Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
ova tvoeto se cisti treskanja gluposti , tuku ne sum siguren dali toa creme bea ,,izbrkani ,, poveke makedonci po svetot ,ili ovie godini poveke go fatija patot za nakaj strastvo, ako ne ti e poznato , ovie godini se isprazni vinica ,a se prazni i cela istocna makedonija
--- надополнето: 29 август 2012 во 08:21 ---

problemot mislam deka bese , vo i togas vestacki sozdavanite krizi od strana na mutinacionalnite nafteni kompanii so cel da skoka cenata na naftana, nesto kako ova sega so irak, libija , , ,, sve je isto ,samo njega nema,,,
Дечко жити се не соли памет за нешто што не го знаеш.. попаметен ќе испаднеш така : ) Има емисии погледниси прашај ако имаш некој дедо,прадедо останато што живеел на село ќе ти каже што се случувало..

Капитализмот е многу,многу подобар систем за разлика од Социјализмот.Затоа се покажа многу како неефикасен,затоа и пропадна.. Да беше добар мислиш дека ќе пропаднеше?
Неможе однапред да се знае кој колку ќе јаде,колку ќе троши,што ќе носи.Тоа им беше нивната цел и се покажа неуспешна.

А тоа што си играа со народот си го правеа повеќе за свои цели.Знаеш ли дека над 80.000 македонци биле иселени во Србија? Знаеш зошто? Пошто се повеќе и повеќе им се земале посевите на селаните со цел да отидат да работат за државни институции.Со тоа се намалило производството на храна имало недостиг на храна во државава пошто све идело за Србија..
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410

-- decko, jas ziveev vo toj sistem , taka da ne treba da prasuvam nikogo za nesto st go znam, a vo vojvodina se iseluvaa za da izbegaat od siromastija, sepak vojvodina e vojvodina , ne e podrzi konj i psaca, sepak tie luge odea na podobro , kako sto i sega odat tamu kade e podobro -- na nivite vo italija
--- надополнето: 30 август 2012 во 22:48 ---
http://www.youtube.com/watch?v=DT-evSSgFjE
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
ке ги замолам партиските полтрони да не тресат премногу информации од ракав и да смират малку со плукањето по минатото...

јас сум фатил дел од тој период и знам како се живеело... сум бил млад, сум бил зависен од родителите и ке гледам од следнава точка:

во тоа време точно 5 пати годишно сум идел на некаков одмор:
-1. летовање со родителите
-2. летовање со баба и дедо
-3. летовање преку школо
-4. зимовање преку школо
-5. зимовање со родителите
денес и јас сум родител... едвај крпам крај со крај на МОИТЕ ДЕЦА да им обезбедам првата ставка од погоре дадениот список...

во тоа време сум идел во “чаршија“ на шетање секоја вечер. сум имал пари да купам нешто за себе (пиење и јадење) и нешто да ја почастам лепша половина таа вечер, па да останат пари и за другиот ден за цигари и пивце, да се прогура до вечерта кога моите пак ке ми дадат пари...
денес на моите деца едвај можам да срачунам да им дадам по 10 денари за семки да си купат или еден ЗАЕДНИЧКИ ЧИПС од 20 денари па да го јадат по пола.... сладолед е луксуз...

во тоа време фрижидерот ни бил полн со храна, а замрзивачот полн со месо. сум бирал кое и колкаво месо да го земам за да терам скара со друштво во недела преку ден...
денес јас немам замрзивач, а во фрижидерот има повеке шишиња со вода (да биде ладна) отколку што имам храна во него...

во тоа време имав неколку точаци. почнав со оној од 3 тркала, преку 2-3 скршени понија и на крај кога станаа шик “спортски десто брзинци“ посакав и добив одма... го заебав и ми купија друг...
денес моите деца имаат вкупно 2 точака одкако се родени... и тие дремат у подрум пошто неможам да ги оправам...

во тоа време старите мои направиле 2 куќи. една во скопје една во родниот град.
денес јас неможам ни штала да направам а не куќа па и да ја опремам... научна фантастика е тоа...

во тоа време моите родители работеа исто како што и денес јас со мојата сопруга работам.

и нека не се појавува сега никој што ке ми соли памет и ке ме убедува дека денес убаво се живее само јас не сум свесен за тоа... или дека во тоа време моите праеле глупости па затоа имало... обично овие 2 фрази се секојдневна фраза на личностите кои имат цел за партиите кои пак имаат за цел да створат критична маса на гласачи... апсолутно не ми битно од која партија се се додека ме гледаат како поле за обработка...

и уште една работа... со оглед на тоа дека сум имал шанса како повозрасен да прошетам низ светов, успеав да видам како се живее во други држави... ви тврдам дека во тоа време начинот на живот бил многу сличен со денешниов начин на живот во посовремените и успешни земји низ белиов свет...

некој горе копираше пост каде што ја гледал мајка си како во количка трпале огромни залихи на намирници, зашто може и да ги немало, па да ги има за подолго време... ај бе куре да те видам иди денес натрпај една количка од веро или рамстор? имаш пари за тоа? па свестете се дека парите го вртат светот.. ако немаш пари џабе ти е се... моеш само по рафтови во продавници да зјапаш и да се сладиш само со очи... а во тоа време имали пари да се купи.. да немло доток на продукти ама кога стигале имали кеш да се купи... а сега се имаш на дланка ама немаш кеш да го купиш? што е подобро според вас?
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Држава како СФРЈ нема да се повтори, тие што имале шанса нешто да видат, виделе.
Вие што сте немале прилика да живеете барем малку, не ни делете памет од сознанија од некакви денешни сведоштва на „обезправени“. Денеска живеете во држава со нереални 2 милиони луѓе, без признато име, без никаква презентирање во светот, без никаков глас во ниедна заедница, водена од олигарси и лопови и чувана од мизерна армија и полиција (која користи само за репресии).
Не ја споредувајте со државата што имаше 22 милиони, култура, спорт, армија, признаен пасош на секоја точка на планетава, животен стандард за сериозно големо мнозинство од народот.
Тоа што луѓето не знаеа да го ценат е друго прашање, исто како и тоа што некои луѓе не знаеа да се постават како што треба. Тоа што никогаш Скопје, не знаеше никогаш да се постави по-машки во однос на Белград, сме си криви самите....ако тогаш не ни било јасно, еве денеска си гледаме какви копита од политичари бираме - нема кој да ги води, па и самите не знаат кај тераат....а не тераат во пропаст цели 20 години....
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.973
Не еднаш сум кажал. Се додека не умре и последниот ју-носталгичар, последните титови пионери, се додека има тешки простаци кои не знаат како функционира една економија во основата и не знаат дека цехот на крај секогаш се плаќа, се додека браварот е поим за прогрес и додека постојат имбецили од типот на оној бркото од Титови леви сили и додека паразитизмот, култови кон личноста, слепи идеологии, и хиерархија по партиска книшка на неспосбни ретардирани синови на уште поретардирани големци наметнати од тој систем сеуште орбитираат се дотогаш ќе постојат вакви теми и вакви патетични дебати. Само паразити, бескичмењаци, синови на поранешна КПЈ и останат бљувеж уште кукаат по СФРЈ.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
@gornite dvajca: +1
Bravo drugari!

Zemale neuki I naivni kopiljaci da mrchat za opshtestvo koe ne go zhiveele....
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Не еднаш сум кажал. Се додека не умре и последниот ју-носталгичар, последните титови пионери, се додека има тешки простаци кои не знаат како функционира една економија во основата и не знаат дека цехот на крај секогаш се плаќа, се додека браварот е поим за прогрес и додека постојат имбецили од типот на оној бркото од Титови леви сили и додека паразитизмот, култови кон личноста, слепи идеологии, и хиерархија по партиска книшка на неспосбни ретардирани синови на уште поретардирани големци наметнати од тој систем сеуште орбитираат се дотогаш ќе постојат вакви теми и вакви патетични дебати. Само паразити, бескичмењаци, синови на поранешна КПЈ и останат бљувеж уште кукаат по СФРЈ.
Ако имаш повеќе од 40 години, може и да ти го разберам гневот....све друго ти го прави постов (без навреда као ти што пишуваш) наивен и супер-ирелевантен...
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.973
Ако имаш повеќе од 40 години, може и да ти го разберам гневот....све друго ти го прави постов (без навреда као ти што пишуваш) наивен и супер-ирелевантен...
Ако имаш диплома по економија, ако си висок од метро и седумдесет до метро и осумдесет и ако носиш патики број 44 разбирам што сакаш да кажеш. Во спортивно не е лошо на некоја статија од египтолог да искоментираш дека се додека не пиел макијато со Рамзес други пред две илјади и триста години тој нема право да коментира за стар Египет и како се живеело тогаш. Така гледано во овој случај ова цитирање твое нема апсолутно никаква поента.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Не еднаш сум кажал. Се додека не умре и последниот ју-носталгичар, последните титови пионери, се додека има тешки простаци кои не знаат како функционира една економија во основата и не знаат дека цехот на крај секогаш се плаќа, се додека браварот е поим за прогрес и додека постојат имбецили од типот на оној бркото од Титови леви сили и додека паразитизмот, култови кон личноста, слепи идеологии, и хиерархија по партиска книшка на неспосбни ретардирани синови на уште поретардирани големци наметнати од тој систем сеуште орбитираат се дотогаш ќе постојат вакви теми и вакви патетични дебати. Само паразити, бескичмењаци, синови на поранешна КПЈ и останат бљувеж уште кукаат по СФРЈ.
Партиско мафијашка спрега, така ни функционира економијата. Значи тоа е реалноста, не е она што треба да биде и што си учел по Економија, ако си учел нешто.
И темата е кога подобро се живеело, не социјализам вс капитализам. Ретко некој заговара враќање на стариот систем, проблем е што сегашниов не функционира. Не само на форумов, имаше и анкета на Дневник, 80% изјавиле дека сега се живее полошо.

За цехот, сега се задолжуваме го дуплиравме долгот за 4 години, ќе го плаќаат идните генерации, она што ние сега го плаќаме е расипничко владеење на сегашните владеачките елити (и едни и други).
 
Обожавам кога некој за валиден контрааргумент го смета-Ама види сега како е-па одозгора и дали сум учел. Ти си учел ли нешто вака улетан штом настапуваш? Разбираш на кој принцип функционирала СФРЈ, во суштина? Имаш основен поим од економија? Проблемот што сегашниот не функционира е еден. Сосем друг е бркање стари вампири и СФРЈ. Чим некој не заговара враќање на стариот систем освен можеби ашљаци како оној од леви дебили, чуму е поентата? Носталгични филмови, каприците и долче витата на некои генерации чии последици ги трпеа младите во транзицијата? Ајде продлабочи се малце, размисли...
 
