Во врска со љубовта...
Чекај бе!Зарем постои нешто такво меѓу нас?Не верувам дека постои,како тогаш кога постоеше.А уште помалку верувам дека ти воопшто ја чуствуваше изминатиов месец.Лесно ти беше да ме оставиш,лесно ти беше да кажеш неможам повеќе,не чуствувајќи потреба да ме прашаш како сум јас,што мислам јас во врска со тоа.Мислев дека врската се состои од двајца кои заедно ги донесуваат одлуките,но изгледа сепак не било така во овој случај.И уште кажуваш дека нема да ме заборавиш никогаш?Такви клишеа веќе не ми требаат.Особено не, кога ти си веќе во нова врска,со нова девојка покрај себе,задоволен среќен и насмеан.
Ќе бидам себична.Ќе заминам и јас од тебе,како што ти замина од мене.Сакам и мене да ми е добро,но за разлика јас гледам и на другите како би им било,пред да донесам некоја одлука.Да себична сум,сакам да бидам среќна.Нема да ја барам среќата покрај тебе, ја нема таму веќе.Ќе ја барам во прегратките на некој друг ,како што ти тоа го правиш, а во меѓувреме се криеш од мене и не изустуваш ни збор.Зашто е тоа така?Незнам, а не ми е ни гајле искрено повеќе.Имав чуства премногу силни за тебе,многу жртвував заради тебе, и се до последен миг се борев за нашата врска да опстои.Зашто?!За џабе.Ти веќе си имал на ум друга , а немаше храброст ни да ми го кажеш тоа па морав од други да дознаам.Кукавица!
Знам грешев ,не сум светица.Знам, ги комплицирав работите.Но неможеш секогаш вината да ја префрлаш на некој друг, неможеш да ја префрлаш кога ја нема кај другиот.Јас барем знам дека се борев повеќе од потребно,особено пред да настане тој ебан крај!
Го мразам проклетото место каде што се збогувавме секогаш,ги мразам местата каде што сме биле и каде што сме ја делеле нашата љубов!Но знаеш што?!Доволно силна сум да поминувам повторно и повторно низ нив.Затоа што со секое поминување се потсетувам на тоа што ми го направи и со секое поминување ти преминуваш во заборав.Тоа сепак го сакаше нели.Ќе го добиеш,ветувам.Јас барем ги исполнувам ветувањата кои ги давам.Сега и мене ми е сеедно, како некогаш на тебе,сега јас сум рамндушната и сега кај мене ништо нема да придонесе за менување на одлуката.
Залужувам нов почеток,заслужувам прегратка од туѓи раце,заслужувам да бидам среќна.Но јас нема толку брзо да преминам како тебе во нови води.Сепак јас и ти сме многу различни.Тоа и не одвои на крај.
Ако патеките на животот повторно ни се спојат,од почит што некогаш си ми бил најубава љубов, од почит кон сите тие нешта што некогаш ги имавме,ќе ти кажам здраво и ќе те прашам како си.Повеќе не.
Време е да се посветам малку на себе,а не секоја вечер да плачам заради тебе и да се осеќам виновна, кога всушност не сум!
Среќно со новата врска, среќно со новата девојка.Но, таа никогаш нема да биде она што сум јас,никогаш нема да ти пружи она што јас ти пружив.Не очекувам да ме побараш во иднина, но и да ме побараш јас нема да бидам тука како што бев порано.Бар не на начинот на кој очекуваш.Расчистив со мисливе, расчистив со срцево, согласни сме.
Ставам и јас конечно точка.