Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Мит - Во СФРЈ се живееше поубаво!

авторот заборавил да потенцира дека оваа статистика се однесува само на ФИНАНСИСКИ аспект. Привилегиите како безвизен режим, право на миграција и сл воопшто не се спомнати.)


Се обидовме, колку што е тоа можно, да направиме споредба меѓу 1980 и 2010 година базирана на бројки што се достапни. Времето пред точно 30 години го одбравме затоа што тоа беше година на смртта на Јосип Броз, година кога кризата веќе ја нагризуваше Југославија, но таа сé уште се држеше благодарение на странските кредити

Одвреме-навреме дежурните чувари на носталгијата кон СФРЈ и времето на Јосип Броз-Тито кај дел од постарата генерација жители на РМ педантно нé потсетуваат дека во тие години се живеело поубаво и побогато од денес, а обично како клучен аргумент за тоа се посочува дека секое лето сме оделе на одмор во братската ни Грција. Да, тука е и неизбежниот наводен факт дека во тоа време за сите имало работа и дека немало сиромаштија како сега. Колку е тоа вистина и дали таквиот впечаток за златното време на Македонија во СФРЈ (што не мора, но може да има и свое политичко влијание во денешницата) е реалност базирана на податоци или обичен мит? Пред неколку месеци, еден веќе остарен бегалец од Егејска Македонија, раскажуваше како своевремено сонувал за да избега од својата куќа во која се спиело на рогозина распослана врз земјениот под, а сега, како старец, би сакал да се врати назад, макар тоа било во истата куќа, која одамна не постои. Дали во случајот со носталгијата кон СФРЈ се работи за сличен феномен базиран на човековата потреба од своето минато повеќе да ги зачувува и глорифицира само убавите нешта, а да ги потиснува лошите, иако можеби тие се во поголем број?

значи, како што кажав погоре, се обидовме, колку што е тоа можно, да направиме споредба меѓу 1980 и 2010 година базирана на бројки што се достапни. Времето пред точно 30 години го одбравме затоа што тоа беше година на смртта на Јосип Броз, година кога кризата веќе ја нагризуваше Југославија, но таа сé уште се држеше благодарение на странските кредити (кои полека секнуваа) и на позицијата на земја отпишана од Исток, а незапишана на Запад, обидувајќи се продолжено да цица од двете страни.

Значи 1980-та е година кога привршуваат последните сили на растежот на Југославија, а сé посилно почнува кризата, па може да се смета како година која дава реална слика за стандардот на граѓаните во бившата ни држава.

„Југо“ уште не постои

Просечната плата во СФРЈ во 1980 година изнесувала 6.109 динари, што при официјална вредност на германската марка од 15,12 динари дава плата од околу 400 тогашни германски марки. Просечните расходи на четиричлено семејство изнесувале 8.284 динари. Би било неразумно тие 400 германски марки едноставно да ги трансформираме во денешните 200 евра, па ќе се обидеме да видиме што можело да се купи со тие пари, во споредба со денешната просечна плата во Македонија од околу 340 евра. Кога сме кај примањата, минималната пензија во тоа време изнесувала 1.700 динари, на која следувале разни додатоци, за да достигне 3.300 динари, или околу 220 тогашни германски марки. Под просечната плата примале дури 80 отсто од вработените, а најниско биле платени текстилците со просек од околу 4.000 динари.
Најпродаван автомобил во таа година бил „застава 101“, а цената на моделот „комфор“ во ноември 1980-та изнесувала 155.735 динари. Поинаку кажано, биле доволни околу 26 просечни плати за да се купи еден таков автомобил. Денес, со 26 просечни македонски плати може да се купи автомобил во вредност од околу 8.840 евра, што би одговарало на ново „пунто“. „Лада 160“ чинела 189.215 динари или за неа биле потребни 31,5 просечна плата, односно околу 12.000 тогашни германски марки, додека денеска за 31 просечна плата може да се купи автомобил од околу 10.540 евра (на пример, „рено клио сторија“ за 10.100 евра). Ако инсистирате на „лада“, тогаш добро би ви дошла „лада седан“, при што би ви останале меѓу 2.800 и 2000 евра во зависност од моделот што сте го одбрале. Патем, за тие на кои им недостига популарното „југо“, во 1980 година постои само најава за негово производство како прв самостоен југословенски автомобил, кој требало да почне да се произведува во декември 1980 година.

Меѓутоа, автомобилите не се единствена вредност што може да се споредува. Многу побитно е што, на пример, во таа година, според Заводот за статистика, работа барале 117.000 лица од 1,9 милион жители на СРМ. Но стапката на невработеност и тогаш била доста висока, некаде околу 23 отсто, што покажува дека и во „златното време“ кога дури и СКМ носеше одлуки дека секое претпријатие (односно ООЗТ) мора да покаже солидарност и да вработи луѓе од кои инаку нема преголема потреба (на пример, жени задолжени за варење кафе и сл.), Македонија имала проблеми од овој вид. Притоа, како што рековме, во 1980 година Југославија само се загреваше за кризата која допрва се засилуваше, за 12 години подоцна, 1992 година, во тогаш веќе самостојната Република Македонија да бидат евидентирани 190.000 невработени. Разликата од 73.000 нови невработени главно беше создадена во претпоследната деценија од минатиот век, но не толку со отпуштања, колку со неспособност на веќе атрофираниот систем да ги апсорбира младите кои стасуваа во Заводот за вработување. Денеска Македонија има околу 320.000 невработени со стапка од 32 отсто, а оваа разлика во однос на 1992 година е создадена во периодот до 1998 година, кога бројката достигна 330.000 лица и во периодот 2003/04 година кога невработеноста стигна до фантастичните 390.000 лица. Интересно е што во 1980-та работеле 419.621 лице, наспроти денешните 621.000 вработени.

Евтино, ама нема да се купи

Цената на месото во 1980 година изнесувала 138 динари за килограм јунешко без коска или околу 9 германски марки, а 126 динари за килограм свинско. Поради реакциите од населението за скапотијата, СИС на Југославија, односно тогашната федерална влада кон крајот на годината донела одлука за намалување на цените па, на пример, јунешкото е спуштено на 120 динари за килограм, а пилешкото на 56 динари. Меѓутоа, по само неколку дена месарниците останале без месо, бидејќи кланиците едноставно не сакале да доставуваат по намалени цени. Така што граѓаните можеле да уживаат во поевтиното месо, се разбира, доколку најдат да го купат, појава која често беше присутна во СФРЈ. Поради ова, македонската влада, односно Извршниот совет на Собранието на СРМ, донел одлука со која определил компензација за свинското месо од 10 динари и 5 динари за пилешкото, но тоа одвај ја поправило работата. Месото едноставно исчезнало. Инаку, денешната цена на овие меса е околу 300 денари за килограм, па наспроти 50-те килограми месечно кои пред 30 години можеле да се купат за просечна плата (поточно кажано не можеле да се купат бидејќи месо снемало), денес би добиле некаде околу 70 килограми.

За разлика од другите делови на Југославија, Македонија во тоа време имала проблем и со празните рафтови за млеко, па пред Новата 1981 година е најавена „стабилизација во снабдувањето“ со овој производ. Инаку, тогаш млекото се разнесуваше околу 4-5 часот наутро, а пензионерите веќе околу 6 часот создаваа ред пред продавниците. Постоеше период во кој можеа да се купат најмногу два литра млеко, а подобро поминуваа тие што имаа познати меѓу продавачите, кои пред отворање на продавницата им ставаа настрана уште по некој литар.
Дека кризата веќе ја нагризуваше СФРЈ сведочи и одлуката за воведување пар-непар во возењето автомобили. Тоа значеше дека заради потребата од штедење девизи, секој вторник во неделата не можеа да се возат автомобилите чија регистерска табличка завршува со парен број, а секој четврток забраната важеше за непарните броеви. При носењето на одлуката, тогашната влада, односно СИС не направил исклучок, па по реакција на автошколите во ноември 1980 година е донесена одлука според која пар-непар забраната не важи за нив, бидејќи автомобилите им биле „основно средство за работа“, нешто како машините за фабриките.

Дрва за греење - другата година

Во почетокот на декември 1980 година во Македонија завладува студ, па во Скопје се измерени минус 11 Целзиусови степени, а дури тогаш било констатирано дека „јаглен и дрва за греење нема ни за лек“. „Макпетрол“ најавил нормализација за јануари 1981 година, но само во снабдувањето со јаглен. Дека ништо подобро не било ни во другите републики, покажува 8 декември 1980 година кога поради преоптовареност колабира системот за електрично снабдување на целата земја, освен во Црна Гора и во БиХ. Тоа подразбира дека околу 17 милиони луѓе останале цел ден без струја.

Истата зима „Планика“ во Скопје почнува да ги рекламира своите детски, женски и машки чизми обложени одвнатре со нешто што личи на волна, а чија цена изнесувала меѓу 699 и 950 динари, односно меѓу 46 и 60 германски марки. Колку чинеа навистина квалитетните зимски планински чизми што се продаваа во „Словенија спорт“, за жал, не успеавме да пронајдеме.

Тие денови за приклучок за телефон се плаќаше по 1.000 марки, а значајна вест во весниците е дека за една недела во Скопје биле поставени дури 10 телефонски говорници!

Инаку, таа година, платата на Јосип Броз пред неговата смрт изнесувала над милион динари, или како што неодамна пресметаа некои српски медиуми, точно 297.619 германски марки. Платата била одредена од страна на Кадровската комисија на Претседателството на СФРЈ. Иако вредноста на динарот беше преценета и на црниот пазар беа потребни многу повеќе од 1.512 динари за 100 германски марки (речиси е невозможно да се пронајде податок за реалниот курс во тоа време), сепак, платата на саканиот маршал била неверојатно висока.

Ова би биле некои рамки до кои дојдовме и врз основа на кои може да се добие каква-таква слика за времето пред 30 години. Податоците не се соепфатни (на пример, недостигаат тие за медицинската опрема и техниките за лекување на лекарите, но тука му дадовме попуст на старото време бидејќи таа споредба би била поразителна за СФРЈ), но и тие што ги имаме, сепак, даваат можност за да се процени како се живеело тогаш, а како денес.

По една година живот плус во секоја деценија

По смртта на Тито, со Претседателството на СФРЈ неколку недели претседава Лазар Колишевски, а потоа едногодишниот ротирачки мандат го презема Цвијетин Мијатовиќ. Претседател на СИС е Црногорецот Веселин Ѓурановиќ, кој се обидувал што помирно да го истурка мандатот, оставајќи неопходните мерки за справување со кризата да ги донесе наредната влада. Него во 1982 година го наследува неодамна починатата Милка Планинц, во чие време, на рестрикциите за бензин се надоврзаа и рестрикциите за струја, кога во период од по неколку часа дневно беше исклучувано напојувањето. Од тоа време датира и кризата во снабдувањето со масло за јадење, како и недостигот на традиционалното кафе, по што профитираа шверцерите на напивката и производителите на рачни мелници за кафе, бидејќи шверцуваното од Грција или од Италија не беше мелено, туку се продаваше во зрна.

Претседател на Претседателството на СРМ во 1980 година е Љупчо Арсов, кој за 29 ноември порачува дека сме горди што живееме во Титова Југославија. Претседател на ЦК на СКМ е Ангел Чемерски. Лазар Мојсов ја има централната положба во ЦК на СКЈ.

Буџетот на Федерацијата за 1981 година во првичното гласање е одбиен поради противењето на Словенија, а Македонија немала став за тоа прашање во тој момент. При повтореното гласање, предлог-буџетот е изгласан во висина од 169 милијарди динари или 11 милијарди германски марки.

Животниот век во Македонија во таа 1980 година изнесувал просечни 70 години, додека денеска е нешто над 73 години, што приближно значи дека секоја деценија животниот век ни се продолжувал за по една година. Според овој параметар, денес ужасно лошо стоиме во однос на сите западноевропски држави, но сме подобри од речиси сите источноевропски земји, па дури и од земји како Унгарија, Полска и Словачка.

а сепак анкетите друго зборат:

 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Дали?Постојано биле под пропаганда дека живелее најдобро во светот и нормално.Не дека живееле многу подобро од сега но сепак живелее подобро.Имале сигурни работни места,ефтина и претежно домашна роба,развиена економија,најдобро ситуирани во регионот.Меѓутоа тогаш немало ни многу понуди на пазарот.Се знаеле какви автомобили се возат застава,југо,голф,рено и некое мерцедефче,се знаело какви куќи се граделе,имало само телевизори,касетофон,фиксен телефон и по некој фото апарат.А сега имаш избор на половина милион автомобили,градење на шупи и палати,милион видови на телевизори,компјутери,мобилни телефони и разни технички направи.Денес нема еднаквост помеѓу населението и поради тоа се јавува незадоволство,љубомора,завист,омраза.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Лежи лебу да те јадам... едино нешто што жалам од тоа време е : eвтини и достапни за секого кредити ( и кој треба и кој не треба)
Албанците не смееле да писнат..

ИнАче добар текст

edit : мое мислење дека тие 74 % што жалат по тоа време, се луѓе кои израснале во тој систем и некако уште како да живеат таму..другите се млади генерации..
Проблемот зошто толкав процент плачат за СФРЈ е невработеноста..да не постоеше у толкава мера како денес, ја сум сигурен дека брјот на ју-носталгичари ќе беше минимален, луѓе од рангот на Угриновски,левата рака на Тито
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
не ги заборавајте и К-15 примањата т.е. 13- и 14-та плата.... не заборавјте и дека се работело само првата сабота во месецот... неделите и другите саботи биле исклучиво не работни... за компарација на пример во грција и ден денес е така, сем во туристичките места...

понатака, во пензија се идело со 60 години, ама фирмите (оозт-ињата во тоа време) ги пуштале вработените во пензија и со 55 години, а им го плаќале стажот однапред... можело така и така се правело... да не правиме муабет за ниското ниво на криминал... она што се дешава кај нас за еден ден, во тоа време за цела југославија се дешавало за цела година...

ма кој што сака нека каже, ама јас фатив дел од тоа време и знам по мене.... сум идел по 3-4 пати во летото на организирани летовања во кампови и бунгалови за деца, и тоа на море... без визи, без пасоши без курци палци... се можело и имало пари за тоа... ај денес да те видам четири пати по 10-15 дена иди од 1-ви јули до 1-ви септември на море? немогуча мисија е тоа...

има уште да компарирам работи што во текстот не ги ставиле т.е. намерно ги скокнале бидејки јасно е ко ден дека е ова нарачан текст од власта... примери што се јаки за компарација со денешницава, само ај нек се развие малку диксусија и ке дојдеме и до нив... сигурен сум дека и други ке се јават и ке компарираат денес и тогаш како било со аргументи и факти...
 
T

Tetro

Гостин
ма кој што сака нека каже, ама јас фатив дел од тоа време и знам по мене.... сум идел по 3-4 пати во летото на организирани летовања во кампови и бунгалови за деца, и тоа на море... без визи, без пасоши без курци палци... се можело и имало пари за тоа... ај денес да те видам четири пати по 10-15 дена иди од 1-ви јули до 1-ви септември на море? немогуча мисија е тоа...
Да си ми жив и здрав за ова. Ме потсети на еден познаник, постар чоек, Штипјанец. Студирал во Белград и праеле бизнис на времето со кошули. Ќе ги земат од конфекција во Штип 10-тина броја нови кошули, квалитет прва класа. Ги носеле во Словенија на продажба, и со разликата од тие пари изнајмувале вила на брегот у Хрватска, на две недели, секој ден журки, јадење, пиење.... А денес, ќе идеме у Охрид за еден ден и цела плата од 200 евра отиде, за само 10 саати. :/
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Samo GLUP covek ke kaze deka bilo poubavo !
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Е тоа е проблемот,наместо да ја направиме Македонија поубаво место за живеење ние секогаш ќе се замараме кога се живеело подобро...дали во сфрј или сега ,дали со лубчо или бранко или грујо итнт.

--- надополнето ---

а точниот одговор никогаш нема да го дознаеме,затоа што се е релативно.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ја бе ја.. Анте Маркович продаваше девизни резерви за да увези банани купени по 60 да ги продава 30.... Сите го сакаа..Очигледно никој нема против пустење на државното богатство.. Никој не се сети да го обвни него за структурните проблеми што ги имавме по осамостојувањето...
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Samo GLUP covek ke kaze deka bilo poubavo !

добро де не сум ја глуп како што мислиш ти ја мислам само дека безбедноста била многу подобра во СФРЈ ако го прочита мојот пост во главно за тоа и пишува, не си прај бајрам на умот и ти сеа !
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Абе имало пари, жими газов. Ако живеете во денешно време како тогаш-секако дека ќе имате пари. Исклучете интернет, продајте мобилниот и домашниот телефон, продадете го телевизорот (а не уште кабловска), грејте се на дрва место на греалици, парна итн, јадете боранија, компир манџа, грав и слично наместо сендвичи, салами, виршли,пијте вода наместо кока кола, домашна ракија наместо коњак,узо итн... одете пеш - не со такси, грејте вода во шишиња на сонце..на овој начин и со плата од 100 евра ќе заштедите некој денар.
не ги заборавајте и К-15 примањата т.е. 13- и 14-та плата.... не заборавјте и дека се работело само првата сабота во месецот... неделите и другите саботи биле исклучиво не работни... за компарација на пример во грција и ден денес е така, сем во туристичките места...

понатака, во пензија се идело со 60 години, ама фирмите (оозт-ињата во тоа време) ги пуштале вработените во пензија и со 55 години, а им го плаќале стажот однапред...
Убав пример даде, Грција. Таков систем е неодржлив. Сето ова што го кажа (вклучувајќи ја и пензијата а и работното време од 5-6? часа) би допринело да се заглавуваме се повеќе и повеќе, затоа што немало јако производство (а во денешно време би биле исти као С. Кореа најверојатно). Единствена предност биле пасошите со кои си можел да одиш во која земја сакаш (освен 5 земји) во светот.
Таа држава да имала капиталистичко уредување, ние денес би биле многу поблиску до богатите земји (и најверојатно би спаѓале во нив, а исто така сеуште би биле Југославија,не би не растуриле да не бевме социјалисти (или комунисти ако преферирате)). 70 години постоење, а се што сме имале биле само долгови од кредити и 0 (нула) девизни резерви. Со капитализам и со тие фирми и пласман, денес би биле Германија...