L

Luki Junior

Гостин
У тава време дедо и тате биле земјоделци.. У оваа време јас сам земјоделец.. .Пазарна економија до гроб... Нема разлика од економска гледна точка барем за човеците шо произведуват нешто... Сега е една идеја помал пазаро за стоки.... А за живото не знам как е било тогај, ама как шо слушам од дома, не са цветале рози ни тогај....
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Држава како СФРЈ нема да се повтори, тие што имале шанса нешто да видат, виделе.
Вие што сте немале прилика да живеете барем малку, не ни делете памет од сознанија од некакви денешни сведоштва на „обезправени“. Денеска живеете во држава со нереални 2 милиони луѓе, без признато име, без никаква презентирање во светот, без никаков глас во ниедна заедница, водена од олигарси и лопови и чувана од мизерна армија и полиција (која користи само за репресии).
Не ја споредувајте со државата што имаше 22 милиони, култура, спорт, армија, признаен пасош на секоја точка на планетава, животен стандард за сериозно големо мнозинство од народот.
Тоа што луѓето не знаеа да го ценат е друго прашање, исто како и тоа што некои луѓе не знаеа да се постават како што треба. Тоа што никогаш Скопје, не знаеше никогаш да се постави по-машки во однос на Белград, сме си криви самите....ако тогаш не ни било јасно, еве денеска си гледаме какви копита од политичари бираме - нема кој да ги води, па и самите не знаат кај тераат....а не тераат во пропаст цели 20 години....
Среќа или несреќа,незнам што ќе биде..што нема да ја видам СФРЈ..ах :icon_lol:
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Се бројат ли на левава рака? Како да не живееме у иста земја и немаме бизниси у истава земја, така ве доживувам.
Татко ми почна бизнис во 1991 мајка ми во 1994 и Ок им оди не се нешто големи бизнисите ама многу е подобро од пред 1991. Да не беа тие сега многу полошо ќе живеевме. На почеток е тешко ама ако си упорен малку среќен паметен имаш доволно храброст може да успееш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.251
Проблемот што сегашниот не функционира е еден. ..
Ова е можда најбитна причина зашто оние ниваму нитаму генерации се навраќаат со носталгија. Не оти претходниот немал маани. Едно време кога се распродаваше имотот, кога се започна (и не прекина) со отворен финансиски и меѓунационален хаос, се збореше дека оваа состојба можда и не е случајна. ...Ако си видел некое по-добро од суштинско значење за својата и иднината на семејството, нормално е така да размислуваш па лека полека се зголеми бројот на ју-носталгичари.
Кано наброја суштински разлики и предности. Неколку одмори, празници, плата, станбено прашање, би додал и безбедност. Со истите проблеми како родител на веќе возрасни деца се сретнувам секојдневно.
Кога би ги ставил овие предности и недостатоци на кантар со две би потпишал за чекање ред наутро во 6 часот за млеко, за туркање за 2 литри зејтин или кафе под каса, но затоа би ги обезбедил децата со живеалиште достојно за луѓе наместо групен живот во една доградба од барака заедно со чичко, баба, дедо со перспективна невозможност да заработат чесно за свој имот..., би ги однел барем на еден одмор во годината, најверојатно децата веднаш по завршување на студии би се вработиле...Сума сумарум, би ги прифатил сите оние стари проблеми, малтретирања во името на некоја иднина за нив.
Човек ред да чека ќе се навикне, да нема кај да живее и работи, тоа не може, тоа е од основно значење.
Е сега, има и друга категорија...оние кои сега подобро живеат од претходно. Сепак тие се поретки.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Не еднаш сум кажал. Се додека не умре и последниот ју-носталгичар, последните титови пионери, се додека има тешки простаци кои не знаат како функционира една економија во основата и не знаат дека цехот на крај секогаш се плаќа, се додека браварот е поим за прогрес и додека постојат имбецили од типот на оној бркото од Титови леви сили и додека паразитизмот, култови кон личноста, слепи идеологии, и хиерархија по партиска книшка на неспосбни ретардирани синови на уште поретардирани големци наметнати од тој систем сеуште орбитираат се дотогаш ќе постојат вакви теми и вакви патетични дебати. Само паразити, бескичмењаци, синови на поранешна КПЈ и останат бљувеж уште кукаат по СФРЈ.
Како шо приметувам не си разбрал ништо од постот на кано или, не си го прочотал....
се приметува дека си премногу млад за да дискутираш за екс ЈУ, и како се живееело тогаш.....
и што ке се случи кога ке исчезне и последниот мохиканец, бивш ТИТОВ пионер......
Браварот ни остави ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА у аманет, тоа немој никако да го зборавиш!!!!!
полтрони и безкичмењаци,неписмени обесправени борци за лудска правица ти ја водат денес македонија...а тоа како функционира една екониомија и кој ке го плати цехот, е за тоа кога ке дојде крајот, а крајот не е далеку тој е на повидок, дотогаш да сме живи и здрави ке биде веома интересантно..........
 
Kajgana Shop

На врв Bottom