко со никој. Ми го земаш мирот и ми го враќаш.
Жал ми е што не можам да те гледам со исти очи, а уште не сум те избришала целосно, а не знам ни дали некад ќе успеам во тоа.

Немав солзи многу време, еве ги сега, бар уште сум човек ебаго.
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Немам страв од височини, страв ми е да не паднам.
Не се плашам од игри, се плашам да не изгубам.
Не се плашам да ти кажам дека те сакам, се плашам од твојот одговор..
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Се сеќаваш еднаш кога ме праша дали сум го положила испитот? Да не гледаше некој од страна како потврдно ти климнувам со главата, ќе помислеше дека го кажувам судбоносното „Да“, ќе помислеше дека си ме запросил. Очичките ти блескаа исто како моите. Јас бев пресреќна, не затоа што го положив испитот, туку затоа што за прв пат покажа некаква грижа за мене. Тоа ми е еден од најубавите спомени од тебе, покрај оној другиот што ти го кажав пред некој ден. Да, оној кога случајно се видовме на факултет. Таа слика во главата како ми се доближуваш со забрзани чекори, викајќи го моето име со насмевка и очи што викаат „мило ми е што те гледам“, сеуште на моменти помислувам дека беше сон. Всушност сите тие убави спомени што ги имам од тебе беа како прекрасни сонови што ми се исполнија уште пред да се осмелам да ги сонувам. Тие прекрасни и истовремено проклети спомени по некое време ме натераа да сонувам, да сонувам навистина, да сонувам без страв, да сонувам за уште многу, многу такви спомени, магични како претходните.Но тие сонови не успеав да ги дофатам на јаве, како за инат ми бегаа од раце, за инат на претходните што како спомени ги чувам, како подарок толку драг и скапоцен од тебе.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Еве, по толку многу време, сакам да ти го кажам уште само ова:

Се враќам во некое друго време
Минато
Или можеби иднина
Кој би знаел
И онака веќе одамна не знам
Што е моето вчера
И каде е моето утре
И која сум јас
И кој си ти
Некој што го има моето вчера
Или некој што го чува моето утре
Јас - личност без сенка
Без надежи
Со спомени
Ти ми ги сруши надежите
Ти ми ги остави спомените
Ти направи
Да сум заробена во вчера
Наместо да живеам денес
И да сонувам за утре
Те мразам
А сепак
Те чувам во моите сни
Пред моите очи
Се уште постои твојот лик
И пак те мразам
А треперам кога ќе се сетам
На тој глас
На тие зборови
Празни и лажливи
Кои оставија трага
Врз моето наивно срце
Те мразам
Оди си
Остави ме
И те преколнувам
Врати ми го моето утре.
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
После ова не и давам едно 2 недели, да се свести.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Ти само продолжи. Како никогаш ништо да не било. Како да не ме познаваш. Како никогаш да не си ме ни познавал. Како никогаш да не сум била онаа со која си заспивал, онаа за која си се будел. Како никогаш да не си ме држел во прегратка. Како никогаш да не си пуштил солза за мене. Продолжи... Продолжи како веќе да не постојам за тебе, како да сум само странец. Впрочем, зарем не сме само тоа? Двајца странци кои судбината случајно за кратко ги поставила на иста патека. На вистинско место, во погрешно време... Или обратно? Или пак можеби не беше ниту времето, ниту местото. Можеби бевме погрешни ние. Јас и ти. Двајца давеници кои очајно бараа рака за спас. И ја најдоа еден во друг. Успеаа меѓусебно да се спасат, за на крај еден со друг да се турнат во уште подлабоки води. Еден на друг си бевме утеха. Еден на друг си бевме лек. Еден на друг си бевме болка. Еден на друг си бевме отров. Еден за друг живеевме, а еден со друг се убивавме.
Ти само продолжи. Можеби еден ден пак ќе бидам твоја. Можеби еден ден пак ќе бидеш мој. Во соништата. Во спомените. Моите или твоите. Можеби еден ден ќе се свртиме наназад и ќе сфатиме што имавме. А не знаевме да го сочуваме. Ти груб, јас безмилосна. Ти несовесен, јас тврдоглава. Ти нежен, јас уморна. Целосно се имавме, но никогаш не знаевме да се цениме. Можеби и научивме. Но предоцна.
Ти само продолжи. Чекори кон иднината без да гледаш назад. Најди ја среќата. Најди ја љубовта. Најди го сето она што сите овие години го бараше на погрешно место... во погрешно време...или не? А зар е важно? Времето никогаш не може да се врати. Некои рани засекогаш оставаат лузни. Некои луѓе доаѓаат во твојот живот само за нешто да те научат. А потоа едноставно заминуваат. Колку и да се трудиш, не можеш да ги задржиш. Единствено што можеш да направиш е да ги пуштиш да одат. Како што јас те пуштив тебе. И не, немој да се вртиш назад. Не сакам да те дочекаат моите раширени раце. Не сакам да видиш дека и после се, јас се уште сум тука. Затоа немој, не врти се. Ти само продолжи. И остави ме да плачам сама на дождот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom