Млад си и се уште не го знаеш живото онака во оригинал. Појди денес на некој стечаец или технолошки од фабрика која му хранела фамилија и му направила куќа за 20 години работа во СФРЈ и објасни му дека тоа бил неприроден и вештачки систем а сега живее од социјала од 3000 денари и на стари години бара негде било каква работа да може дома да има струја и каква таква храна и дека е тоа оној вистински природен начин да функционира едно општество. Кажи му на родител на дете за чије здравје и спас ставил жиро сметки и моли за пари за лек или операција а во СФРЈ него го оперирле бесплатно па дури и во Белград или Загреб го праќале на државен трошок, дека сега системот функционира како што треба а не ко тогаш со нишање врата и земање плата.....
Ти гледаш површински, јас гледам подлабоко. Тебе не те интересира дали народот во СФРЈ бил згрижен социјално, стамбено здравствено, образовно, дали имал безбедност на улици дали имал вработувања, годишни одмори, синдикални помоши...... Што е една држава без народ? Оди в планина огради си неколку хектари земја прогласи држава и живеј најубо што можеш - али нек ти дадат уште 100 души да се грижиш за нивната благодет и да обезбедиш добри услови за живот па тогаш филозофирај. Кога во 80 десетите преминав во цивилен сектор се вработив во ЕМО - Охрид. ЕМО имаше отворен конкурс за вработување. Одиш бараш работа - добиваш работа. Таа година емо го направи рекордот во равботење со промет од околу 100 милиони долари. Во рамките на СФРЈ ЕМО беше успешна фирма. 1993 немавме веќе плата. Ни делеа бонови за некои прескапи продавници, немаше абер повеќе од работа за германија, ирак, либија, кувајт, индија... одеднаш систем кој хранеше 4000 семејства испадна дека не чинел!! еее германија земаше производи од ЕМО и тоа без ознака со празно место да се стави производител, кузнај што марки ставаа таму. и дојде време на “здрав природен капитализам“ и одеднаш останавме без плати фабрики цели гранки на индустрии замреа. Никој не ми бараше членска книшка за вработување, во цела СФРЈ од 20+ милони население, сојузот на комунистите имаше околу 2 милиони членови. Имаше и директори и шефови кои не биле членови на партија. Тој систем функционираше, реални пари се вртеа со генерации, реално се купуваше и градеше се трошеше и плаќаше. Имаше увоз имаше извоз, но парите беа изгледа паметно распределувани. Не завршуваа по пат во џепови на секоје чиновниче со книшка в џеп. Не мораше да плаќаш на секој чекор да завршишработа. Имаше некој морал, срам беше да крадеш, директор или шеф кој ја крадел фирмата беше јавно бележан и презиран и завршуваше во затвор. Не се ни осеќаа големи социјални разлики. Кога умре Тито ништо од сите тие вили, коли летниковци, никакви пари и богатства... не останаа за неговото семејство. Се беше и остана државно, го користеа после други претседатели и функционери. Децата негови кој завршил школо кој не кој се вработил кој не. На Тито не можеш да му најдеш дека вујко, брачет, кумот, внукот.... го пикнал овде или онде, не можеш ни да посочиш со прст на згради хотели дуќани и речеш “Е ова си го зеде за себе незаконски и му остаи на фамилијата“ Имаше моралност која одеше одозгора надолу. Денес да видам убав мобилен на улица ќе си го земам за себе, не оти сум лопов не оти ми треба туку оти е природно... оти така морално се очекува да го направиш. Оти ќе те зафркаваат после “глуп еден шо го враќаше бе јас да бев ќе си го земев“ Една сторија во СФРЈ се случи нешто незамисливо, атентат на турскиот амбасадор во Белград во 1983, либанци по потекло од ерменијаи, на семафор со пиштоли го убиле него и шоферот. Народ наоколу се вдаде во потера по атентаторите! Тоа беше незамисливо за цек свет, странски весници се чудеа како е тоа можно да луѓе ризикуваат свои животи за опште добро ?? студенти, таксисти, пензионери, милиционери. Во таа потера и пукотници загина еден студент, еден пензионер е потешко ранет и една жена полесно. Двата се фатени и осудени. Али сакам да ти поентирам степен на моралноста на едно општество. Во такви моменти не се глуми. Не е тоа манифестација па да верглаш ппароли оти мораш. Не е партиски митинг на кој одиш оти се надеваш дека ќе те вработат како нивен. Тоа е реалноста.
Мене никој а посебно ти, не може да ме убеди дека сега ова е поприроден почовечки похуман и подобар систем од колку тој во СФРЈ. Затоа што јас ги живеев двата системи работев во двата, го поминав и здравството и социјалното и школството во двата и сум жив сведок на две времиња и на едното се сеќавам со радост а на другото со грч во желудникот.
А твоето филозофирање од теориски книги “како тоа тогаш функционираше“ не може ни за секунд да ми смени сеќавања дека обичен работник беше најаден, стамбено обезбеден, децата школовани здравствено и социјално релаксиран..... Функционираше одлично.