 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Абе имало пари, жими газов. Ако живеете во денешно време како тогаш-секако дека ќе имате пари. Исклучете интернет, продајте мобилниот и домашниот телефон, продадете го телевизорот (а не уште кабловска), грејте се на дрва место на греалици, парна итн, јадете боранија, компир манџа, грав и слично наместо сендвичи, салами, виршли,пијте вода наместо кока кола, домашна ракија наместо коњак,узо итн... одете пеш - не со такси, грејте вода во шишиња на сонце..на овој начин и со плата од 100 евра ќе заштедите некој денар.

Убав пример даде, Грција. Таков систем е неодржлив. Сето ова што го кажа (вклучувајќи ја и пензијата а и работното време од 5-6? часа) би допринело да се заглавуваме се повеќе и повеќе, затоа што немало јако производство (а во денешно време би биле исти као С. Кореа најверојатно). Единствена предност биле пасошите со кои си можел да одиш во која земја сакаш (освен 5 земји) во светот.
Таа држава да имала капиталистичко уредување, ние денес би биле многу поблиску до богатите земји (и најверојатно би спаѓале во нив, а исто така сеуште би биле Југославија,не би не растуриле да не бевме социјалисти (или комунисти ако преферирате)). 70 години постоење, а се што сме имале биле само долгови од кредити и 0 (нула) девизни резерви. Со капитализам и со тие фирми и пласман, денес би биле Германија...


Тоа е тоа...а не 5 саатот сабајле мене гралкава у гз ми дува....не сум живеел во тоа време не е мое да судам..али тато вика и сеа има пари ама многу давачки има...е то
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Татко ми вика не, чичко ми вика не и другиот чичко вика не, барем за нив.

Инаку исто како сега како за кого.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Што не барале тогаш Хлеасите промена на името на РМ немале гз да барет југосавија биле 4 војна сила во Европа со своја авијација и свои окопни едници
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
не ги заборавајте и К-15 примањата т.е. 13- и 14-та плата.... не заборавјте и дека се работело само првата сабота во месецот... неделите и другите саботи биле исклучиво не работни... за компарација на пример во грција и ден денес е така, сем во туристичките места...

понатака, во пензија се идело со 60 години, ама фирмите (оозт-ињата во тоа време) ги пуштале вработените во пензија и со 55 години, а им го плаќале стажот однапред... можело така и така се правело... да не правиме муабет за ниското ниво на криминал... она што се дешава кај нас за еден ден, во тоа време за цела југославија се дешавало за цела година...

ма кој што сака нека каже, ама јас фатив дел од тоа време и знам по мене.... сум идел по 3-4 пати во летото на организирани летовања во кампови и бунгалови за деца, и тоа на море... без визи, без пасоши без курци палци... се можело и имало пари за тоа... ај денес да те видам четири пати по 10-15 дена иди од 1-ви јули до 1-ви септември на море? немогуча мисија е тоа...

има уште да компарирам работи што во текстот не ги ставиле т.е. намерно ги скокнале бидејки јасно е ко ден дека е ова нарачан текст од власта... примери што се јаки за компарација со денешницава, само ај нек се развие малку диксусија и ке дојдеме и до нив... сигурен сум дека и други ке се јават и ке компарираат денес и тогаш како било со аргументи и факти...
Ајде сега да се потсетиш и на бесплатните лекарства,бесплатното здравство. Работничките совети заем касите сиз за станување, отворените врати сегде низ цела СФРЈ,можноста да спиеш на улица без никаков страв итн итн.
Сега тоа време им смета само на оние кој во тоа време КРАДЕА . Е јебига во тоа време директори лежеа затвор ( сега им даваат плакати за најдобар бизнисмен) има група на луге што незнаат што е подобро од ова не виделе подобро и незнаат,а има и луге накој не им одговараше системот и сега јадат гомна против тоа време, ако сега е толку добро ај да ги видам сега опинчарите да дојдат во скопје фирмата да им даде стан државата да ги школува !? нема умре тоа време и таа СФРЈ ам во секој случај подобро беше тогаш отколку сега
 

Kajgana Shop

На врв Bottom