Си мислев дека нема толку брзо повторно да запишам нешто на темава, но сум се лажел. Некогаш некој рекол дека еден е моментот на совршенство. Јас мислев дека совршеното трае повеќе и никогаш не се слагав со оваа претходно спомената реченица. Сега знам дека не е така поради чисто објективни причини...сакам да ти кажам дека никогаш нема да го заборавам 21 ноември. Некако беше пребрзо и прекратко но беше убаво што сепак се случи и сум благодарен на тоа.
Сакам да ти кажам многу работи за кои мислам дека не си во право. Со ниедна личност што ја познаваш, колку и да е релативна врската, со ниедна личност не треба да се однесуваш како со нокшир. Секој си има свои чувства кои гледа да не си ги повреди. До вчера беше поинаку, сега се смена на многу полошо (барем од моја гледна точка, за тебе незнам). Има некои работи за кои некому се важни, а ако ти мислиш дека тоа што треба да го премолчиш е подобро, не е така.
Никогаш неможиш до крај да решиш нешто. На сите разговори и неразјаснети околности не сакаш да ставиш крај и да ги разјасниш. Жал ми е најпрво за мене, дозволив повторно да пишам на ваква тема и одма ќе си помислиш дека сум многу патетичен. Не е така драга. За жал фикцијата на животот е поинаква. Она што се нарекува грижа е она што е примарната цел во животот. Не е важно колку љубов примаш, не е тоа мерило за големината на човекот. Важно е колкав алтруист можеш да бидеш, но никој не се осмелува на таков потег.
Имаше момент кога ни сите идеали не ми беа поважни од твојата насмевка. Направив втора грешка со ред, од ништо не учам. Во многу ситуации се гледам себеси како проблемот, но овој проблем неможам сам да го решам. Или е решен веќе, или јас сум во заблуда. Вчера се' беше добро. Дури и некогаш ти кажав дека секогаш ќе сум тука за тебе. Големата љубов немора да носи големи жртвувања. Голема љубов кон нешто се нарекува она кон кое и малите жртвувања ќе ги почитуваш.
Сфатив една работа - ќе ме разбереш кога ќе сфатиш дека во секојдневните работи ќе го најдеш волшебното. Јас го пронајдов волшебното во тебе, изгледа беше илузија...она што многумина не' носи на работ на корнерот.
Ако одиш на едната страна си во аут, ако се навртиш на другата си во исто срање, пак ја губиш топката.